Шминка - да или не?

Дали преферирате шминкани девојки или девојки без шминка

  • со шминка

    Гласови: 4 50.0%
  • без шминка

    Гласови: 4 50.0%

  • Вкупно гласале
    8

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
407
363
Skopje
Да, зашто да не и нагласена и подискретна, сакам да си бидам средена во секое време , ама се случило многупати да излезам само со една обична крема за лице на мене. Но повеќе уживам да се шминкам :mstickle
 

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
И јас си се шминкам за себе,се чувствувам посвежо и самоуверено,сепак шминката освежува додека не е претерана.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Никогаш не ставам пренападна шминка. Секогаш е тоа во границите на нормалата. Креонче, маскара, карминче со нежна нијанса. Пудра ставам ретко, затоа што и немам некоја голема потреба од неа. Ако се работи за некоја свеченост знам да ставам и туш на очите и сенка.
Ми се случува да излезам и ненашминкана.
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Што поприроден изглед ,само маскара ,креон , пудра за свеж изглед ,природно си е природно и лабелоо за уста ништо повише,тие кои се шминкаат превише изгледаат како страшило без шминка се плашат машките од нив кога ке се разбудат сабајле заедно :rofl
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
малку пудра.. туш за очи и римел
нема потреба од претерано шминкање зошто кога ќе видиш некој со премногу шминка веднаш се знае дека под тоа се не се крие убаво лице! :D
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Никогаш нема шминката да ги смени цртите на личноста, па така голем нос не се камуфлира. Што се однесува за шминка сум за. Зависно од потребата, таква и треба да биде. Не можеш да отидеш и да завршуваш обврски со сенка под веѓа, како што нема во дискотека да се појавиш без пудра.
Шминката е заедно со уште неколку други работи кои ми даваат повеќе самодоверба и ме прават опуштени.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Убава жена е негувана, средена жена.
Ова правило ми е некако доволно мото, да заборавам колку сум мрзлива кога сум поспана наутро.

Утринско туширање, тенок слој пудра, маскара, туш, моливче и сјај за усни...Сосема соодветно и доволно да знам дека кога ќе излезам од врата и ќе се замешам со рајата надвор ќе изгледам пристојно.

Се шминкам за да си го потхранам егото дека делувам привлечно, и да не глумиме Лепа Брена, јасно е дека се шминкаме за сепак за одразот во огледало и во другите очи да биде задоволувачки.
Секоја жена сака да биде убава, а шминката е стимул.

...И да, убаво кажа Реми, голем нос не се камуфлира ни со 10 комада коректор, ни со пет слоја пудра...ама јас таа шминка ја сфаќам како ритуал со кој ќе бидеш поопуштен и самоуверен.
Па што би било да шетаме со убав модар подочњак, мозолче , црвенила, темни кругови...кои само ја извитоперуваат свежината и убавата насмевка полна со самодоверба.