Што е за жените вистински маж?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
@187 SB еве јас ко некоја што ѝ отчукува биолошкиот часовник (пошто нели после 25 ништо од жената), немам намалено критериуми, дури и ги зголемив низ годините и не мислам дека ќе ги сменам. Али Боже мој, кај се еве 30, па 35, па 40 ехее, може ќе ми остане критериумот „само да постои“. :zelen
А реално, што критериум може да имаш на 22?

Хм, не знам да дефинирам што е пошто вистински биле во вистинските моменти т.е. се поклопувале/нуделе тоа што сум барала во моментот, а знаеме дека гледиштата се менуваат со годините.
Единствено остануваат најбитни неколку карактеристики (и за двата пола) - култура (да не седи со чачкалица во кафич и да ѝ довикува на келнерката „Невесто, врли уште едно пиво за мене, а за пичкава еден жут сок“), флексибилност (збориме за компромиси и да не се понаша инаетливо ко дете), дефинитивно да е со слична смисла за хумор пошто ако дојде да се расправате и објаснувате за што е шала - толку. И најбитно - да не е вејка на ветрот, да угодува на сите, да се „сложува“ и „поштува“ со сите, да го користат ко идиот, а домашните да ги запоставува и да не ги почитува. (puke)
Друго не ми текнува, материјални работи (и бицепси) се стекнуваат и губат, бесмислено е да се критериум во вакви непредвидливи и пребрзи времиња.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Права жена поштова кога праф маш ја тепа со каиш по задник и грб, тоа е знак за љубав, како викаат кој се сака тој се тепа, старите биле мудри, знаеле што кажуваат а не како сега младината распрдена па нешто на странски јазик некои глупости и филозофии, компактибилност или како беше тоа па нешто смисла за хумор да се совпаѓала па не знам што, аздисаа младиве и не им доаѓа памет, ги испуштива од раце откако укинаа аскер а и повремени војни беја добри за челичење на маш.
Децава не знаат што е прав пат, на времето ееее уште од осум годинки во фабрика или во рудник, да видат како се носи леб на софра а не како сега ништо не знаат и мислат парите растат на дрво!
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@187 SB еве јас ко некоја што ѝ отчукува биолошкиот часовник (пошто нели после 25 ништо од жената), немам намалено критериуми, дури и ги зголемив низ годините и не мислам дека ќе ги сменам. Али Боже мој, кај се еве 30, па 35, па 40 ехее, може ќе ми остане критериумот „само да постои“. :zelen
А реално, што критериум може да имаш на 22?

Хм, не знам да дефинирам што е пошто вистински биле во вистинските моменти т.е. се поклопувале/нуделе тоа што сум барала во моментот, а знаеме дека гледиштата се менуваат со годините.
Единствено остануваат најбитни неколку карактеристики (и за двата пола) - култура (да не седи со чачкалица во кафич и да ѝ довикува на келнерката „Невесто, врли уште едно пиво за мене, а за пичкава еден жут сок“), флексибилност (збориме за компромиси и да не се понаша инаетливо ко дете), дефинитивно да е со слична смисла за хумор пошто ако дојде да се расправате и објаснувате за што е шала - толку. И најбитно - да не е вејка на ветрот, да угодува на сите, да се „сложува“ и „поштува“ со сите, да го користат ко идиот, а домашните да ги запоставува и да не ги почитува. (puke)
Друго не ми текнува, материјални работи (и бицепси) се стекнуваат и губат, бесмислено е да се критериум во вакви непредвидливи и пребрзи времиња.

