1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што му недостасува на форумов?

Дискусија во форумот 'За форумот' започната од Марија, 15 август 2012.

  1. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490
    Ако темава е постоечка слободно тргнете ја.
    Ако не е, ајде да ја разгледаме.
    Форумов очиглендо не е обичен форум како сите други :giggle ниту има обични членови :biggrin
    Веројатно како и сајтот црнобело така и форумов пред се се од забавен карактер.
    Најмногу теми(мислења) има во кафемуабети.
    Прашања до членовите на црнобело форумот:
    Дали мислите дека форумов се развива добро?
    Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?
    Теми од кои области?
    Дали членовите не се доволно сериозни?
    Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?
    Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?
    Можам да напишам уште многу прашања ама сметам дека се доволни, а оние кои ќе ви текнат а се слична конотација одговорете ги без да се поставенни :giggle
    Воглавно сметам дека коментираме од прилика 25 членови, тие сме тие и пак тие. Малку забава, малку сериозност.. ама некако во место стои работава.
    Или си пишуваме во сдк\сдп како статус на фб или по некое мислење во слична тема, и тоа е тоа.
    Му треба нешто на форумов да живне повеќе ...
    Темава е со цел да го оговараме форумов. :p:D
     
    На Aquarius, ipopovski, emzzy и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Членовите не се доволно сериозни, фалат теми за дискусија во сите области, фалат построги модератори кои ќе знаат кога да пресечат...Побогу фали репутација но пошто форумов е на зенфоро ништо од тој муабет.

    Форумов не се развива во добар правец од проста причина што темите кои се отвораат не се доволно зрели за да се развие некоја дискусија. Членовите не се заинтересирани за сериозни мислења (пример погледнете Филозофија и Психологија така скапуваат) и постојано приметувам како некои членови пишат коментари ко да се на чет на фејсбук.
     
    На TheKitten, Fairytale, Nightmare_f и уште 9 други им се допаѓа ова.
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    мал предлог....во насловот да се додаде ...на форумот....Штому недостасува на форумов?...Така ке е појасно за што се работи.
    Подоцна ке се навратам да одговорам на прашањата:)
    Во моментов не ми е баш уклучен сериозниот дел од мозокот (worried):D
    Сега само ке додадам дека му недостасуваше Марија на форумов
     
    На Dr.Gonzo, Martin_MKD и Марија им се допаѓа ова.
  4. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Не се развива добро, нема тим нема идеи за во наредните месеци/години кои треба да се остваруваат со цел да се задржат веќе постоечките членови, а и да се привлечат нови и секако да останат истите.

    Има сериозни членови, но малкумина од малкуте. Повеќето имат го сфатено како за забава и како што кажа slb_bobo, како чат на фејсбук.
     
    На Nightmare_f, Saladin, Bum-Bum и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    e вака прифаќам нормално си праша тој шо го напрај прифати и слободно можи да се смени насловот..мислам дека конечно ми ја свати поентата околу ова ! :)
    инаку мислам дека на форумот му фалат повеќе теми и поголема сериозност од страна на членовите !
     
  6. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    мое мислење, членовите што не се доволно сериозни, тоа е од нас модераторите, бидејќи и ние самите не сме доволно сериозни за некои работи... кога се пишување офф-топици ние само ги бришевме, не дававме опомени, а да се даваа тогаш ќе беше многу подруго, членовите ќе пазеа што пишувааат... е сега и да имаме сериозна тема, таа се претвара за во хумор и сеир... тоа е тоа... и со самото тоа, форумот не оди кон подобро, туку кон полошо... :confused:
     
    На Saladin, She и slb_bobo им се допаѓа ова.
  7. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Форумот е супер опуштен со забавен карактер, членовите се кул... новите членови брзо се вклопуваат. Теми отворени за дискусија постојат, а ако му се зборува на некој може да си ја побара темата за која сака да дискутира или да си отвори нова.
    Оди кон подобро, штом има нови ликови тоа значи дека оди кон подобро.
     
    На TIGERWOMAN31SK и DarkPassenger им се допаѓа ова.
  8. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Форумот е онаков каков што членовите ќе го направат.
    Ако мнозинството се зачлениле за забава, ќе биде повеќе за тоа, ако пак повеќето се за посериозни дискусии, повеќе ќе се филозофира итн.
    Меџутим ја ко што имам приметено повеќето од членовите пред се тука се за забава, трошење слободно време и то, отколку да го амортизираат мозокот у Филозофија и сличните такви подфоруми, што и нема ништо лошо у тоа, не можеш никого со сила да натераш на дискусија.
    Арен си е форумов, нека продолжи така.
     
    На MoonFairy, i_wanna_fly, ipopovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  9. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    Браво за темава една (cake) од мене за основачот :D
    Според мене форумов не се развива како што треба току затоа што недостасува добри теми за дискусија од сите области..За сериозни членови има но помалку отколку што има несериозни членови..Форумов си е забава аа може и љубов да се роди помеѓу некои членови или можда веќе се родила ..Последно време се уклучуваа многу членови но не заради тоа што ги привлекуваше добрите дискусии на форумов (кои сигурно ги има иако во мал број) или заради тоа што форумов не наликува на другите туку повеќето се регистрираа заради бесплатната книга и не се веќе влезени тука ..Од моја гледна точка јас вака мислам ако мислам погрешно слободно поправете ме јас нема да се лутам :*
     
    На WomanInRed и Марија им се допаѓа ова.
  10. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    699
    жити се,па ни у парламент не се сериозни,шо е поентата да си цело време сериозен кога се бара нешто за релаксација и забава.јас колку што можам да бидам сериозна,искрено мислам дека твојата сериозност ке можам на битпазар да ја продадам одма.така да уживај бобо,не ме сфаќај лошо,си дискутираме.инаку он топик да кажам дека ок е само што не ми се допаѓа сеирџиите што немаат гз да се јават на коментари.
     
    На i_wanna_fly, 4FUN, parvati и уште 1 член му се допаѓа ова.

Сподели: