Како прво, браво за темава. Како второ, на кој му фали сериозна дискусија, сериозно нека си седне и нека си дискутира. Гледам ве има повеќе, па ќе си ги кажете своите гледишта на која и да било тема, никој не ве спречува во тоа. Трето - доколку дававме ние модераторите опомени на секој член за секој оф-топик верувале или не дали 5 члена ќе останеа на форумов. Секој ќе го сфати тоа како навреда или не знам што и форумов немаше ни да стигне до 1000 членови. Може малку членови сме активни, ама владее позитивна енергија на форумов и што е најважно се пишува нешто, не е важно на која тема и дали е тоа во играчница или психологија. Четврто - сите се дојдени овде да се релаксираат, да си дадат некое мислење и гледиште на некоја тема, да си стекнат некое ново пријателче, никој не е дојден да се замара со сериозни теми или не? Побогу погледнете ги и другите форуми па споредете. Кајгана може е попопуларен форум, ама постои може 6 години и не е забранета политика, па затоа и има толку многу членови. Сите си ја знаеме ситуацијава во Македонија, секој втор е политичар, затоа ништо чудно што има толку членови. Затоа престанете со хејтање на форумов и дајте му малку време да се развие, а ако сакате да допринесете во неговото развивање кон подобро катче за дискусија седнете и дискутирајте сериозно, а не само да се жалите како немало сериозни членови.