1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

ЦрноБело Топ 10 Филмови на сите времиња

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Хоуп*, 13 ноември 2013.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Како добри филмски критичари и страсни филмомани (ќе биде де) мислам ред е да си направиме една листа на топ 10 најдобри филмови на сите времиња, а текот на избирањето ќе тече вака:

    Јас, како автор на темава со прв пост пишувам моја листа од 10 филмови за кои сметам дека треба заслужено да бидат во листата, а членот после мене на местото на еден мој филм за кој мисли дека не му е место во темава, става друг, по негов избор. Значи брише еден филм од мојата листа и на негово место го пишува неговиот избор на филм.
    [​IMG]
    На 31 Декември, точно ова време, како ќе варира и ќе се менува листава, со последниот пост ќе ги објавиме 10те најдобри филмови на сите времиња според нас- членовите на Црно Бело Форумот. (Има Youtube, IMDb листи, листи на поединци, зошто да не и наша листа) Еве го мојот избор: Повелете и пишете две три реченици зошто сте се одлучиле да го исфрлите тој филм што сте го исфрлиле од претходната листа и зошто баш вашиот филм заслужува да биде во топ 10 најдобри филмови...

    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. V for Vendetta (2005)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Forrest Gump (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. A Clockwork Orange (1971)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. American History X (1998)
    *Е сега, да се избегне инаетење за одреден филм неколку пати на ден, постовите на сите ќе ни бидат ограничени на три на ден (со различни филмови се разбира, а листата која ќе ја менувате не смее да биде вашата последна) а постовите кои ќе го прекршат ова правило ќе бидат избришани.
     
    На JaMi, parvati, Давор и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,755
    Допаѓања:
    1,002
    1.The Silence of The Lambs
    2.A Beautiful Mind
    3.Fight Club
    4.V for Vendetta
    5.One Flew Over the Cuckoos's Nest
    6.Forrest Gump
    7.The Pianist
    8. Dead End
    9.The Shawshank Redemption
    10. American History X
     
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,994
    Допаѓања:
    9,623
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Forrest Gump (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Dead end (2003)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. American History X (1998)
    Зошто го исфрлам V for vendetta? Преценет филм со сосема обратно сфатена конотација. Корпорации се воздигнаа пласирајќи еден херој кој алудира на обратното - моќта на толпата.
    Зошто I Robot? Не можеше подобра екранизација на научно фантастичен филм со општествени примеси како и описот на единката и функционалноста на свеста и нејзините маани да го претвори човекот во... робот. Цитатот подоле кажува се`.
    There have always been ghosts in the machine. Random segments of code, that have grouped together to form unexpected protocols. Unanticipated, these free radicals engender questions of free will, creativity, and even the nature of what we might call the soul. Why is it that when some robots are left in darkness, they will seek out the light? Why is it that when robots are stored in an empty space, they will group together, rather than stand alone? How do we explain this behavior? Random segments of code? Or is it something more? When does a perceptual schematic become consciousness? When does a difference engine become the search for truth? When does a personality simulation become the bitter mote... of a soul?
     
    На parvati, Luckky, Kaarikuto и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Forrest Gump (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Dead end (2003)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)
    American History во список на најдобри филмови на сите времиња, no less, едно 120 години наназад? Really?

    Mad Max постапокалиптична високооктанска креација на Џорџ Милер, снимена за 300.000 долари, дел од глумците се тотални аматери, пријатели на режисерот кој поради скромниот буџет морал да штеди.
    Почетната премиса е сосема неспектакуларна, крајот на цивилизацијата не е поради нуклеарки, вонземјани или мега-цунами туку поради снемување - нафта.
    Тоа од своја страна прави големи проблеми и создава разни групи кои се борат да преживеат во новите услови. Макс, припадник на `мобилната патрола` некаква дистописка милиција, се труди да живее пред-апокалиптичен начин на живот со своето семејство, нешто кое баш и нема да му успее. Колегите, сомнителни типови со сомнителни методи се само дел од живописниот спектар на ликови со кој е богат овој филм.

    Негативците од друга страна се сосема незаборавни во своето лудило кое понекогаш има изблици на рационалност и кое им помага да преживеат во новите услови во австралиските пустелии. Како што одминува филмот така се случува емоциоанален шифт каде симпатиите на гледачот се вртат кон негативците без да се создаде анимозитет кон квази-позитивците од мобилната патрола. Филм за оние кои сакаат амбивалентен филинг.
    Мора да се напомене и неверојатната фотографија која делува одлично и по 34 години од снимањето на филмот.
    Случајно или не, баш таа година бил Peak oil per capita во светски размери...:)

    И овој филм изобилува со култни фрази, уан-лајнери и муабети.
    Bring us our heroes back.

    ...и прв филм кој ќе ја напушти листата, i guess...:pusi
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Forrest Gump (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)
    Зошто го тргнувам Dead End? Од сите на листата највеќе овој филм лично не ми се допадна, поради претежната предвидливост, а од друга страна не ми се вклоплува со мнозината од филмовите што се не листата поради пораките што ги носат.


