Што му недостасува на форумов?

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ако темава е постоечка слободно тргнете ја.
Ако не е, ајде да ја разгледаме.
Форумов очиглендо не е обичен форум како сите други :giggle ниту има обични членови :D
Веројатно како и сајтот црнобело така и форумов пред се се од забавен карактер.
Најмногу теми(мислења) има во кафемуабети.
Прашања до членовите на црнобело форумот:
Дали мислите дека форумов се развива добро?
Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?
Теми од кои области?
Дали членовите не се доволно сериозни?
Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?
Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?
Можам да напишам уште многу прашања ама сметам дека се доволни, а оние кои ќе ви текнат а се слична конотација одговорете ги без да се поставенни :giggle
Воглавно сметам дека коментираме од прилика 25 членови, тие сме тие и пак тие. Малку забава, малку сериозност.. ама некако во место стои работава.
Или си пишуваме во сдк\сдп како статус на фб или по некое мислење во слична тема, и тоа е тоа.
Му треба нешто на форумов да живне повеќе ...
Темава е со цел да го оговараме форумов. :p:D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Членовите не се доволно сериозни, фалат теми за дискусија во сите области, фалат построги модератори кои ќе знаат кога да пресечат...Побогу фали репутација но пошто форумов е на зенфоро ништо од тој муабет.

Форумов не се развива во добар правец од проста причина што темите кои се отвораат не се доволно зрели за да се развие некоја дискусија. Членовите не се заинтересирани за сериозни мислења (пример погледнете Филозофија и Психологија така скапуваат) и постојано приметувам како некои членови пишат коментари ко да се на чет на фејсбук.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
мал предлог....во насловот да се додаде ...на форумот....Штому недостасува на форумов?...Така ке е појасно за што се работи.
Подоцна ке се навратам да одговорам на прашањата:)
Во моментов не ми е баш уклучен сериозниот дел од мозокот (worried):D
Сега само ке додадам дека му недостасуваше Марија на форумов
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Дали мислите дека форумов се развива добро?

Дали членовите не се доволно сериозни?

Не се развива добро, нема тим нема идеи за во наредните месеци/години кои треба да се остваруваат со цел да се задржат веќе постоечките членови, а и да се привлечат нови и секако да останат истите.

Има сериозни членови, но малкумина од малкуте. Повеќето имат го сфатено како за забава и како што кажа slb_bobo, како чат на фејсбук.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
мал предлог....во насловот да се додаде ...на форумот....Штому недостасува на форумов?...Така ке е појасно за што се работи.
Подоцна ке се навратам да одговорам на прашањата:)
Во моментов не ми е баш уклучен сериозниот дел од мозокот (worried):D
Сега само ке додадам дека му недостасуваше Марија на форумов
e вака прифаќам нормално си праша тој шо го напрај прифати и слободно можи да се смени насловот..мислам дека конечно ми ја свати поентата околу ова ! :)
инаку мислам дека на форумот му фалат повеќе теми и поголема сериозност од страна на членовите !
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
мое мислење, членовите што не се доволно сериозни, тоа е од нас модераторите, бидејќи и ние самите не сме доволно сериозни за некои работи... кога се пишување офф-топици ние само ги бришевме, не дававме опомени, а да се даваа тогаш ќе беше многу подруго, членовите ќе пазеа што пишувааат... е сега и да имаме сериозна тема, таа се претвара за во хумор и сеир... тоа е тоа... и со самото тоа, форумот не оди кон подобро, туку кон полошо... :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin, She and slb_bobo

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Форумот е супер опуштен со забавен карактер, членовите се кул... новите членови брзо се вклопуваат. Теми отворени за дискусија постојат, а ако му се зборува на некој може да си ја побара темата за која сака да дискутира или да си отвори нова.
Оди кон подобро, штом има нови ликови тоа значи дека оди кон подобро.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Форумот е онаков каков што членовите ќе го направат.
Ако мнозинството се зачлениле за забава, ќе биде повеќе за тоа, ако пак повеќето се за посериозни дискусии, повеќе ќе се филозофира итн.
Меџутим ја ко што имам приметено повеќето од членовите пред се тука се за забава, трошење слободно време и то, отколку да го амортизираат мозокот у Филозофија и сличните такви подфоруми, што и нема ништо лошо у тоа, не можеш никого со сила да натераш на дискусија.
Арен си е форумов, нека продолжи така.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Браво за темава една (cake) од мене за основачот :D
Според мене форумов не се развива како што треба току затоа што недостасува добри теми за дискусија од сите области..За сериозни членови има но помалку отколку што има несериозни членови..Форумов си е забава аа може и љубов да се роди помеѓу некои членови или можда веќе се родила ..Последно време се уклучуваа многу членови но не заради тоа што ги привлекуваше добрите дискусии на форумов (кои сигурно ги има иако во мал број) или заради тоа што форумов не наликува на другите туку повеќето се регистрираа заради бесплатната книга и не се веќе влезени тука ..Од моја гледна точка јас вака мислам ако мислам погрешно слободно поправете ме јас нема да се лутам :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Марија

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Членовите не се доволно сериозни, фалат теми за дискусија во сите области, фалат построги модератори кои ќе знаат кога да пресечат...Побогу фали репутација но пошто форумов е на зенфоро ништо од тој муабет.

Форумов не се развива во добар правец од проста причина што темите кои се отвораат не се доволно зрели за да се развие некоја дискусија. Членовите не се заинтересирани за сериозни мислења (пример погледнете Филозофија и Психологија така скапуваат) и постојано приметувам како некои членови пишат коментари ко да се на чет на фејсбук.
жити се,па ни у парламент не се сериозни,шо е поентата да си цело време сериозен кога се бара нешто за релаксација и забава.јас колку што можам да бидам сериозна,искрено мислам дека твојата сериозност ке можам на битпазар да ја продадам одма.така да уживај бобо,не ме сфаќај лошо,си дискутираме.инаку он топик да кажам дека ок е само што не ми се допаѓа сеирџиите што немаат гз да се јават на коментари.