Мајорче, за плочки лепење има и одлепи, па пак залепи. Има неограничено време и само 2 „играчи“, а овде нема назад.
Да ти летаат тебе двометраши пред очи и во дел од секунда да се снаоѓаш кај да гаѓаш, богами и не е лесно ко што изгледа на ТВ. Ние го гледаме ваму целиот терен, нормално дека ќе сме алфа судии.
А од тим во чии редови се наоѓаат и НБА играчи не можеш да очекуваш да изгуби од нација која вчера пркнала на кошаркарски план. И повеќе од одлични сме со оваа генерација кошаркари, ама има уште леб да јадеме.
Уште од почеток се приметуваше тактиката. Мислиш дека тие се напија магичен напиток за второто полувреме?
Јок бре. Планот им беше да не’ исцрпат и да ни дадат надеж дека ќе тепаме. Им успеа.
Колку само намерно промашуваа. Колку само се преправаа дека имаат две леви. Па таа лажна млитавост.
Не знам колку приметивте, ама што мислите, зошто Гарсија толку се фрлаше и сакаше да се тепа?
Батето умираше пробувајќи да се исконтролира да не ја покаже правата агресивност уште веднаш.
А на нашиве тоа им годеше, мислеа тоа е се’ што овие можат, па запнаа што поголема разлика да направат и се исцрпија.
Е после фати интересното. После се покажаа вистинските лица.
Паметно си молчеа и си се чуваа за второ полувреме. А со помош на Канаѓанецот, си го добија саканото.
Колку само немаше основи за слободни.
Бо го лупнаа тројца на земја, направија една „мртва“, и ништо работа. Пу-пу, не се важи.
На орангутаниве некој со рака да им замавнеше над глава, одма фаул, па уште и 3 слободни им дадоа еднаш.
Епа и баба ми од гробишта да воскресне, би го победила Шекил О`Нил на таков педерски начин.