Сега сериозно, тоа е голема вистина, индивидуалноста при совпаѓањето, многу машки грешат коа кукаат дека биле фини и добри и пази затоа женските ги гледале како другари па френд зон поим се појави ничим изазван.
Освен психијатриски случаи не верувам дека постои женска особа која не сака да има до себе фин и културен лик кој нема да се чеша во гз и јајца, нема да ждрига пред нејзините или да прди во лифт.
That being said, има многу варијабили кои треба да се поклопат, од основното физичко допаѓање па покасно уште многу ствари. Не најмалку и какви намери се имаат, дали особите се решени за долгорочна ситуација па прават напори кон таа цел или не се сигурни сеуште...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318

Ти благодарам за искажаното мислење во поглед на темата. Инаку според напишаното воопшто не ти се високи критериумите. Сепак мислев дека повеќе ќе се задржиш на физичкиот изглед отколку на карактерот. Со оглед дека на голем дел од девојките сметам дека тоа им е поважен елемент.

Според мене голем дел од девојките кои имаат тешки комплекси преферираат добри момци за да има на кого да ги лечат комплексите. Еден дечко што го познавам е во врска со таков комплексаш. Дечкото е добар на леб да го мачкаш, ама оваа душата му ја извади. Последниот пат ми се довери дека му влепила шамар, само затоа што не се согласувале околу некоја тема во поглед на мислењата. Плус се жалеше дека психички го малтретирала, во смисла дека постојано му ѕвонела да види дали е сам или ја изневерува со некоја друга. Дури и за излегување неа ја прашува дали планирала нешто или да излезе со другарите. Мислам дека има врски каде што еден од партнерите е комплексаш. И остануваат во врска со нив затоа што немаат самодоверба и не се сигурни во себе и своите квалитети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Не знам ти колку си и за која возраст на девојки збориш, но делува ко да е за помладиве.
Изгледот е битен ако си под 22-3, натака е малку жално ако тоа ти е основен критериум. Ако идеме за изглед, да, имам тип - да е висок (пошто и јас сум висока и сакам да се осетам поситно :D ), црн/темно смеѓ и со убава, средена брада (тетоважи се плус), ама сум имала и плави дечковци, сум имала и дечко со церебрална и го сметам за еден од најпаметните и најфини луѓе што некогаш сум ги запознала (а ми беше и сладок), така да тука физичкото не играло некоја улога. Да, секогаш мора да има и некоја доза физичка привлечност, но се случува и подоцна да почне да ти се допаѓа личноста физички, а исто се случува и да прекине да ти се допаѓа и физички и на секој друг начин некој што на прв поглед те привлекол. (think)

А, за другар ти не викам дека не е така, има секакви, но може другата страна на приказната не ја знаеш. Затоа и спомнав погоре дека може со другите некој да е најфин на свет, а со домашните и партнерот е ко сосема друга личност. Може си се токсични меѓусебно пошто верувам дека, колку и да си добричина од личност, кога еве веќе знаеш дека партнерот е токсичен, имаш лимит на тоа колку пати да прогледаш низ прсти за такви манипулации.
Вака е малку мазохистички свесно да останеш во таква врска.
Пак ќе речам, има секакви врски и не им ги знаеме причините зошто се или не се заедно.
 
Општо зборував за оние од генерација од 1990 година па навака. Кај сите генерации ги има истите појави, кога станува збор за комплексите. Ама во право сте најчесто се среќаваат кај овие поновите генерации.

Можеби сте во право за дечково и тоа дека различно се однесува со пријателите, а различно кога е со неа.
 
И јас сум во тие генерации од 1990 па навака, ама пак ќе речам дека е индивидуално за физичкиот изглед ко топ приоритет. Можеби ако убавината е единствено нешто што некој може да понуди, па истото и го бара за возврат, не знам. (wasntme)
Можеби тинејџерите и овие од доцни 90ти се уште така поповршни, иако гледам примери на тинејџери какви што само посакувам да бев - храбри, свои, неповршни, не ги интересира дали некој ќе им рече дека се обелкуваат и однесуваат спротивно од својот пол и тоа за мене е нешто што човека го прави вистински.
Ама да не забегувам од темава многу, се разбравме. :)
 
Се согласувам дека е индивидуално, ама сепак мислам дека на повеќето физичкиот изглед им е од приоритетно значење. Без разлика дали станува за машко или за женско. Дури подоцна се соочуваат со проблемот дека погрешиле што не внимавале и во поглед на карактерот. Се повеќе такви примери имам во моја околина. Закани дека ако ги напуштат , ќе им наштетеле физички.

А во поглед на храброста, никогаш не би бил храбар до тој степен на нивни години. Ама и тоа сепак е индивидуално.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам ти колку си и за која возраст на девојки збориш, но делува ко да е за помладиве.
Изгледот е битен ако си под 22-3, натака е малку жално ако тоа ти е основен критериум. Ако идеме за изглед, да, имам тип - да е висок (пошто и јас сум висока и сакам да се осетам поситно :D ), црн/темно смеѓ и со убава, средена брада (тетоважи се плус), ама сум имала и плави дечковци, сум имала и дечко со церебрална и го сметам за еден од најпаметните и најфини луѓе што некогаш сум ги запознала (а ми беше и сладок), така да тука физичкото не играло некоја улога. Да, секогаш мора да има и некоја доза физичка привлечност, но се случува и подоцна да почне да ти се допаѓа личноста физички, а исто се случува и да прекине да ти се допаѓа и физички и на секој друг начин некој што на прв поглед те привлекол. (think)

А, за другар ти не викам дека не е така, има секакви, но може другата страна на приказната не ја знаеш. Затоа и спомнав погоре дека може со другите некој да е најфин на свет, а со домашните и партнерот е ко сосема друга личност. Може си се токсични меѓусебно пошто верувам дека, колку и да си добричина од личност, кога еве веќе знаеш дека партнерот е токсичен, имаш лимит на тоа колку пати да прогледаш низ прсти за такви манипулации.
Вака е малку мазохистички свесно да останеш во таква врска.
Пак ќе речам, има секакви врски и не им ги знаеме причините зошто се или не се заедно.

Многу ми беше бед што раскинавте со дечкото со церебрална, штета...

Rant & banter pending :frantic
Е сега имајќи претежно добри искуства со женскиот пол во било која сфера и специфично во љубовниот живот со кулминација во најдобрата врска за која знам дека постоела евер во реалност (ич не се фалам :p ) и која ќе остане како стандард, можам да споменам некои ствари кои ги научив низ животот.

Во врска со врските (јеј) главна е динамиката и потенцијалот на заедништвото меѓу две особи.
Колку и да има физичко допаѓање, палење, карактерно, интелектуално и секакво подударање и одлични предуслови, сето тоа има тенденција полека да избледи после некое време, може да е пола година, може да е 3-4-5 години но кога и да е, бледилото ќе се појави, филингот ќе исчезне, сексот нема да биде како на почеток...

Тоа е затоа што врската меѓу машко и женско има биолошко-еволутивно потекло од кое е тешко да се избега.
Има три ситуации кои се главни за трајна и стабилна врска која прераснува во брак и заеднички живот а тоа се интимното заедништво во физичка и емотивна смисла меѓу две особи кое прераснува во засебен ентитет познат како "ние", имотно-материјалното кое се стекнува со помош на "ние" и секако потомството како резултат на "нас".

Во денешно време е се потешко некои да се одлучат за сериозна врска која подразбира пред и над се заедничко живеење и делење на простор (тоа е основен филтер верувајте, кога си непрекинато со некого брзо знаеш на што си), делење на задолженија и работи, делење на трошоци и све што доаѓа со тоа.

Многу е нормално и убаво да една врска биде на задоволство на обете страни, но тоа задоволство не е доволно за долготрајна врска или брак. Се е тоа фино, забављање и сето тоа, но ако нема предизвици кои заеднички треба да се пресретнат, што понатаму? Излегување, забављање, секс, друштво, забављање, пиење, секс, трава ова она, муабети, понекој конфликт, секс...нема ништо кон кое парот се стреми, "ние" останува redundant.

Не може да се опише филингот кога заеднички се остварува нешто. Јас и мојата вереница за каков-таков период што судбината ни го додели градавме кариера во исто време, јас имав купено место на кое требаше да се изгради енергетски независна куќа (и тоа таа го прифати како нешто одлично пошто и таа потекнуваше од working class environment) па така остануваме до касно понекогаш планирајќи го распоредот на куќата па се до ситници и детали...и нормално после некое време веќе се наоѓа човек во помисла дека не би имал против да има деца со особата со која веќе дели постела.
Но тоа беше природен развој на настаните кога си среќен што се будиш покрај некоја, кога looking forward на уште еден ден со неа, кога не ти е проблем да респектираш кога и треба време, пример - 5-6 саати да не правите муабет пошто сериозно и треба концентрација за учење за испити, развивање на свои мали ритуали кои го прават секојдневието убаво.

Проблемот со мажите во ова ново време е што се загубија многу карактеристики кои некогаш биле потребни за да се опстане, да се направи нешто на било кој план, да се реализира себеси, се помалку има потреба од физикалии, се помалку има потреба од попови, офицери и остали традиционални позиции каде мажите граделе кариери.
Па така мажите се сега во расчекор, меѓу екстремите на Инселите и на феминизираните мамини синови, тешко се адаптираат на новата ситуација, дека нема потреба некој да се дере и да удира со бокс на маса за да биде разбран.
Не знам во кој правец ќе оди сето тоа, но засега е нејасно.

Се согласувам дека е индивидуално, ама сепак мислам дека на повеќето физичкиот изглед им е од приоритетно значење. Без разлика дали станува за машко или за женско. Дури подоцна се соочуваат со проблемот дека погрешиле што не внимавале и во поглед на карактерот. Се повеќе такви примери имам во моја околина. Закани дека ако ги напуштат , ќе им наштетеле физички.

А во поглед на храброста, никогаш не би бил храбар до тој степен на нивни години. Ама и тоа сепак е индивидуално.

Постојат сериозен процент на девојки и жени на кои најважно им е да бидат поштовани, сакани, задоволни и задоволени и да имаат стабилен партнер кого би го сакале и со кого би можеле да имаат серизона врска/брак/семејство.
Не знам зошто никој не ги споменува нив, реални, постоечки, фини, паметни туку сите некако ги споменуваат нивните спротивности како тој примерот со таа што го шамарела типот. Таквите се далеку помал процент од оние кои ги споменав.
Е сега мажите често трчаат по ненормални женски особи и после кукаат...а некои трчаат по жена-трофеј ради која ќе му завидуваат сите, нога, цицка, стегнат гз, да се вртат по неа по улица и сета таа прича...и после кукаат :pusi

Има уште многу да се каже, од потребата за сигурност кај голем број жени која потекнува од еволутивни причини до капитализамот пресликан во односите меѓу партнерите но за тоа нареден пат :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur

Само што го дочитав ова и ми текна на темава.
Еве праф маш - Покемон, каки шорц и катана за свадба. Долу сигурно има и сандали уз белите чорапи.
Невестата делува ко да е исечена и залепена од друга слика или се облекла така на заебанција за 14-ти роденден на младоженецов.
Според коментарите, двајцата имале по 30ина години. (worried)

Освен ако немале некој претходен заеднички договор (според кој фер би било и невестата да се појави по маицата во која спие, а не во фустан и со ланче што сигурно чинат илјадници долари), ова е права дефиниција за стапување во брак колку да не се остане сам и имање нула критериуми за што сакаш од партнерот.
Навистина сметам дека е минимален труд да изгледаш пристојно на овој ден. А, ако веќе сте решиле themed wedding, нека биде за сите, не вака ко небо и земја да се споиле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider