Македонска кошаркарска репрезентација

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пак ќе го тупам на темава. Шта чеш, сум била во тие води, знам како е. :D

Во никој случај не е лузерски менталитет. Секој победува и губи ебаго. И серка ме фаќа од тоа лицемерие што ги величаат и ги прават безгрешни кога ќе тепаат, цитирам „Ау, Перо ѕвер, министер за одбрана/Браво Влатче, цепи тројки, херој/Леле Чековски непробивен ѕид, мајстор итн“ а кога ќе изгубат ги прават ко најглупи лајна. Општо за секој спорт сме такви.
Е тоа е баш она лузерското во нас. Ко демек ние победници во се` па не смееме да си дозволиме да изгубиме.
Ако одиме според таа логика, пораз беше и 4то место на Европско. И тоа каков пораз. Ни го помандаа.
Влеговме во најдобри 4, ама на крај при сета дадена мака, си дојдовме со топките во раце.
Оно за мене не е пораз, ние допрва има да стекнуваме искуство и да се докажуваме, ама ете, пусто Македонче, се качи ли вошка на рошка - готово, само победа ќе признава иако до вчера било во лајна покриено на тоа поле.
Ама еве, како ги пречекаа? Ко најголеми херои кои се вратиле со медаљи на врат од по 3 кила чисто злато.
Кој ги пречека? Истите тие кои сега ги плукаат и изиграваат поголеми професионалци од нив.

Не сега јас ау експертот да солам памет или да се правам курац ипол, ама секој малку што се разбира, ќе ја приметеше и тактиката и неколку фатални грешки, што всушност не беа грешки на нашиве.
Антиќ доби 2 лични на ич никаква основа, буквално никаква. Гечевски и Чековски добија лични во напад иако требаше Домениканците да ги добијаат тие лични. На Бо кога не му го важеа кошот, беше ко демек лична во напад, а уствари Домениканецот се втури во него од позади. Бо исто го начукаа на мртва, никому ништо. Илиевски и Самарџиски го кркаа во фаца, и шуќур Самарџиски еднаш или два пати доби слободна, ама затоа уште најмалку три не доби.
А потоа прерачунајте ги сите нивни добиени слободни од чисто што сме ги прошишале со рака над косата или што тие нам ни се втуриле, па уште добиле слободни - добивате над 15 подарени поени.
Поклончињата во комбинација со вистинската агресивност која ја покажаа во второ полувреме беше фатална за нашава исцрпеност и стравот дека ќе добиеме уште лични и ќе појдат курбан најефективните играчи.
А тоа и беше целата финта. Да се ослободат од Антиќ и Самарџиски, и после откако ќе ги исцрпат другиве со лажна надеж, да ги пуштат НБА лигашите Гарсија и Хофорд (кои прво се правеа ко демек фатени), и да ни го расплачат мамичето.
Не е оправдување ова. Слаба игра покажавме после и честито победа нека им е. Ама не е сосема чиста.
И нема што толкаво чудење „Ау, сме воделе со +20, па не победиле со +10“, па голем полов орган, за НБА професионалци не е тоа ништо да се постигне, а што ние летавме и подлегнавме на нивната камуфлажа дека се слаби - тоа е друго.

И не, не ме мрзи да пишувам на долго и широко за област која ми е позната. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and slb_bobo

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
без навреди изгубиле изгубиле тоа е не можеме да промениме,и покрај поразот ја имаат мојата подршка ако верувам и на вас,бидејќи го заслужуваат тоа се сеќавате ли кога бевме да ги пречекаме херојски за освоеното 4 место во литванија, а сега не треба да плукаме по нив туку да ги охрабриме да ни донесат нови успеси

не ми е јасно ова со освоеното 4 место во литванија ...
како може да се освои 4 то место ? освојување е кога ке се вратат со медал на нив, а не со 4 то -7мо или 9 то ... тоа е пласман ... стигнале до 4 то место, а ништо не освоиле !!!

спорт ко спорт ... Јас секогаш навивам за нашата репрезентација и секогаш ги подржувам (па ако не ги подржувам нив, кого да подржувам ? )
ако направат некој успех, добродојден е, ако не направат ништо - нема да ме разочараат, толку ни се квалитети ...
колку се инвестира во нашиот спорт, толку и ке добиеме - секој интересен плсаман е успех според мене !!!

фала многу :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Кога победуваат за сите се незаменливи, кога губат се плука по нив. Е одете вие играјте таму, па да видиме што ќе направите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and slb_bobo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас лично не ги величам кога ќе победат натпревар. Супер е, нормално дека ми е мило. И кога ќе изгубат не ги плукам (зошто се случува, или ќе победиш, или ќе изгубиш), сега прв пат, со причина. Целата поента и разочарување на вчерашниот натпревар е што водевме премногу и можевме да победиме. И што ако играат во НБА некој од противниците? Тогаш кој к:cenzuraр играме ние ако сите се толку посилни од нас? Да се трудиш и на пола натпревар да се откажеш? Подобро е да губат цел натпревар со некој поен минус, отколку да се случи таков пресврт. Тактиката на противниците упалила? Ги измориле нашите кутри кошаркари? Тогаш факт е дека е нивна заслужена победа, попаметни се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and m.o.p.

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
Се гледа дека Литванија беше само една добра епизода немаат континуитет мислат еј водиме ај ке си играме сега попелека
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Никој не вели дека не е заслужена победа. Само не беше баш ферски одиграна.
Што секако, не значи дека сета кривица треба судиите да ја јадат.
Иако натпреварот е физичко мерење ташаци, сепак психата и кликерот да смислиш одбрамбени и техники за напад, а истовремено и да ги изманипулираш противниците со мајндфак дека си послаб, игра многу поголема улога отколку трошење физичка сила на бесцелно трчање од кош на кош. И Усеин Болт со таа брзина и кондиција да го стават да трча по терен, џабе ќе е ако нема развиено шут и тактика која ги користи пропустите на противникот.

Курац, не курац, баравме и најдовме што и да беше. Нема да е тоа - тоа ако играш со еднакви на тебе, не е таа сатисфакција и стоење во место е. Од кај ќе знаеш дали си се подобрил или влошил ако играш со еднакви на тебе? Вака со кој ти се падне - со тој ќе играш, па дали бил НБА играч или игра за КК Прибилци, небитно.
И Нигерија беше греота да игра со Грција демек, па на крај „лепотаниве“ го окркаа ко посерени.
Не можевме ние да победиме. Сценарио беше тоа. Ако сакаа можеа уште веднаш да не опнат со +30 разлика, ама тактиката беше добро осмислена, цело време ко тие да се наивните, жртвени јагниња, кај со двојно помалку кошеви, па уште и само фаули врз нив, а всушност целта беше само клучниве да ги тргнат со тие лични, после да ги изморат овие резервниве знаејќи дека кога ќе ги вратат клучниве, нема да смеат да прават фаули од страв дека ќе ги исклучат и така добиваш дрво-дрво ситуација, па комотно можеа да направат сензација во последната четвртина. Маестрален потег. Спилберг да им се фати.
Да можеше повеќе од еден натурализиран, да им ги опневме Мејси, Вашингтон и Грин, ќе ни немаше рамни. Ама чорба.

Да не тупам веќе во круг, досадна сум ко комарец на гол газ. :D
Здравје. Сите, па и ние ќе имаме уште многу подеми и падови. Битно полека - полека почнува да не има и на места за кои не сме ни сонувале дека ќе ги достигнеме. Другото ќе си дојде со време и искуство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Мајорче, за плочки лепење има и одлепи, па пак залепи. Има неограничено време и само 2 „играчи“, а овде нема назад.
Да ти летаат тебе двометраши пред очи и во дел од секунда да се снаоѓаш кај да гаѓаш, богами и не е лесно ко што изгледа на ТВ. Ние го гледаме ваму целиот терен, нормално дека ќе сме алфа судии.
А од тим во чии редови се наоѓаат и НБА играчи не можеш да очекуваш да изгуби од нација која вчера пркнала на кошаркарски план. И повеќе од одлични сме со оваа генерација кошаркари, ама има уште леб да јадеме.
Уште од почеток се приметуваше тактиката. Мислиш дека тие се напија магичен напиток за второто полувреме?
Јок бре. Планот им беше да не’ исцрпат и да ни дадат надеж дека ќе тепаме. Им успеа.
Колку само намерно промашуваа. Колку само се преправаа дека имаат две леви. Па таа лажна млитавост.
Не знам колку приметивте, ама што мислите, зошто Гарсија толку се фрлаше и сакаше да се тепа?
Батето умираше пробувајќи да се исконтролира да не ја покаже правата агресивност уште веднаш.
А на нашиве тоа им годеше, мислеа тоа е се’ што овие можат, па запнаа што поголема разлика да направат и се исцрпија.

