Што е љубов?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Најгугланата реченица за 2012-та беше “Што е љубов“ па Гардијан во обид да им се разјасни на луѓето, собра експерти од разни области да одговорат на прашањето.

Џим Ал-Калили, доктор - Љубовта е хемија
Од биолошка гледна точка, љубовта е моќна невролошка состојба, како глад или жед, само што е попостојана. Зборуваме за безусловна љубов над која човек нема контрола. Тоа и не изненадува, бидејќи љубовта во својата основа е хемија. И додека сексуалната желба е со рок на траење, вистинската љубов со себе повлекува низа реакции во мозокот: ослободување феромони, допамин, серотонин, окситоцин... Од еволуциска перспектива пак љубовта може да се набљудува како алатка за опстанок на човечкиот вид, механизам кој се развил за одржување на долготрајни врски, заедничка одбрана и родителска поддршка на децата.

Филипа Пери, психотерапевт - Љубовта има многу облици
Ние сè нарекуваме љубов, но за разлика од нас луѓето во минатото немале само еден назив за неколку емоции. На пример филија – длабока, но најчестонесексуална блискост меѓу пријатели или членови на семејства, ерос - кога станува збор за сексуална љубов, или агапе, кога е во прашање најчистиот облик на љубов. Сè тоа е љубов, но не е можно да се очекува сите можни облици на љубовта да ви ги исполни една личност. Затоа и луѓето имаат семејство, да може емотивно меѓусбено да се надополнуваат.


Џулијан Багини, филозоф - Љубовта е страсна посветеност
Делумно не може да се даде одговор на прашањето што е љубов, затоа што љубовта не е едно нешто. Љубовта кон родителите, партнерите, децата, татковината, соседите, Бог и тнт. има различен квалитет, а секоја има и своја варијанта - слепа, еднострана, трагична, истрајна, превртлива, возвратена, безусловна. Но, во најдоброто издание, љубовта е страсна посветеност на некој однос кој го негуваме и развиваме. Затоа љубовта е многу повеќе од само моќно чувство.

Јојо Мојес, писателка - Љубовта е двигател
Што е љубов, зависи од тоа каков е вашиот статус. Ако сте сигурни во љубовта, тогаш таа ви е потребна како воздух, ако ја немате, таа е опсесија, или како физичка болка. Љубовта е двигател на сите големи приказни, не само романтични, туку сите останати. Најмногу фасцинира оној момент пред да се консумира љубовта, кога сè e неизвесно, има само исчекувања.

Кетрин Виборн, чесна сестра - Љубовта е слободна, а нè врзува
Парадоксот на љубовта е во тоа што е извонредно слободна, а сепак не поврзува со врски посилни од смртта. Не може да се купи или продаде, љубовта е најголем благослов во животот.

 
  • Like
Реакции: Prashina, Arkantos and Lena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Љубов е кога како трн да носиш во своето срце.
И тогаш и својот живот не си го гледаш без неговиот. Не можеш ни да си замислиш дека го имаш.
Како некој друг да живее со твоето тело.
 

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
38
Skopje
Кога при самото гледање на нејзе ти се превртува стомакот (пеперутките)