Зошто така мислиш? Наведи ти една причина, зошто овој форум е скоро празен?Грешка си, и тоа многу
Зошто така мислиш? Наведи ти една причина, зошто овој форум е скоро празен?Грешка си, и тоа многу
Искрено сметам дека не е поради социјалните мрежи. Проблем е менталитетот на луѓето кај нас. Кај нас најпопуларни форуми односно со најголема фрекфенција и активност на членовите се оние каде што се озборува, се откриваат лични идентитети, фрчат навреди на сите страни односно едноставно каде што се драматизира.
Не е целосно поради социјални мрежи, но едно добри 70% е поради нив.
Форумите како платформа се најпогодни за анонимност, но на нив не може да се чекира некој во рандом кафиќ, слики од кучето или роденден на бебето, одмор во Крани или некоја грчка селендра, на форум не може да се ствара илузија за тоа lelele kakov zivot ziveeme hehehe labavo brad : D бидејќи форумот бара каква-таква интелектуална и емотивна присутност при постирање.
Според мене не постои подобра форма на виртуелна комуникација од форумите. Освен постовите тука се пораки на профил, ПП и остало, можност за прикачување на се и сешто, сосема доволно за експресија на една личност.
Ништо не му недостасува на форумот од техничка гледна точка, ниту пак од корисничка гледна точка.
Се согласувам во врска со ова што го напиша погоре. Ама јас зборував во поглед на активноста на форумите и зошто некои форуми имаат поголема активност , а некои пак немаат.
Се согласувам со делот дека социјалните мрежи ги одземаат корисниците на форумите, но од друга страна, сепак тоа се корисници кои сакаат да стојат зад тоа што го прават со име и презиме.
Форумот ја дава привилегијата на анонимност, но што знам... некако денес ко повеќе да се станати работите да си познат. А, секако и ги немавме социјалните мрежи што ги имаме денес, па да се искажуваме таму и имаше една златна ера за форумите некаде доцните 2000ти до кај 2014та можеби. Потоа инфлуенсерството полека зеде замав.
Сепак сметам дека со малку интерес и реклама, може да се дојде до поголема активност.
Лично за себе знам дека сум сменила многу размислувања од последно кога сум пишала по темите, па интересно ми е да го следам тој прогрес. Којзнае за некоја година можеби пак ќе се сменам.
Кајгана и Фемина се поголеми форуми, имам слушнато и за некој ИТ форум кој имал солидно членство. Порано бев член на еден мал форум кој згасна иако тоа беше поинаку од ова што се случува на ЦБ.
Не знам зошто Кајгана има толкаво членство, ајде Фемина као за жени специјализиран па по таа логика. За да живне овој форум доволни се 10-15 активни членови, подоцна би се приклучиле и други.
За гореспоменатите форуми нема да коментирам бидејќи не е ни време ни место за тоа. А според мене не заслужуваат внимание. Се надевам само дека ќе се зголеми активноста. И мислам дека низ редови во моите погорни коментари и самиот ќе го најдеш одговорот зошто овие форуми кои ги спомна погоре се популарни. Како што споменав мене овој форум ми се допаѓа ваков каков што е. Баш поради тоа што го нема она што го споменав погоре, а го има на другите форуми.
Може тебе ти е ок ваков каков што е, но јас го паметам форумов поинаков кога имаше 50+ активни секојдневни постирачи пошто сум 8 години тука, така да треба баланс. Никој не вика да биде хаос како Кајгана но и ова со 5-6 души активни не личи на ништо. Една крајност и друга крајност не се добри. Да има барем 15-20 би било одлично.