Чаеви за слабеење | Црнобело Форум

Чаеви за слабеење

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
Абе така е. Убаво е да се пие чај секојдневно, ама тоа дека ќе ги ослабе...хмз :svirka Без напорна работа нема ништо
Абе има и такви чаеви што ти го намалуваат апетитот демек од тоа ке ослабнеш... А да земеш да јадеш здрава исхрана на секои 2-3 часа ке го забрзеш метаболизмот и ке слабееш и плус физичка активност... бомбонче ке станеш. Да здраво е да се пијат чаеви секојдневно нане,брусница,зелен,црн,липа итн итн мн ги има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Имам слушнато дека од овој чај се ослабнувало.Немам пиено затоа што не ми треба :D.Сестра ми го најдила на интернет и почна да го пие пред некое време резултати уште нема ама велат дека помагал.
Во 3л зовриена вода се става:
4 кесички чај од магдонос
4 ќесички чај од мајчина душица
4ќесички зелен чај
2 ќесички кантарион
да стои пола саат па се вадат ќесичките, се додава 3 лажици мед и 4 исцедени лимони
се пие 2 дена по 1,5л на ден
се пие 6 дена па се прави пауза од 2, па уште 6 дена
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Тие чаеви работат така што го забрзуваат метаболизмот (и затоа мајка ми која има проблеми со запек ги користи од друга причина:rofl). Инаку, јас не сум користела вакви работи.
 

IronMan

Нов член
7 ноември 2013
20
10
3
Од чај ако ослабниш... сите тоа ке го правеа. Не верувајте во такви глупости Среди исхрана, почни со физичка активност а резултатите само ке дојдат ;)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,778
7,300
1,153
Big Sur
Госпожине по домаќински муабети на Фејсбук постојано се во потрага за чај за слабеење, ама ако може без да се откажат од лоша храна, а други госпожи зачленети во некаков Лимес и Фармаси им нудат секакви глупости.
Детокс чај, зелен змај, што ти знам...
На 15-16 години пиев некакви чаеви безвеза така + едни апчиња од зелка, демек за слабеење. Се губевме со мајка ми, па после јадевме во 22ч ко улави.

Единствено можда Алкалакс, па како влегло, така и да излезе јадењето. :zelen
Додуша, имаше еден, не ми текнува што микс беше (не беше за слабеење ама), што беше толку грд на вкус и те остава ко со боцкава прекривка на јазик, па едни киселини грди, после ич не ти текнува да пробаш да јадеш.
Другово мало морген со нула физичка активност. Некако ме иритира повеќе од што треба кога ќе почнат со „Некакво чајче да препорачате за топење килограми?“
Еве, одма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Додуша, имаше еден, не ми текнува што микс беше (не беше за слабеење ама), што беше толку грд на вкус и те остава ко со боцкава прекривка на јазик, па едни киселини грди, после ич не ти текнува да пробаш да јадеш.
Па така се слабее, со грд чај. Ене оној слим микс од мртви глувци правен е, и делува. После една чаша од него, 3 дена нема да јадеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,778
7,300
1,153
Big Sur
Па така се слабее, со грд чај. Ене оној слим микс од мртви глувци правен е, и делува. После една чаша од него, 3 дена нема да јадеш.
Мислиш?
Прееска баш бев во аптека со другарка и баш го приметив. Значи нема да е лошо да се купи за периодов.
Таман стеснив едни фармерки на шнајдер, ама се преценив малку појче, па да слабеам сега за да ме собере во нив.
Подеднакво грд ми е и чај со млеко. Додуша, моето чај со млеко значи дека прво пијам кафе, па после пола саат чај и на крај почнувам да умирам од киселини.
Се може кога се сака. :zelen
 

Bozle

Истакнат Член
18 ноември 2018
7
4
303
41
Некако случајно дојдов до чајот Алкалакс се пие пола саат пред спиење и после него не е добро да се јаде Со една кутија имаше резултат. Го оставив оти мислев даска ќе станам.