Што правите кога некој близок ве оттргнува од него?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Луѓето сакаат да бидат запаметени насмеани и среќни, убави и здрави.
Во моменти кога на човек му се распаѓа светот, покрај сите стравови се јавува и стравот од сожалување.
Не му се лути, немој да се чувствуваш повредена. Собери сила и заборави на својата болка.
Испрати му порака, сосема обична, без молби и преколнувања. Не се однесувај поинаку. Однесувај се обично. Напиши му на пример - ептен ми е досадно, доаѓам на кафе и партија трачарење. Или нешто друго, сосема вообичаено. Ако те одбие, не се нервирај. Разбери и биди трпелива и упорна.
 
Викторија

Нов член
16 февруари 2012
16
13
3

Lady Blue, ми го напомена тоа, дека доаѓам само од сожалување, што навистина не е така, можеби не сакам да ја прифатам вистината, но за мене во овој случај нема гордост, некого кога сакаш забораваш на све, не сакам да го оставам кога му е најтешко, но ете така размислува, морам барем неколку дена да издржам, да се праам дека све ми е ОК:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Minella

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Lady Blue, ми го напомена тоа, дека доаѓам само од сожалување, што навистина не е така, можеби не сакам да ја прифатам вистината, но за мене во овој случај нема гордост, некого кога сакаш забораваш на све, не сакам да го оставам кога му е најтешко, но ете така размислува, морам барем неколку дена да издржам, да се праам дека све ми е ОК:(
Знам дека не е од сожалување, те разбирам сосема. Сум поминала низ слична мака. Мораш да бидеш силна. И колку и да звучи несфатливо мораш да бидеш пред него насмеана и ведра. Како да не се случува ништо. Немој да плачеш пред него. Немој да го напаѓаш, ни обвинуваш, ни премногу да му објаснуваш. Нека ти вели да си одиш. Ти речи му - дај не биди досаден и насмеј се. Речи му - види, може да се натегаме три дена и три ноќи, можеш да ме бркаш, туркаш, отфрлаш, џабе ти е, тука сум и немам намера да си одам. Не покажувај дека се плашиш и дека ти е тешко. Издржи и не се предавај. Ќе сфати дека не си покрај него од сожалување, кога ќе се соочи со себе и своите стравови. Комплицирана ситуација и премногу болна. Плачи кога си сама и разговарај со твоите блиски. Не собирај во себе. Чекор по чекор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Minella

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас би се тргнала од личноста. Уште повеќе во таква состојба. Ако тој/таа не ме сака до себе тогаш веројатно нема да ме сака ни ако оздрави. Штом некој ме турка од себе, јас не можам со сила да се пикам... Барем јас сум таква личност, има и такви кои по секоја цена ќе ти се пикаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elizabeth Bathory

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Кога луѓето се болни и кога се поготово на работ на смртта сакаат да се сами , не им е до ништо повеќе ,гледаат дека ќе ги нема повеќе на овој свет , не сакаат никој, ја гледаат само таа празнина која е во душата со знак повеќе дека нема да ги видат никогаш своите најблиски едноставно разочарани .Немој да мислиш дека не те сака или дека те мрази , но претешко му е што повеќе нема да биде со тебе , повеќе нема да ја осети насмевката, пријателството ,љубовта едноставно речено нема оној осет за живот.Тешка е ситуацијава , но стави се на негово место , ќе видиш дека не е лесно . Да сум на твое место тргни се на страна сега за сега , два-три дена или ден , немој да губиш многу време ,пробај јави му се прати му порака дали може да го видиш,сепак подобро е да плачеш ти на страна и знам дека боли душата , ал кога станува збор за болен човек мораш да простиш и трпиш , никој не е во негова кожа и не ни може да си претпостави колку е тешко кога дознава дека многу брзо ќе го снема од овој свет . Многу ми е жал навистина и за тебе и за него , на сите нас многу тешко ни паѓа кога одиме на лекар и кога лекарот ни кажува дека нешто не е во ред со нашето здравје , а можам да замислам кога ќе кажат дека нема надеж повеќе особено на млад човек , кој имаше во план толку неостварливи цели . Се надевам дека ке успееш барем еден ден да ти дозволи да се видите , тажноо премногуу .....уххх.....а ти обиди се да ја исфрлиш сета таа тага и болка со некој кој доста добро ќе те разбере .......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Уффф тешка ситуација а воедно и болна... Јас би била со таа личност, посебно ако е дечко ми, нема ни за секунда да се тргнам од него, или од било која личност што премногу ја сакам, ќе бидам со таа личност, ќе се грижам за неа, и нема да исчезнам од нејзиниот живот доколку таа сака така... Ќе се борам за да биде добро, и никогаш нема да ја оставам да биде осамена и да тагува...
 
