Некогаш многу сте ми несфатливи бре луѓе. Ако сакате да ослабете долгорочно, чај НЕ ПОМАГА.
Лично јас, пијам зелен чај, ама не ради слабеење, туку затоа што е здрав. Консумирав многу кафе, претерано, а сега полека го исфрлам кафето и прибегнувам кон чајот.
Чаевите наменети за слабеење можеби ќе помогнат додека ги користите. Нивната работа е базирана на побрзо варење на храната, и нели, соодветно, побрзо и почесто празнење.
Е сега, можеби ќе намалите некој килограм, ама по престанувањето со пиење на чајот ќе се јави т.н. синдром на „мрзливи црева“. Односно, вашите црева ќе бидат навикнати некој трет (чајот) да ја врши поголемата нивна работа, па така ќе си добиете прилично обемен ЗАПЕК, кој ќе си го лечите исто поприлично долго време.