1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што правите кога некој близок ве оттргнува од него?

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Викторија, 17 февруари 2012.

  1. Викторија

    Викторија Нов член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    13
    Премногу сум истоштена и разочарана во моментов, но најдов сила да ја отворам темава...Кажете ми што би набравиле Вие, доколку дознаете дека некоја ваша блислка особа што премногу ја сакате е сериозно болна, до тој стадиум што не би знаеле дали ќе успее да се излечи и колку време и останува, и што би направиле кога таа особа наместо да сака да сте до неа, ве брка ,ви кажува да не ја барате, да ја оставите, кога ќе биде подобра ќе Ви се јави, и тогаш ќе бидете со неа??Што ако таа особа е ваша девојка/дечко како би се чувствувале Вие, кога дечкото/девојката за да ве поштеди од страданја Ве брка од него/неа, ви кажува дека не Ве сака и да се тргнете , а уствари не сфаќа дека на тој начин само уште потешко Ви прави да ви е!!!Како би изреагирале Вие???Што ќе направите???:(
     
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Ќе настојувам по секоја цена да бидам со нејзе (таа особа). Затоа што луѓето кој се во таква состојба им треба само искреен и добар пријател. Ако нешто го сакаш, никогаш не го испуштај од раце!Не давај да ти се лизне, може не дај боже да не се видите повеќе.. ://
     
    На ~ Скарлетка ~, bubili, Minella и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Elizabeth Bathory

    Elizabeth Bathory Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    405
    Јас би се тргнала на страна кога веќе настојува неможам да му се пикам на некој со сила -.-
     
    На Викторија му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Викторија

    Викторија Нов член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    13
    Така е, и јас така размислувам,ти благодарам на искрениот одговор Хип Хоп, но што кога звониш да прашаш како е, те игнорира, не ти крева, не сака да дојде да го видиш , не сака да му/и бидеш дечко/девојка, сака да не биде со тебе, да бидеш што понастрана од него, да не размислуваш на него/неа....тогаш немам што да направам, не можам со сила да се наметнувам, уште повеќе нервоза се ствара...
     
  5. x3m

    x3m Активен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    137
    Допаѓања:
    169
    Само биди блиску до таа личност. Фактот дека личноста знае дека си блиску до нејзе ќе знае дека може да се потпре на тебе. Ако личноста се затвори во својата соба, седни покрај нејзината врата и преноќи... На тие личности им треба најмногу внимание, но секогаш чекај тие тебе да те викнат. Ти само биди блиску...
     
    На Minella и Викторија им се допаѓа ова.
  6. Slatki4ka

    Slatki4ka Полноправен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    42

    Навистина е жалосно тоа но во никој случај не се откажувај од личноста до последен момент биди во близина, и доколку те игнорира барем најди некој кој што му е близок и кој што ке те известува за се она како се чуствува таа личност , можеби и ке сподели некоа тајна за тебе...
     
  7. Викторија

    Викторија Нов член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    13
    Елизабт верувај воопшто не е лесно некого што го сакаш, си бил со него од самиот почеток, си помнал многу, и убави и лоши моменти да го оставиш кога е најслаб....барем јас така размислувам, но кога сам те отрфла...доаѓаш во ситација кога ништо не ти се праи, и не знаеш како да постапиш, сепак не го заборавај фактот, дека сакаш силно.....:(
     
  8. Elizabeth Bathory

    Elizabeth Bathory Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    405
    Јас би ти кажала да го заборавиш , да не си создаваш лажна надеж само дека ќе бидете заедно, кога веќе ете не сака, и доволно кажува тоа што не крева на тел. итн...
     
  9. Elizabeth Bathory

    Elizabeth Bathory Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    405
    Многу добро знам , верувај ама и јас си имам ГОРДОСТ! Нема да дозволам поради тоа некој да ме зафркава да си игра со моите чуства.
     
  10. Викторија

    Викторија Нов член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    13
    Да, кога станува збор за врска во која некој си игра со тебе како сака, но овде станува збор за нешто друго и многу посериозно....Сепак ти благодарам на искрените одговори, секој одговор од секого ми е добродојдев во вакви мигови...Уште еднаш благодарам!
     
    На melpomena и Minella им се допаѓа ова.

Сподели: