Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
15 „откачени“ работи кои може да се направат додека врне

1. Излезете надвор и ако сретнете некоја симпатична непозната личност смувајте се со него/а. Кажете си себеси конечно ја доживеав својата “ kissing in the rain “ сцена.
2. Легнете на стомак во некое вирче и викнете гласно “ Се даваааам, се даваааам !!! “
3. Ако се возите на совозачкото место, отворете го прозорецот извадете го јазикот надвор. Додека возачот се нервира кажете: „се прашувам зошто кучињата го прават ова само додека е сончево надвор?„ и почнете слатко да се смеете.
4. Прднете јако во затворена просторија и прашајте: „го слушна ли некој тој силен гром?!„.
5. Кога сте надвор трчајте наоколу и пејте ја гласно песната „Singing in the rain“.
6. Насмејте некого, тогаш погледнете во него и кажете: „Боже, лицето ти е цело влажно, дај прибери се и престани да плачеш”.
7. Излезете надвор, земете да читате некоја стара книга и додека вашите страници се навлажнуваат, почнете да викате на цел глас: “ Проклети облаци! Зошто е толку проклето влажно тука ?! „.
8. Соберете ги сите електрични направи во домот, извадете ги надвор на дождот и оставете ги да прокиснат.
9. Излезете со некој од семејството надвор и кажете му да направи кула од песок.
10. Седнете на аголот од тротоарот и извадете празна кутија, ставете знак каде што пишува: „ Сиромашен/на и влажен/на „ и надевајте се дека нема некој да ве киднапира.
11. Кажете им на сите наоколу дека ако заврнат киселите дождови и ве испрскаат кожата ќе ви се стопи и ќе изгледате како зомби.
12. Соберете ги сите мачки што можете да ги најдете во соседтството и заврзете ги на едно место под дождот и оставете ги да се споулават.
13. Ако имате малечко базенче на дување извадете го надвор да се наполни до крај и натерајте некој да плива во него.
14. Наполнете едно тенџере со водата од дождот и направете супа од неа, потоа поканете го вашиот „омилен сосед“ на топла вечера.
15. Одете до најблискиот базен, почнете силно да тропате на нивната врата молејќи ги да ве пуштат внатре за да се разладите малку во него.
П.С. Дополнително дозволете ми да ви напоменам дека горе наведените работи не се воопшто етички ниту морални. Нема никаква причина да го правите ова. Ова се само интересни моменти за да ве насмеат и расположат во ова наше дождливо време.

преземено од sezasvadbi.mk
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во врска во муабетот погоре: штом пишувате со население, географска положба, државно уредување итн. тоа е веќе за во Географија. А за Туризам и патување се теми со омилени дестинации, со убави места за одмор и сл.
Разграничете ги малку форумите.

Јас што е до мене, би ги споил назад Географија и Туризам и Патување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer and 4FUN

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас што е до мене, би ги споил назад Географија и Туризам и Патување.


(shake)
никако плис....
Географија си е таман...многу ја сакам темата..немој да сте ја чепнале (bandit)

колку добро е средена баш, по континенти..внатре во секој континент да си пишуваш за државите...башка за реки, планини топ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
12. Соберете ги сите мачки што можете да ги најдете во соседтството и заврзете ги на едно место под дождот и оставете ги да се споулават.


преземено од sezasvadbi.mk
Ова е бизарно. Прво нека го проба тој што го смислил и објавил, па после нека предложи да се спроведе врз мачки.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас што е до мене, би ги споил назад Географија и Туризам и Патување.
Нема никаква потреба од тоа ако тие што отвораат теми во тие два форуми знаат да определат која тема за каде е .
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
(shake)
никако плис....
Географија си е таман...многу ја сакам темата..немој да сте ја чепнале (bandit)

Па државите што се прават повеќе се однесуваат на патување во нив и нивниот туризам. Али некако слабо иде тоа. Никој изгледа не бил по странство. :(
Ќе биде и тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Никакво спојување на темите. Значи Географија и Туризам сосема различни теми и содржини. Имам пишано во темата за администација, ама бидејќи членовите не можат да прочитаат таму ќе пишам и тука. РАЗГРАНИЧУВАЈТЕ ГИ ТЕМИТЕ. ГЕОГРАФИЈА - ПИШУВАЈТЕ КОЛКАВА Е НЕКОЈА ЗЕМЈА, КОЛКУ ЖИТЕЛИ И СЛИЧНО, ТУРИЗАМ Е ЗА ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ВО ТАА ДРЖАВА.
Marick14 нема да е лошо да ставиш правилник во Туризам, за ако некој сака да отвори тема - да прочита што треба и како треба. За географија - јас ќе направам. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma, Kitty and Marick14

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Никакво спојување на темите. Значи Географија и Туризам сосема различни теми и содржини. Имам пишано во темата за администација, ама бидејќи членовите не можат да прочитаат таму ќе пишам и тука. РАЗГРАНИЧУВАЈТЕ ГИ ТЕМИТЕ. ГЕОГРАФИЈА - ПИШУВАЈТЕ КОЛКАВА Е НЕКОЈА ЗЕМЈА, КОЛКУ ЖИТЕЛИ И СЛИЧНО, ТУРИЗАМ Е ЗА ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ВО ТАА ДРЖАВА.
Marick14 нема да е лошо да ставиш правилник во Туризам, за ако некој сака да отвори тема - да прочита што треба и како треба. За географија - јас ќе направам. ;)

јас мислам дека во географија за државите може да се пишува се што е поврзано со таа држава, па дури и плажи и туристички места.буквално се што е поврзано со држава
..А во туризам кој сака во една општа тема нека пишува што сака да посети или посетил и нека става слики или што било само да не се отвараат посебно теми за сите држави...:frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and melpomena

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
јас мислам дека во географија за државите може да се пишува се што е поврзано со таа држава, па дури и плажи и туристички места.буквално се што е поврзано со државатаж
..А во туризам кој сака во една општа тема нека пишува што сака да посети или посетил и нека става слики или што било само да не се отвараат посебно теми за сите држави...:frantic
Географија никако не е за плажи. ;) Туризам е за плажи - сакаш да одиш во некоја земја на одмор, посети ги следните плажи. Географија е за релјеф, клима, хидрографија, население на одредено подрачје/ држава. :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty
Статус
Затворена за нови мислења.