Што му недостасува на форумов?

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
@187 SB имавме и овде таков период некаде до кај 2015та можеби. :zelen
Имаше и разоткривање идентитети, додавање по фб од лажни профили, кланчиња, хиерархии, ју нејм ит.
Мислам дека конкретно за овој форум, тоа беше една од причините што некои членови ги снема. Еве ко сега што дискутираме на темава, ќе се појавеа одредени ликови да ваѓаат прљав (или измислен) веш од други теми, пораки или нивни претпоставки, па сакал или не, ќе се повлечеш да не се замараш со такви.
За среќа, иако можеби по цена на неактивност, тие ликови ги снема, па гледам живнува полека форумов и се надевам ќе продолжи така.

Се извинувам тогаш, не сум знаел дека и тука имало таков период. Јас сум многу подоцна зачленет. Инаку голем број од членовите циркулираат на повеќе форуми. Најверојатно голем дел од тие кои тука го правеле тоа, се префрлиле на некој од овие форуми каде што се храни и поттикнува ваквиот тип на членови да роварат и да драматизираат .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Се извинувам тогаш, не сум знаел дека и тука имало таков период. Јас сум многу подоцна зачленет. Инаку голем број од членовите циркулираат на повеќе форуми. Најверојатно голем дел од тие кои тука го правеле тоа, се префрлиле на некој од овие форуми каде што се храни и поттикнува ваквиот тип на членови да роварат и да драматизираат .
Нема што да се извинуваш. :) Прошло одамна, можеби некогаш ќе налеташ на по некое мислење од бурните времиња, но тоа е тоа во глобала. Сега сме мирни. :D
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Можеби лошо се изразив, па затоа погрешно ме разбра. Јас не реков дека ми се допаѓа тоа што нема активност, напротив погоре споменав дека форумов заслужува поголема активност. Да бидам концизен за подобро да ме разбереш. Форумов има позитивни карактеристики кои останатите популарни форуми ги немаат. Форумов ми се допаѓа поради следниве работи кои ги немало претходно, а и сега гледам дека ги нема (иако моменталната состојба не е мерило за тоа). На овој форум за разлика од другите популарни форуми :
- Нема навредувања помеѓу членовите. На другиве форуми ако си понов член и не се согласуваат со твоето мислење, веднаш клановите те навредуваат и те притискаат за да почнеш и ти со навреди за да добиеш бан.
-Нема јавно објавување на лични и приватни работи
- Нема јавно објавување на лични преписки и лични пораки
-Старите членови немаат повеќе привилегии во поглед на новите(на другите форуми ако почнат расправии новиот член е санкциониран, додека старите поминуваат без санкции)
-Модераторите не се пристасни и да тераат еден вид на автократија (На пример кога одговорив во темава, за тоа што мислам во поглед на неа можевте да ме нападнете како на останатите форуми и да ми кажете што разбираш ти ние подолго сме тука од тебе.)
-Има почит од страна на модераторите кон членството и сакаат да слушнат нови идеји.

Ова е само мал дел од мојот впечаток за овој форум во поглед на другите форуми. Иако откако сум член поголем дел од времето ве читав и многу ретко коментирав. Се надевам дека сега е појасно зошто овој форум ми се допаѓа. И се надевам дека доколку се зголеми активноста нема да заличи на овие популарниве форуми.

Тоа е така зошто овде нема членови...
А инаку итекако го имаше..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -alf-

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Нема што да се извинуваш. :) Прошло одамна, можеби некогаш ќе налеташ на по некое мислење од бурните времиња, но тоа е тоа во глобала. Сега сме мирни. :D

И добро би било да остане само минато. Инаку не налетав на такво мислење, затоа и не знаев дека имало таков период. :)


Тоа е така зошто овде нема членови...
А инаку итекако го имаше..


Поубаво и да нема такви членови кои драматизирале на форумот, доволно било што го гушеле извесен период форумов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Electra

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Форумот не треба да биде мирен, напротив, треба да биде динамичен, да има што повеќе мислења, што повеќе ставови, да биде бура од идеи, мисли, факти, па и препукувања...
Не треба да се затвара тема ако некој со некого не се согласува... Каков форум би бил тој ако сме сите истомисленици?
Се враќам одвреме на време затоа што сум носталгичар, и поминав навистина многу интересни периоди баш тука на форумов...
Ми помогнал за многу работи... Запознав некои луѓе, иако виртуелни, луѓе кои оставиле белег во мојот живот и од кои сум научила многу...
Форумов ми ја смени перспективата кон некои работи...
Ама тоа беше long time ago...
Од тој форум нема останато ни Ф... За жал...
На форумов му фали флексибилност, малку поотворен ум и пристап...
И пред се` му фалат луѓе кои знаат да дебатираат без да се навредат, без да се пристрасни, без да си земат при срце, а не луѓе кои пишуваат пост од две-три реченици во кои пет пати напишале heheh...