Чет муабети (ти реков-ми рече)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сега читаш за ова со Цепелин? Кога бев прва и седев во интернат, имав комшија кој студираше теологија. Еднаш падна збор за ова и ми извади цела книга која му ја дале од факултет со анализа на текстови на песни од бендови како Сабат и Цепелин и нивните повикувања на обожување на рогатиот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Логичен заклучок е дека темите што беа отворени за девојките и метал/панк музиката, сакаа да ја навлечат женската популација на блудничење.
Поради тоа, темите треба да одат во канта.

И да се потсетиме за децата-наркомани, во кои спаѓаат и металиките, паурд бај Трендо...

Можни симптоми се:
1) Тајност (пример: мастурбирање)
2) Менување на пријателите (ужас!)
3) Промена на облеката и општиот изглед (детето го губи патецот)
4) Зголемена изолација (толку некарактеристична за тинејџери; во понатамошниоот текст "ТНЗТ")
5) Промена на интересот или активностите (одеднаш престанува да гледа Нинџа Желки)
6) Попуштање во школувањето (ТНЗТ)
7) Промена на однесувањето кон домашните (ТНЗТ)
8) Седење навечер доцна или цел ноќ (ТНЗТ)
9) Носење на шишенце со капки за очи за отстранување на црвенилото на очите (Прокулинот како симптом)
10) Откажување од спорт или други занимања (ТНЗТ)

Јавни или сигурни симптоми се:
1) Длабока депресија проследена со спиење по неколку часа (еј, и по неколку часа!)
2) Избегавање на контакти со фамилијата (кога тетки му викаат "Леле колку си пораснал" а тој избегава да продолжи муабет)
3) Зголемено отсусство (бегање) од училиште (кој не избегал од час, нека го фрли првиот неоправдан)
4) Досада додека е дома (тоа е тоа!)
5) Зголемени таинствени телефонирања (што има да се крие?)
6) Почнува да пуше (ако е ова напишано под влијание на хрватскиот јазик, тогаш е единствената точка која има логика: "Почнува да дува")
7) Проблеми со пари (зарем е можно?)
8) Екстремно губење или добивање на килажа (да си биде на свое, најубаво)
9) Дружење со нови и постари деца (секогаш треба со стари и помали)
10) Истерување од школо (ај добро)
11) Насилнички и кавгаџијски однос (ај добро)
12) Слушање на хеви метал музика со содржина за дрога (тоа е тоа!!!)
13) Однесување на изгубеност, дезорентираност (- Сине, кај си? - Тато, дај запали сијалица, не ме работи)
14) Насилнички физички однос кон помалите (кон постарите не важи)
15) Промена на темата ако се праша за дрога ( - Сине, се дрогираш ли? - Тато, ај пиј си тоа ракијата)
16) Поминување долго време на улица или некое место (некое место?)
17) Долги периоди на одење в нужник (ќе се опстипирам од смеење!)
18) Изгорени алишта со дупки (што никогаш не им се случило на тинејџери кои пушат цигари)

Кога овие знаци или симптоми се присутни, тогаш со сигурност детето се занимава со дрога (да потсетиме: долго сере, слуша хеви метал и досадно му е дома). Ова се сигнали кои укажуваат на фактот дека детето не само што почнало, туку зема дрога подолго време (да потсетиме: долго сере, слуша хеви метал и досадно му е дома). Повеќето од симптомите внимателно се кријат за да не интервенират родителите. Но интервенцијата е тоа што треба веднаш да се направи.
Понатаму, ако во ташна или во фијока најдеш огледалце, лулиња, гумено црево, жилети, мали ножички, хартија за цигари, сребрена фолија, упаљач и кибрити (мора ова во комплет или само огледалце е доволно за паника?) тоа се исто така показатели кои укажуваат на фактот дека детето можеби почнало да се занимава и зема дрога. Исто така, ако се примети точки на раката од шприц, носење блузи со долги ракави да не се приметат рацете (рековме, граматички не), исчезнување на драгоцености или скапи предмети, крвави очи, подочнаци, споменување на самоубиство или обид за самоубијство и исчезнување на лекови од домашна куќна аптека, тогаш исто така се работи за знаци кои укажуваат дека детето употребува дрога".

1534450_630023800405201_8120942292346768972_a.jpg
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Во завршна фаза е, ми фали устав уште :(
И јас тоа мислев, белгиското знаме со плаво-бели пруги и плаво бел крст (наопаку) во аголот и црна ружа на средина :pusi
Vive le Vegeta !
A закони нешо ово оно ?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога овие знаци или симптоми се присутни, тогаш со сигурност детето се занимава со дрога (да потсетиме: долго сере, слуша хеви метал и досадно му е дома). Ова се сигнали кои укажуваат на фактот дека детето не само што почнало, туку зема дрога подолго време (да потсетиме: долго сере, слуша хеви метал и досадно му е дома). Повеќето од симптомите внимателно се кријат за да не интервенират родителите. Но интервенцијата е тоа што треба веднаш да се направи.
Понатаму, ако во ташна или во фијока најдеш огледалце, лулиња, гумено црево, жилети, мали ножички, хартија за цигари, сребрена фолија, упаљач и кибрити (мора ова во комплет или само огледалце е доволно за паника?) тоа се исто така показатели кои укажуваат на фактот дека детето можеби почнало да се занимава и зема дрога. Исто така, ако се примети точки на раката од шприц, носење блузи со долги ракави да не се приметат рацете (рековме, граматички не), исчезнување на драгоцености или скапи предмети, крвави очи, подочнаци, споменување на самоубиство или обид за самоубијство и исчезнување на лекови од домашна куќна аптека, тогаш исто така се работи за знаци кои укажуваат дека детето употребува дрога".