Е после фати интересното. После се покажаа вистинските лица.
Паметно си молчеа и си се чуваа за второ полувреме. А со помош на Канаѓанецот, си го добија саканото.
Колку само немаше основи за слободни.
Бо го лупнаа тројца на земја, направија една „мртва“, и ништо работа. Пу-пу, не се важи.
На орангутаниве некој со рака да им замавнеше над глава, одма фаул, па уште и 3 слободни им дадоа еднаш.
Епа и баба ми од гробишта да воскресне, би го победила Шекил О`Нил на таков педерски начин.
Скоро се што кажа во мислењево, сакав и ја да пишам. Значи беше неверојатно да се победи тим со 2,3 НБА кошаркари. И иако пишав претходно дека имам надеж дека можат да победат тоа беше само 10 %, а останатите 90% бев сигурен дека губиме и дека ќе има вакви навреди и глупости. Тактиката и јас ни ја видов уште кога играа Доминикана со Кореја. Корејците цел натпревар го водеа со 10 поени, и на крај изгубија со 10 поени разлика.
Можеби имаме одлична репрезентација, ама на европско ниво, а не на светско, да се разбереме. Баш како и коментаторите што кажуваа, секој континент има различен стил на игра. Ние имаме таков бавен стил на игра, со мал број на поени, за разлика од Америка кои даваат во просек 100 поени на натпревар и имаат брза игра.
Ниска нација сме, и на тоа никој не ни е крив. Судиите на натпреваров беа ептен потплатени и тоа се гледаше од километар.
За 5 минути игра Антиќ доби 2 лични и мораше да оди на клупа, Чековски го замени ама да бидеме реални тој е далеку послаб од Антиќ, иста ситуација е и со Гечевски (кој го менуваше Самарџиски) за кого највеќе ми беше криво што доби повеќе минути, зашто ептен не е во форма и во години е веќе, ама за сето тоа се криви судиите. Да не ни дадеа толку лични и да судеа ферски верувајте дека ќе имавме шанси за победа.
И последен пат пишувам судиите го решија натпреварот, кој го гледал натпреварот и малку од малку се разбира од кошарка ќе знаеше дека тоа е така. Кошаркарите не ни се криви и ич не ги брукајте.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Electra

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Многу сме јаки ние во секој спорт, па секогаш судиите се потплатени, во секој важен натпревар. Што е важно поени, места, медалјони... кој ги е:cenzuraе, ние сме си победници во духот, така си се чувствуваме и само наместени работи можат да не спречат. (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Значи ве читам и ви се чудам...
Како може да сме толку гаден народ :banghead
Секому се случува и да победи и да изгуби....Се губи сила,тоа се живи луѓе а не роботи....
Првото полувреме како и играта со Нов Зеланд покажуваат дека она во Литванија НЕ беше само добра епизода...
Јас вината не ја барам во судиите..вината е само во нашиот тим,со играта од првата четвртина и 20 те поени водство судиите не ни можеа ништо...Пред се измената на селекторот влијаеше...Лазовски требаше да го смени Гечевски и тука да го стави Кирил...но не го направи тоа...
Антич требаше да се смири и да игра подобро..Илиевски требаше да биде по прецизен...тоа не се случи и затоа не одиме на олимпијада.....
Но не треба да го заборавиме 4 то место во Литванија ,како и неколку добри игри....
Загубена битка не значи загубена војна...нашите имаат уште време ,тие се релативно млад состав....
Така што не бидете одма скептици и безобразни...Затоа што за неколку дена сите станавме стручњаци и нај јаки..ајде вие станете и играјте толку време под притисок од судии,публика и неколку НБА играчи ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Значи ве читам и ви се чудам...
Како може да сме толку гаден народ :banghead
Секому се случува и да победи и да изгуби....Се губи сила,тоа се живи луѓе а не роботи....
Првото полувреме како и играта со Нов Зеланд покажуваат дека она во Литванија НЕ беше само добра епизода...
Јас вината не ја барам во судиите..вината е само во нашиот тим,со играта од првата четвртина и 20 те поени водство судиите не ни можеа ништо...Пред се измената на селекторот влијаеше...Лазовски требаше да го смени Гечевски и тука да го стави Кирил...но не го направи тоа...
Антич требаше да се смири и да игра подобро..Илиевски требаше да биде по прецизен...тоа не се случи и затоа не одиме на олимпијада.....
Но не треба да го заборавиме 4 то место во Литванија ,како и неколку добри игри....
Загубена битка не значи загубена војна...нашите имаат уште време ,тие се релативно млад состав....
Така што не бидете одма скептици и безобразни...Затоа што за неколку дена сите станавме стручњаци и нај јаки..ајде вие станете и играјте толку време под притисок од судии,публика и неколку НБА играчи ;)
Македонска работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum