Госпожине по домаќински муабети на Фејсбук постојано се во потрага за чај за слабеење, ама ако може без да се откажат од лоша храна, а други госпожи зачленети во некаков Лимес и Фармаси им нудат секакви глупости.
Детокс чај, зелен змај, што ти знам...
На 15-16 години пиев некакви чаеви безвеза така + едни апчиња од зелка, демек за слабеење. Се губевме со мајка ми, па после јадевме во 22ч ко улави.
Единствено можда Алкалакс, па како влегло, така и да излезе јадењето.
Додуша, имаше еден, не ми текнува што микс беше (не беше за слабеење ама), што беше толку грд на вкус и те остава ко со боцкава прекривка на јазик, па едни киселини грди, после ич не ти текнува да пробаш да јадеш.
Другово мало морген со нула физичка активност. Некако ме иритира повеќе од што треба кога ќе почнат со „Некакво чајче да препорачате за топење килограми?“
Еве, одма.