Немаме Ноќ на Вештерките, ама имаме тикви колку сакаш.
Начекав кај мајка ми по тетратките некаков рецепт за тиква со ориз и млеко, па решив да го пробам.
Многу лесно се прави: Тиквата се сече на парчиња и се трга кората, се местат во тава, врз нив буквално се расфрла еден филџан ориз и тоа се полива со млеко и вода (одев со две чаши млеко и две вода, ама сè зависи до вкусот и големината на тепсијата).
Се додава шеќер по желба, може и во млекото, може и одозгора, се впива веднаш. Јас три лажици ставив.
Се пече на 250 степени едно пола саат т.е. дури да стане нешто ко на сликата.
Се мислев дали во брзите рецепти или тука, али нека го овде.

Подготовката зема сè на сè 20ина минути.
Е сега, маана му е што се раскашавува, па на око не е баш Мис Храна т.е. вака на потпечени макарони личи

, ама е ептен вкусно и лесно за јадење.
Лапни-голтни, што викаше баба ми.