Што знаете да приготвувате?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Скоро сè, барем се надевам. :D Иако до пред некоја година бев по поосновните работи, за време на полициските уз пандемијава, посебно март, април и мај 2020, се убив од правење секакви експерименти по дома.
Готвењето не е воопшто тешко, но како и за сè друго, треба да се има осет за истото и да се прават грешки од кои ќе се учи. Највеќе обожавам да експериментирам со разни домашни сосови и зачини пошто тие го прават секое јадење, па ми текнува колку пати сум фрлала пресолено, загорено, состојки што никако не одат едни со други, бљак.
Второ омилено нешто ми се торти од мирудии. Не сакам многу да пратам рецепти со точно 38 мл млеко од магарица и јајце од ној роден во подзнак Шкорпија, ама оние „отворени“ рецепти каде имаш опција да вметнеш што имаш по дома, е тие ептен ми се по мерак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

kokolo

Нов член
12 јули 2022
11
3
3
43
Се што е лесно и брзо без разлика на тоа дали е предјадење, главно јадење или салати...