Несомнено дека односот има огромно влијание.
Женско, научено на златна лажица од татета, во најголем број случаи преминува во "Working at: ja neradim, jasam tatina princeza" и бара некој што ќе ја думка ко татка ѝ - менаџер на кафич, татин син, итн., за женско научено да ја заменува мајката и да пие шамари од газдата на куќата, многу „нормално“ е да мисли дека едно семејство така функционира и дека таа не заслужува ништо поарно, hence се дешава да земе мангуп што плука меѓу заби кога команда по дома, ја тера да му мие нозе и обично носи чешел-шишка до 1/10 од челото.
Нормално, да не нагласуваме дека секогаш има отстапки.
Еве па, за женско растено со женски родител...зависи од околината. Не дека е исто, ама сум имала среќа да имам блиски машки роднини, мајка ми да ме воспита, па и да израснам со машки другари, па поради тоа немам, ко некои, одбивност кон и страв од машкиот род...али па затоа сум мајстор да се ставам во френдзоун, пошто, освен ко спрема брат, јас поинаку и не знам да се однесувам. Јас не знам да флертувам, се осеќам моронски или на мајтап вртам машко ако ми даде комплимент, треба да ми се нацрта, избои, па и додатно да ми се каже и напише ако некому се допаѓам...а реално, ретко кој има нерви за тоа, па обично иде впечатокот дека не ме интересира. Единствено тука го гледам недостигот на совети и учење што може само татко да ги даде. Daddy issues much?
Али, читајќи го па „тате“ (леле, сори, ама...) горе, па и пофино ми е вака бе.