:zelen

...носење на очила за сонце и ноќе за да се прикрие лудачко-наркоманскиот израз....ненадејно исчезнување на лепакот или кантицата со боја за ограда од подрумот....:zelen исчезнување на премети од чеизот на невестата, продадени на црно за нареден фикс.....и секако сомнителна литература...

Сега читаш за ова со Цепелин? Кога бев прва и седев во интернат, имав комшија кој студираше теологија. Еднаш падна збор за ова и ми извади цела книга која му ја дале од факултет со анализа на текстови на песни од бендови како Сабат и Цепелин и нивните повикувања на обожување на рогатиот.

Имам слушнато порано ама секогаш ми е смешно, и по месец два да читнам некаде за тоа пак ќе ми е смешно, не застарува ова, евергрин е :D

A закони нешо ово оно ?

Нема потреба, џентлменски договор, нешто во таа смисла......секако освен закон за сквернавење (јако зборче:D) на светата Вегета, во сечиј дом ќе мора да има декларација од паковка на Подравка...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Па добро не е на сите факултети и баш така лесно,нема врска темата е екстерно оценување и сакав да кажам дека ми нема логика и дека е една од наглупавите работи што ги вовеле во образованието :)
Дека не сте виделе што е тешко, затоа викате дека не е на сите факултети така лесно :)
Рака на срце уште за Архитектура можам да кажам дека уште си го држи стандардот од порано...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Аркантос
Дека не е на сите факултети тешко, не е. Појди на електро (било кој смер), математика, хемија и физика на ПМФ, машински, па ајде ќе го ставам и финки тука па кажи ми колку е лесно да завршиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pisoi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
@Аркантос
Дека не е на сите факултети тешко, не е. Појди на електро (било кој смер), математика, хемија и физика на ПМФ, машински, па ајде ќе го ставам и финки тука па кажи ми колку е лесно да завршиш.
Има бодови од присутност/активност/семинарска?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има бодови од присутност/активност/семинарска?
На електро, поени од присутност јок. 30 поени од колоквиум ти се доволни само за да ти се важи како валиден колоквиумот. Пример 1кол. 30 поени и втор кол. 30 поени добиваш ништо :zelen. Семинарска зависи за кој предмет, на повеќето воопшто не бараат, на некои предмети е за оцена плус (ама ова само ако положиш првин), а на некои предмети услов за потпис. Поени од активност јок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pisoi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
На електро, поени од присутност јок. 30 поени од колоквиум ти се доволни само за да ти се важи како валиден колоквиумот. Пример 1кол. 30 поени и втор кол. 30 поени добиваш ништо :zelen. Семинарска зависи за кој предмет, на повеќето воопшто не бараат, на некои предмети е за оцена плус (ама ова само ако положиш првин), а на некои предмети услов за потпис. Поени од активност јок.
Значи сѐ се сведува на испитите/колоквиумите?
Океј тогаш го повлекувам зборот за електро, за Финки не, сто посто им се важат семинарските, 10 бода, и активност плус присутност 10 бода.

Ама да се изјаснам зошто викам дека пола од факултетите ги однесоа во бестрага:
Економски, Правен, Филозофски, Филолошки:
Поени од активност,
Поени од присутност,
Поени од семинарска,
Поени за координатор на група(втф?! за едно известување на фб давала проф по Теорија на книжевност 10 бода! се запрепастив кога слушнав)
Значи тебе ти се собира да изавидш 40 бода на испитот и добиваш минимум 8мица.
И кога ќе слушнам денес од горенаведените факултети : квадрирав година тешко беше(освен ако не се работи за човек што напоредно и работи и студира или некој икс проблем) ми иде да им отидам и да им учукам една.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е дека и таму нема искомплексирани професори кои нема да ти дозволат да полагаш ако не отидеш два-три пати или поради некоја банална причина, ама за разлика од техничките факултети се далеку полесни. Кај нас на електро, прилично се` се сведува на испити и колоквиуми. Повеќето од предметите имаат лабораториски вежби од кои добиваш поени и се задолжителни за потпис и ако ги добиеш сите поени (скоро невозможно), добиваш оцена плус ама прво мора да добиеш најмалку 6-ка од испит/колоквиум. Плус повеќето од предметите се полагаат задачи + теорија и се оценуваат посебно задачи, посебно теорија. За да положиш предмет мора и двата дела да ги положиш (зависи од професорот, речиси сите предмети мора да ги положиш и задачите и теоријата во иста сесија).