Викторија

Нов член
16 февруари 2012
16
13
3
Jas probuvam da go sfatam, da se trgnam na strana, vo momentov sama sedam i razmisluvam kako da prodolzam, sto da napravam, mozebi ova negovo baranje e od mojata nepromislena postapka sto mu zameriv zatoa sto nekoja negova bivsa devojka mu se javila da prasa kako e, i posle toa, se mislev deka zbori so nea, i deka me laze....Mozebi i toa go navelo vaka da mi zbori, mi naglasi deka vo momentov ne mu trebaat ljubomorni ispadi, i deka podobro mu e da e sam otkolku so covek koj nema doverba vo nego, no jas ne go napraviv toa svesno, naprotiv, nesvesno bese napraveno, od sto mi e tesko, pred nego sum sekogas nasmeana, vedra , pozitivna....ke ostavam da pominat nekolku dena, ke moram da go vidam, kako del od dusava i srcevo mi e, ne znam kolku me razbirate.......mi se kinat parcinja osekam vo srcevo dodeka go pisuvam ova!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Minella

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Jas probuvam da go sfatam, da se trgnam na strana, vo momentov sama sedam i razmisluvam kako da prodolzam, sto da napravam, mozebi ova negovo baranje e od mojata nepromislena postapka sto mu zameriv zatoa sto nekoja negova bivsa devojka mu se javila da prasa kako e, i posle toa, se mislev deka zbori so nea, i deka me laze....Mozebi i toa go navelo vaka da mi zbori, mi naglasi deka vo momentov ne mu trebaat ljubomorni ispadi, i deka podobro mu e da e sam otkolku so covek koj nema doverba vo nego, no jas ne go napraviv toa svesno, naprotiv, nesvesno bese napraveno, od sto mi e tesko, pred nego sum sekogas nasmeana, vedra , pozitivna....ke ostavam da pominat nekolku dena, ke moram da go vidam, kako del od dusava i srcevo mi e, ne znam kolku me razbirate.......mi se kinat parcinja osekam vo srcevo dodeka go pisuvam ova!!!
ќе му кажеш - прости ми, се однесував како разгалено детиште, немам оправдување, имаш право што и да ми кажеш, но те сакам и тука сум. Потоа дај му малку време, ден, два, па побарај го пак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Minella

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Според мене не треба да чекаш да поминат неколку денови, да сум јас на твое место, ќе одам веднаш кај него, ќе му се извинам и ќе му кажам дека тоа било мала љубомора и дека нема да се пофтори.. ќе му објаснам дека сакам да сум со него, дека го сакам, дека нема да се оделам од него, безразлика колку тој и да сака и ќе му докажам дека му верувам и дека ќе сум со него до крајот...
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Според мене не треба да чекаш да поминат неколку денови, да сум јас на твое место, ќе одам веднаш кај него, ќе му се извинам и ќе му кажам дека тоа било мала љубомора и дека нема да се пофтори.. ќе му објаснам дека сакам да сум со него, дека го сакам, дека нема да се оделам од него, безразлика колку тој и да сака и ќе му докажам дека му верувам и дека ќе сум со него до крајот...
без премногу објаснувања и молење. „Извини и нема да се повтори“ не го враќа назад направеното. Пред грешките застануваш исправен и си ја преземаш одговорноста. Без солзи и лигавење. Сериозните моменти во животот бараат сериозно однесување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci