Чет муабети (ти реков-ми рече)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Danish.Princess све тоа у реду дека си позајмила свое корисничко име на некој што во моментот е во Скопјево, не мора да покажуваш туѓи лични фотографии бидејќи тоа веќе во најмала рака ја ставаш братучетка ти во лоша ситуација пошо секакви будали кружат по интернетот а во поголема е еден вид на прекршок на личната приватност (ако не си ја прашала прво пред да ја ставиш).
Знам дека малку глупо е што многумина тука те навјасаа со невкусни коментари, но не им придодавај многу до значење. Пиши си го оноа што го имаш, без претензии истото да биде насекаде повторувано пошо така боде очи и настанува оноа што погоре ти го спомнав. И не го давај твоето корисничко име на никој, затоа што со тоа даваш и твоите лични мислења да бидат променети.
Поздрав и продолжи со дискусијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Fashion.Lover

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
@Saladin сама ми кажа да и ја ставам,иако јас не сакав,затоа што не сакав да ја ставам во лоша ситуација.Не може правилно да одлучува има 16 години,во пубертет е,а сите знаеме дека во пубертет не можеш правилно да одлучуваш.И и кажав на кои теми да пишува мислења.Така што сама ми кажа да го направам тоа.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Не сум била долго активна и немам појма што е муабетов, и не е мое да кажем ама ми излезе известување за горенаведеното мислење и се извинувам вака ама како може во еден ист пост да се каже дека некое дете во пубертет 16 год не може да рассудува паметно, и истото дете ти кажало што да направиш и си направила а сметаш дека е несоодветно.
just saying...
Пак извините што се мешам, не сум упатена во темава на разговорот , но ме замисли....
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Saladin сама ми кажа да и ја ставам,иако јас не сакав,затоа што не сакав да ја ставам во лоша ситуација.Не може правилно да одлучува има 16 години,во пубертет е,а сите знаеме дека во пубертет не можеш правилно да одлучуваш.И и кажав на кои теми да пишува мислења.Така што сама ми кажа да го направам тоа.
чекај чекај, сама она ти се понудила за некаков спор што ти го имаш тука на форумот? Не ми е јасно нешто....
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Абе ајде, ко да не може да си направе сопствен профил :rolleyes:
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
чекај чекај, сама она ти се понудила за некаков спор што ти го имаш тука на форумот? Не ми е јасно нешто....
Не e за спорот тука ама дека нели на секое цитирање,тагнување,стигнуваат новости и видела се.Видела дека сите лично се познавате тука,јас постојано и викам не може да ставам нејзина слика,ама кој ме слуша.Само јас знам дека го користи профилот.А инаку сакала за да прашува за мода,за нејаснотии по математика,англиски и се останато поврзано со образование,зашто иако сум професор,не можам секогаш да и помагам,па затоа сака тука да се обрати.Знам дека има дополнителни часови и курсеви,ама таа што и предава бира кого ќе вика на дополнителна,а курсот е скап,а само еден работи од нејзиното семејство и плус брат и е со посебни потреби,затоа единствен излез и е овде.А што се однесува спорот ми кажала да ве известам дека и таа ќе пишува.
 
Последна промена:

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
@Aleksis да ти кажам искрено не се сите познати девојки што ги објавуваат на таа страница,тогаш бев во Украина,админката ја имам за пријател и ме праша дали да ја стави.Инаку јас сум тоа.