Филолошки:
Поени од активност,
Поени од присутност,
Поени од семинарска,
Поени за координатор на група(втф?! за едно известување на фб давала проф по Теорија на книжевност 10 бода! се запрепастив кога слушнав)
Значи тебе ти се собира да изавидш 40 бода на испитот и добиваш минимум 8мица.
И кога ќе слушнам денес од горенаведените факултети : квадрирав година тешко беше(освен ако не се работи за човек што напоредно и работи и студира или некој икс проблем) ми иде да им отидам и да им учукам една.
Морам овде да те демантирам...т.е. бар за англиска катедра, другите имаат среќа ако е така.
Поени од активност - Нема. Не па и дека има некоја јака активност. Сѐ оди по шаблон - професорот си чита од книгата, ти блееш во плафон и решаваш равенка колку е стара неонката горе базирано на слојот прашина насоберен на неа. Постојат ретки предмети што бараат активност, но не ја добиваат. Жими Британецот што се труди и пцуе кога само прашува, а сите го гледаат ко телиња, на другиве им е сеедно.
Поени од присутност - Јок. Најголемиот дел ни списоци не пуштаат, што од мрза, што пошто знаат дека пола час ќе мине дури да проверат дали сите 300 потпишани души се присутни...а и тоа ги мрзи. Држат по 3 предмети со години и веќе сѐ им е смачено, ама пусто место не им се отстапува.
Поени од семинарска - Само кај некои изборни предмети, ретко кој друг дава.
Од 6-7 предмети во семестар, среќа е 2 ако имаат колоквиуми. Сѐ е сведено на четиричасовни испити каде треба да одговориш прашања, да заокружиш, да напишеш есеј, да анализираш поеми и ликови од книга...и притоа во сето тоа брзање, сѐ да е читко, пошто отидоа и за тоа поени.
Имаш само 2 шанси годишно, паднеш ли, презапиши си, молим лепо.
Од електро неќе да е потешко, ама камо среќа да се даваа поени за горенаведените работи...