    Зошто Leon: The Professional? - Филм перфекција од преголеми размери што те тера да размислуваш на многу аспекти од животот.
    - Дали сите имаме одредено животна патека која треба да ја следиме или човекот е самиот креатор на својата судбина? Филм за зрелоста претставена преку едно дете и детинството преку една возрасна личност. Филм кој посочува дека секоја наша одлука може во секунда да го смени правецот на нашиот живот. Филм за човечноста во човекот, способноста и потребата за сакање и блискост, воглавно развивање на човекот како битово-социјална единка. Неговиот прогрес и желба развој, докажување на фактот дека се е возможно ако си дадеме шанса сами на себе и на тие околу нас. Филм за животната приказна на обичниот човек, која може да го снајде секого, за мрачните страни на власта и на манипулацијата со моќта што може да ја поседува еден човек и најбитното вербата помеѓу луѓето како мост кој ги пребродува сите овие нешта.
    На тоа додај го совршеното сценарио, совршената филмска музика и перфектната актерска екипа. Masterpiece.
     
    На Electra, warr, parvati и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Повеќе од филмовиве немам глеано,али ае..еве ја мојата измена
    1. Titanic (1997)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Forrest Gump (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)
    Коментар?Мислам дека Титаник е филм на сите времиња и според мене подобар филм нема.
     
  7. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    1. Titanic (1997)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Dumb & Dumber (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)
      Зарем Forrest Gump филм вреди да биде во топ 10 не би рекол барем мене не ми се допадна ич.
     
  8. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Не знам што не ви е јасно, имате листа, од листата бришете филм и на негово место пишувате ваш филм, пишувате зошто заслужува вашиот филм да биде на листава и зошто сте го избришале другиот филм и тоа е...

    (Пример, мислите дека на местото на Титаник треба да стои Митре врколакот, го пишувате Митре врколакот место Титаник и пишувате зошто Митре врколакот повеќе заслужува да биде тука од Титаник)
    Еве ја последната листа.

    1. Titanic (1997)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot (2004)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Dumb & Dumber (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)

    И темата е со одредено време од причина што сме помалце активни и филмовите ќе се повторуваат или темава ќе замре, а вака бар ќе има заклучена листа со топ 10 филмови на сите времиња што сме ги избрале ние, секој со свој придонес.
     
  9. warr

    warr Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    187
    Допаѓања:
    215
    Хоуп* предлог да ги промениш правилата: да биде задолжително да се напише најмалку 2 лично склопени реченици за тоа зошто се исфрла од и зошто новиот филм заслужува да биде на листата и да се бришат постовите на членовите што нема да го почитуваат тоа.

    Kaarikuto Viktor k Давор кога можат сите зошто и вие не напишете барем 2 реченици.
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Dumb & Dumber (1994)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)
    Давор образложи зошто го исфрлраш филмот? И бидејќи си напишал дека не си ги гледал повеќето филмови, прво да те прашам дали си го гледал?
    Зошто јас го исфрлам Титаник? Не е за да ти терам инает. Само успешно изрекламирана приказна. Медиумите си го прават своето.

    Зошто пак го враќам овој филм? Затоа што е masterpiece. Музика, кастинг и маестрална глума на Ентони Хопкинс и Џуди Фостер крунисана со оскари за најдобар/ра актер/ка. Секогаш ќе остане популарен, без разлика на поминатите години затоа што клучниот фактор стравот, е основа на човековата природа. Безвременски трилер кој не остарува.
    Но не е само стравот како фактор, туку и поврзаноста на главните ликови. Двата имаат нешто заедничко - отфрлени се од општеството. Лектор затоа што е сериски убиец, а Кларис затоа што е жена (во професија во која сите се мажи). Двата се чуствуваат немоќно - Лектор е во затвор, а Кларис не ја сфаќаат за сериозно, мажите ја гледаат со други очи, сакаат само да ја легнат. Двата имале ужасно детство - Лектор бил сексуално искористуван како дете, а Кларис ги загубила родителите и била сираче...
    И за крај насловот на филмов. Сами дознајте кое е значењето на „тишината“.
     
    На Electra, Luckky, Saladin и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Changeling (2008)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Mad Max (1979)
    Зошто го избришав Dumb and Dumber?Некако не ми се вклопува во листава воопшто....
    Зошто го избрав Changeling? Филм снимен спрема вистински настани, кој ја раскажува битката на една храбра жена за правда за својот син. Филм кој одлично ќе ви долови колку се спремни луѓето бездушно да газат се пред себе само да ги заситат своите потреби за моќ и колку далеку може да оди една очајна жена која го загубила својот син, трагајќи по правда и вистина. Две страни со силни мотиви за борба, се спротиставуваат една на друга. Чистата мајчинска љубов, против несопирливата желба за власт.
    Не ја сакам Џоли нешто посебно, ама мислам во филмов се надмина себеси. Одлична глума и по мене нејзина најдобра.
    Одлична драма, мене не ме остави рамнодушна, па затоа и отстапувам едно место на листава....
     
    На Mila Kunis му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели: