ЦрноБело Топ 10 Филмови на сите времиња

Статус
Затворена за нови мислења.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
  1. Тhe Green Mile (1999)
  2. A Beautiful Mind (2001)
  3. Fight Club (1999)
  4. Schindler's List (1993)
  5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
  6. Requiem for a Dream (2000)
  7. The Pianist (2002)
  8. Leon: The Professional (1994)
  9. The Shawshank Redemption (1994)
  10. Das leben der anderen (2006)
Мементо, не е лошо филмче, има оригинална идеја иако малку ги загубиле конците на дејствието, се базира на сомнителен, измислен синдром на губење меморија и не би знаел како може да се стави во група на најдобри филмови евер, ок претпоставувам дека листата ќе содржи филмови од последниве години, нормално сите од холивуд и нормално сите блокбастери...

`Животот на другите` е немачки филм, се работи за згодите и незгодите на еден кодош. Кодош од тајната полиција Штази кој има задача да прислушкува луѓе неподобни за власта, something that people from this parts could relate to. Кодошот само формално има свој живот, живее на различна адреса од сопственото постоење кое е во служба на системот, секојдневно го следи животот на другите, во случајот еден писател и неговата сопруга во сите аспекти на животот, од најинтимни до најбанални чекајќи доказ дека прислушуваниот е `непријател на народот и државниот поредок`.
И се случува чудна трансфромација, кај малиот сив човек, послушен роб на системот - се јавуваат некакви емоции, првично насочени кон сопругата на писателот, подоцна кон вистината, можеби поттикнат од корупцијата на неговите газди, малото безначајно сиво човече ги надминува рамките на својата условеност од системот и се претвара во анонимен херој во една трагична животна претстава која на крај, поради него добива каква таква завршница.

Атмосферата на соцреалистичкото сивило е доловена брилијантно, паранојата исто е заживеана во филмот па може да се каже дека е дел од самата екипа :) нема потреба да се коментира околу глумата бидејќи е на највисоко ниво.Уште едно ремек дело од Немачка од каде редовно иако незабележано - доаѓаат одлични филмови.
Гледајте деца немачки филмови!:kafe
И добро погледајте околу себе, малите сиви човечиња постојат и во вашиот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Selene

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
  1. Тhe Green Mile (1999)
  2. A Beautiful Mind (2001)
  3. Fight Club (1999)
  4. Schindler's List (1993)
  5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
  6. Pulp Fiction (1994)
  7. The Pianist (2002)
  8. Leon: The Professional (1994)
  9. The Shawshank Redemption (1994)
  10. Das leben der anderen (2006)
Requiem for a Dream (2000), пример за преценет филм. Изгледа од многу фалења по другари стигнал да собери некое високо мислење за него. Многу комплекси собрани на едно место.

A Pulp Fiction ми е еден од омилените. Тарантино дефинитивно на прво место за режисер. Човекот има смисла за хумор покрај убиствата и тепачките. Со тоа се одделува од останатите како Рамбо, Терминатор, и тн..

Во стилот на Тарантино како и повеќето негови филмови, хронолошки неповрзана сторија, ироничен хумор и спонтани случки. Погоден за оние кои сакаат спектар на различни карактери. Всушност филмот е исмевање на насилните приказни со многу насилство, убиства и криминал. Од таму доаѓа и името. Филмот дава слика на животите на луѓето кои ги среќаваме дури купуваме леб, плаќаме сметка или одиме да се видиме со девојката.
Кажува колку сме слични со сите, односно премногу различни дури и да се споредиме. Може да се сфати на многу начини и од таа причина ми е тешко да пишам рецензија за него. Секој си го разбира на негов начин, па за некои е дури и глуп. P.S. Ако планирате да го гледате, не очекувајте ништо од филмот. Не барајте на imdb кои се актерите или дел од приказната. Изгледајте го филмот со непланиран тек и уживајте.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Уште десетина дена и листата ќе биде заклучена.
Ако сеуште не сте го напишале својот омилен филм, сега ви е шансата! :zelen

  1. Тhe Green Mile (1999)
  2. A Beautiful Mind (2001)
  3. Fight Club (1999)
  4. Schindler's List (1993)
  5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
  6. Pulp Fiction (1994)
  7. The Pianist (2002)
  8. Leon: The Professional (1994)
  9. The Shawshank Redemption (1994)
  10. Das leben der anderen (2006)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Денеска ја затварам листата за топ 10 филмови на сите времиња според нас-форумџиите на ЦрноБело.
Првично, нека биде листата за оној што сака да најде добри филмови тука без да бара препораки низ теми, а и нека биде една слика за нас како љубители на добро филмско парче.
Ова се филмовите што ние сме ги избрале, по наш вкус...

За секој филм ќе одделам по еден пост, заедно со рецензија која вие сте ја пишале тука или некаде низ темите и темата ќе биде заклучена.
Ви благодарам на посветеноста, чест ми беше да одржувам тема заедно со личности со толку префинет вкус!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Тhe Green Mile (1999)
Crime/Drama/Fantasy

Director: Frank Darabont
Writers: Stephen King, Frank Darabont
Stars: Tom Hanks, Michael Clarke Duncan

images


The Green Mile е филм од кој може многу да се научи. Не можам да се помирам со фактот дека Мајкл Данкан си замина од овој свет, толку прекрасно глумеше во филмов, мора, значи мора да му се оддаде некаква чест. Кога го гледаме филмов, не гледаме крвник, гледаме човек кој се понаша повеќе како детенце, невино детенце. Мислам, штом се базира на делото на Stephen King, не може да е лошо. Зборуваме за луѓе што се одговорни и за The Shawshank Redemption, значи фактот дека имаме 2 филма на листава, кажува за самиот квалитет. Страшно моќен и емотивен филм, филм кој допира до срцето на секој кој го гледа. Најтопло препорачувам.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
A Beautiful Mind (2001)
Biography/Drama

Director: Ron Howard
Writers: Akiva Goldsman, Sylvia Nasar
Stars: Russell Crowe, Ed Harris, Jennifer Connelly
images

Ladies and gentlemen... The brilliant John Nash.
Ќе зборам прво како избор на глумец. Кроу како глумец кој најчесто игра некој херој, тука и тоа како изненади. Сепак во овој филм иако тој е гението со прекрасен ум, се работи за сосема кршлива личност која е оставена на милост и немилост некаде во високото општество. Како Џон неш, кај Кроу веќе ја нема таа бруталност на која сме навикнати во неговиот претходник - Гладијаторот. Тука ја покажува суштинската спротивност на еден човек со лабилно здравје. Тој не е агресивен, повеќе е исплашен од тоа како општеството би го прифатило со неговите каприци. Поради таа исплашеност тој ги согледува сите можности до одредената замислена точка - крајот. Затоа самиот не знае да ужива во моментите додека неговите колеги пробуваат некако да го разубедат. Поради неговата преокупација најпрво со школувањето а подоцна и со „наводната работа за пробивање на некои тајни шифри“, тој е исклучен од надворешниот свет и е приморан да создаде неколку “измислени ликови“. Во меѓувреме се појавува другата страна на вагата - Alicia (damn she is so hot! :zelen )која ќе се обиде да воведе баланс во неговиот стресен живот. Интересен е последниот цитат на Неш каде споменува:
What truly is logic? Who decides reason? My quest has taken me to the physical, the metaphysical, the delusional, and back. I have made the most important discovery of my career - the most important discovery of my life. It is only in the mysterious equations of love that any logic or reasons can be found. I am only here tonight because of you
[looking at and speaking to Alicia]
Nash: You are the only reason I am. You are all my reasons. Thank you.

каде ме наврати на еден критичен момент кога таа го разубедуваше дека не е се` во разумот и математиката. Вистината е повеќе од 2+2. Разумот и љубовта посекако се возможни во исто време.
Џон Неш ми беше/и сеуште е еден пример за лик кој е детерминиран по цената на својот интелект да ја загуби целоста на еден прекрасен ум.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Fight Club (1999)
Drama

Director: David Fincher
Writers: Chuck Palahniuk, Jim Uhis
Stars: Brad Pitt, Edward Norton, Helena Bonham Carter

957274032.jpg

Не е препорачливо да се гледа трејлер од филмов, најдобро ќе го доживеете филмов кога ќе го гледате „real-time“ :)
Филмот не е само со тепање. Ова многу го претпоставуваат поради името, дури и јас не го гледав филмов долго време бидејќи мислев дека е само со тепање. Иако има неколку сцени каде што има тепање (борење, или што и да е) - во филмот преовладуваат дијалозите и останатиот дел од сценариото.

Приказната е за еден нормален човек што пати од инсомнија и не може да спие. Инсомнијата го тера да „гледа“ некои работи што не се таму. Запознава еден продавач на сапун и...
Не е многу битна приказната колку што се битни филозофиите и психолошките забелешки за оптешството и луѓето. Неколку цитати:
"The things you own end up owning you"
"It's only after you've lost everything, that you're free to do anything"
"You're not your job. You're not how much money you have in the bank. You're not the car you drive. You're not the contents of your wallet. You're not your fucking khakis. You are the all-singing, all-dancing crap of the world."
оставам простор за ваша интерпретација на цитатите.

На крајот има голем plot twist што ви го менува цел филм.

9/10 моја оценка, а не би згрешил и 10/10 да му дадам. Мојот омилен филм.

