Од каде доаѓа чувството на задоволство кога ќе се напиеш Кока-Кола и што е тоа што те тера уште да пиеш, реално не згаснувајќи ти ја жедта никогаш? Значи, што се случува со твоето тело ако испиеш Кока-Кола?
Во првите 10 минути: 10 лажички шеќер одеднаш го наплиснуваат твојот систем. Тоа е вкупно потребната количина шеќер за цел ден. Ти нема веднаш да добиеш нагон за повраќање од таа прекумерна блажина затоа што фосфорната киселина го намалува благиот вкус и ти остануваш смирен.
По 20 минути: Нивото на шеќер во твојот крвоток добива амплитуда, што предизвикува наплив на инсулин. Твојот џигер одговара на овие брзи промени со тоа што го претвора целиот шеќер кој му е на располагање во маснотии. А има поприлично шеќер на располагање во моментот.
По 40 минути: Завршува апсорбцијата на кафеинот. Зениците ти се шират и крвниот притисок ти расте, како што твојот џигер напластува сè повеќе и повеќе шеќер во твојот крвоток. Аденозинските рецептори во твојот мозок сега веќе не можат да создаваат сензации на поспаност и ти си „хај“.
По 45 минути: Твоето тело го зголемува производството на допамин, со што се стимулираат центрите за уживање во мозокот. Ова е инаку сосем истиот принцип на кој функционира хероинот.
По 60 минути: Фосфорната киселина ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот кои се преработуваат во твоите црева, со што дополнително се покачува метаболизмот. Тоа се комбинира и со високи дози шеќер и вештачки сладила, со што се зголемува исфрлањето на калциум по уринарен пат.
По 60 минути: Доаѓаат на сила дијаретските својства на кафеинот, што те тера повеќе да уринираш. Со тоа уште повеќе се обезбедува дека ќе ги исфрлиш калциумот, магнезиумот и цинкот, наместо да отидеа како што требаше во твоите коски. Исто, ќе исфрлиш и натриум, електролити и вода.
По 60 минути: Како што почнува да спласнува журката во твоето тело, ти почнуваш да добиваш шеќерен крах. Стануваш раздразлив и безволен. Исто така, сега буквално ја имаш изуринирано целата вода која беше во Кока-Колата. Ама претходно си ја збогатил таа отпадна вода со вредни хранливи состојки кои твоето тело можело да ги искористи за, на пример, поцврсти коски и заби.
Конзумирате Кока кола?
Колку често?
Дали и покрај тоа што знаете дека е штетна ја конзумирате?