Македонска кошаркарска репрезентација

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Кога победуваат ги величите, кога губат ги закопувате. Одете вие играјте ако мислите дека е толку лесно.

-Статусот е од фејсбук и се согласувам тотално.
Поразов за мене не значеше ништо пошто беше ради е*аните, проклети судии. Играта на нашите беше супер.
 

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
прво полувреме игравме супер. во второто поувреме покрај лошата игра на нашата репрезентација дојде до израз и лошата арбитража на судиите, али да не се вадиме секогаш со нив... ни треба константност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Еве фото од нашите кошаркари, се враќаат од Венецуела
drva2.jpg
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Еве фото од нашите кошаркари, се враќаат од Венецуела
drva2.jpg
Ех сеа претера аман :)
Да судеа правилно судиите ќе беше у добар резултатот. Во 5 минути за противничката репрезентација судеа 3 слободни, а за нас ни еден.
Мада да имаја подобра игра нашиве ќе задржеа резултат и ќе му затнеа муцка ама тоа е. Бидна.. А и не се чудете кај ќе остават МАКЕДОНИЈА НА ОЛИМПИЈАДА да оди?!!!!!!!1
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Е ме нервира кога се гледа дека некои две чисти немаат од кошарка, а си даваат за право да коментираат.
Не само овде, туку општо интернетов се наполни со експерти од сите страни.
Луѓе бре, сте фатиле вие баскет? Сте играле ли вие саат ипол кошарка? Да трчате постојано од еден до друг крај и на вас да се надева целата нација? Да се нервирате од фактот што ја сносувате сета тежина, па згора и’ лични од ракав да ви делат?
Сте играле. Во Прибилци. Смирете страсти ебаго.
И пред да го добијам очекуваниот коментар: А ти па демек знаеш, си играла ли?
Да, сум, инаку би била контрадикторна в крај. Знам колку е тешко, и знам колку боли ова шамарање од страна на некој што го дрвел со грицки и пиво дури јас сум се запотувала да му го усреќам газот, за после да ми изиграва квази-патриот.
Патриоти сме само при победа нели? Само тогаш сме горди Македонци. Их, ќе се скапеме од чукање у груда.

Де молим ви се, што би рекол Цаци, сувата лепота.
Да. Перо ја посра ептен со само еден поен и 4 лични од кои 3 беа уште во првата четвртина.
Ама демек не приметивте дека намерата беше клучните играчи да се елиминираат со изнудување лични, м?
Два коша не ни важеа, од кои за едниот сум 102.3% сигурна дека требаше да се важи.
А слободни колку изнудија браќава, м? Колку фаули без врска беа доделени?
Последната минута само им ги делеа за ич ништо. Посебно она Канадсконо лајно.
Па како човек покрај такво нешто да може да се бори?
Фалеше ли Самарџиски и Антиќ уште по една лична да изнудат и да го поебат тимот?
Ослабевме ептен второто полувреме, да. Ептен се исцрпија дечките. Ама не беше сета вина во нив.
И јас би изгубила волја на секој чекор да ми свират. Јас каква сум избувлива имаше се’ по список да им опалам и топката ќе им ја зачукав кај што не сија сунце. Секоја им чест на толерантноста.
Јас по секако сум горда на нив.
Вие како сакате. Само утре немој при прва победа да биде „Ваууу најдобриии. Македонијааа!!!“ (puke)