Ќе ги прекршам првите три правила, ама ќе кажам збор два за филмов :zelen

На кого го занимаат животните филозофии, егото на човекот, слободата, стандардите, модерното живеење и ропството кон технологијата гледано со очите на човек толку обичен и толку замешан во обичниот свет, со обични навики и желби, а сепак толку различен и оригинален- ОВА Е ВИСТИНСКИОТ ФИЛМ!
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Schindler's List (1993)
Biography/Drama/History

Director: Steven Spiellberg
Writhers: Thomas Keneally, Steven Zaillian
Stars: Liam Neeson, Ralph Fiennes, Ben Kingsley

images


Филмот сам по себе е прекрасен. Приказната за човек кој своите себични, профитабилни и егоистични цели ги жртвува за морални идеали од огромен размер пркосејќи му на нацизмот и ризикувајќи го својот живот. Теророт од Холокаустот е прикажан на инзворедно добар и впечатлив начин исто како и неговите последици. Она што го прави овој филм прекрасен е патот на развојот на свеста на Оскар Шинлдер, на храброста,борбеноста, бистриот ум, и пред се најбитно хуманоста. Филм кој посочува дека еден загубен живот на никој можен не може да биде заменет и ја дава вредноста на секое поединечно срце што уште е живо и чука. Инзворедна приказна за духовната вредност над материјалната.
Покрај тоа, секоја поединечна сцена е прекрасно преставена, развојот на приказната исто како и актерската екипа исто одлична. Се на се', филм со заслужено место во топ 10 листа.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
Drama

Director: Milos Forman
Writhers: Lawrence Hauben
Stars: Jacc Nicholson, Loise Fletcher, Michael Berryman

images


One flew over the cuckoo`s nest несомнено најдобар филм до денес, иако снимен пред 38 години. Поставил стандард кој е тежок за следење, специфичен режисер, специфична литературна подлога и кастинг кој е без преседан во филмската историја. Некои би рекле дека се работи за претставуање на системот во мало т.е зипување на социјалните односи во општеството во рамките на лудницата која needles to say е самото општество кое ограничува, нуди рамка од која не смее да се излезе, го чуваат авторитети, наметнува ѕидови, лудачки кошули, електрошокови, инсулински шокови, кардиазол и секако - лоботомира.

МекМарфи и Поглавицата како симбол на вечната борба на поединецот за свој печат во животот, експресија на нешто позначајно од наметнатиот режим, колку и да делува банално - слободата да се има свој простор и радиус на делување на овој свет. Убиството на својот пријател од милосрдие, кој од слободен човек е претворен во лоботомирано растение и бегството се оние моменти кои се врежуваат во меморијата на гледачот. А не дека филмот има дефицит од култни сцени и дијалози...што да се каже за `пикникот` на кој лудаците одат со автобусот...

Били - типична жртва кој беше на прагот да го сруши олтарот на кој беше принесен како жртва на самиот систем. Потресната сцена со крвавиот крај на Били поради садистичката главна сестра Речит е класика на филмската умтеност. Можеби и најодвратниот лик некогаш појавен на целулоидна лента.

Останатие ликови осцилираат меѓу целосна покорност и моменти на бунтовност кои кратко траат. Некои се само сенки кои се мотаат наваму-натаму низ просториите на лудницата, судбина која (не)свесно ја делат со многу навидум слободни луѓе, кои се мотаат низ животот како мува без глава...
Филмот лансирал кариери на неколку актери, Освен Николосон тука се Дени де Вито, Лоиз Флечер, Кристофер Лојд, Бред Дуриф.... и бизарната креатура Винсент Скиавели...и го потврдил местото на Милош Форман како режисер на светската сцена.


 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Pulp Fiction (1994)
Crime/Drama/Thriller

Director: Quentin Tarantino
Writhers: Quentin Tarantino
Stars: John Travolta, Uma Thurman, Samuel L. Jacson


images


Pulp Fiction ми е еден од омилените. Тарантино дефинитивно на прво место за режисер. Човекот има смисла за хумор покрај убиствата и тепачките. Со тоа се одделува од останатите како Рамбо, Терминатор, и тн..

Во стилот на Тарантино како и повеќето негови филмови, хронолошки неповрзана сторија, ироничен хумор и спонтани случки. Погоден за оние кои сакаат спектар на различни карактери. Всушност филмот е исмевање на насилните приказни со многу насилство, убиства и криминал. Од таму доаѓа и името. Филмот дава слика на животите на луѓето кои ги среќаваме дури купуваме леб, плаќаме сметка или одиме да се видиме со девојката.
Кажува колку сме слични со сите, односно премногу различни дури и да се споредиме. Може да се сфати на многу начини и од таа причина ми е тешко да пишам рецензија за него. Секој си го разбира на негов начин, па за некои е дури и глуп.
P.S. Ако планирате да го гледате, не очекувајте ништо од филмот. Не барајте на imdb кои се актерите или дел од приказната. Изгледајте го филмот со непланиран тек и уживајте.
 
Статус
Затворена за нови мислења.