1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Чаеви за слабеење

Дискусија во форумот 'Специјална исхрана' започната од freak, 8 август 2012.

  1. freak

    freak Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    190
    Допаѓања:
    120
    Дечки дали има некој слабеено со чај и какво му е искуството? Ако може да ми препорачате чај за слабеење, каде можам да го најдам и по која цена. :)
     
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Земи си Зелен чај. И пиј го без шеќер.
     
    На 84 sk_Y ^_-, Luckky, Andrea Bloodbucket и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,374
    Во секоја аптека имаш чаеви за слабеење. ( и во тинекс има )
     
  4. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    не ти требаат чаеви, вежбај, пиј многу вода, секое утро пиј еден исцеден лимон, прави си антицелулитни масажи и ќе средиш се... еве едни вежби од кои има ефект...



    овие се повеќе за задникот и нозете, а овие се за стомакот

    http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/4-напредни-вежби-за-затегнат-стомак
     
    На freak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    Ти го препорачувам Кирколина, го има во повеќето маркети и е околу 60тина денари..
    Со редовна употреба и упорност ќе има резултати:)

    [​IMG]
     
  6. Andrea Bloodbucket

    Andrea Bloodbucket Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    328
    Не мора да пијаш чаеви за слабеење. Нема ефект. Само добар режим на исхрана, вода и малце вежбање.
     
  7. littleblackdress

    littleblackdress Полноправен Член

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    74
    Имаш пиено? Или знаеш некој шо има пиено?

    Навистина е добар зелениот чај особено доколку онака не си многу по здравата храна.. Ќе го прочисти и детоксицира организмот :)
     
  8. Farfalla

    Farfalla Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    1,012
    Некогаш многу сте ми несфатливи бре луѓе. Ако сакате да ослабете долгорочно, чај НЕ ПОМАГА.
    Лично јас, пијам зелен чај, ама не ради слабеење, туку затоа што е здрав. Консумирав многу кафе, претерано, а сега полека го исфрлам кафето и прибегнувам кон чајот.
    Чаевите наменети за слабеење можеби ќе помогнат додека ги користите. Нивната работа е базирана на побрзо варење на храната, и нели, соодветно, побрзо и почесто празнење.
    Е сега, можеби ќе намалите некој килограм, ама по престанувањето со пиење на чајот ќе се јави т.н. синдром на „мрзливи црева“. Односно, вашите црева ќе бидат навикнати некој трет (чајот) да ја врши поголемата нивна работа, па така ќе си добиете прилично обемен ЗАПЕК, кој ќе си го лечите исто поприлично долго време.
     
    На Saladin и Trajche им се допаѓа ова.
  9. MountainMan

    MountainMan Активен Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    151
    Луѓе не си играјте со здравјето, какви чаеви какви бакрачи... Сакате желудникот да го расипете?? Trajche кажи им што е лекот... Земете запишете се теретана,средена исхрана ке станете бомбончиња а не чаеви ке пиеме и ке слабееме седејки во кревет хаха ... Ајде фатете се на работа а чаевите пуштете ги на раат :D
     
    На TheQueen и Trajche им се допаѓа ова.
  10. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Абе така е. Убаво е да се пие чај секојдневно, ама тоа дека ќе ги ослабе...хмз :svirka Без напорна работа нема ништо
     
    На MountainMan му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: