Претежно сакам да правам благи работи како мафини, торти, слатки, бомбици, друг тип на благи колачи и слично.
Обожавам да прам пици (со се месење на тестото), погачи со сирење, домашни брускети, начос (нема нешто тешко во нив), маршмелоус со еурокрем, торти било со пандишпањ било со бисквити (обично со бисквити, шлаг и овошје зошто сакам полесни торти), мафини (преферирам со рецептот за топло ладно зошто испаѓа како мафин внатре со чоколадо и е мноооогу вкусно), бомбиците ги сакам со бисквити и желе, сутљач, сакам да правам различни работи со компири (чипс, зачинети компири, компири печени со сирење и сл), омилено летно јадење ми е благо со банана, јаготки, грозје, јаболка (и се друго шо ќе ми се фати при рака) - освежително и вкусно, торта со бисквити и сладолед, колач со праски, турте (ох колку ми е убаво за на утро со чаша млеко), палачинки без брашно - само со банана и сл.
Ова е на се шо правев последните неколку месеци почесто.
Еве од некои од кои се наоѓа по некоја слика:
Сега во договор со татко ми, ќе почнам да прам повеќе тип на ручеци, а не како шо вика тој - глупости, па ќе видиме како ќе оди