ЦрноБело Топ 10 Филмови на сите времиња

Статус
Затворена за нови мислења.

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Leon: The Professional (1994)
Crime/Drama/Thriller

Director: Luc Besson
Writhers: Luc Besson
Stars: Jean Reno, Gary Oldman, Natalie Portman
images

Зошто Leon: The Professional? - Филм перфекција од преголеми размери што те тера да размислуваш на многу аспекти од животот.
- Дали сите имаме одредено животна патека која треба да ја следиме или човекот е самиот креатор на својата судбина? Филм за зрелоста претставена преку едно дете и детинството преку една возрасна личност. Филм кој посочува дека секоја наша одлука може во секунда да го смени правецот на нашиот живот. Филм за човечноста во човекот, способноста и потребата за сакање и блискост, воглавно развивање на човекот како битово-социјална единка. Неговиот прогрес и желба развој, докажување на фактот дека се е возможно ако си дадеме шанса сами на себе и на тие околу нас. Филм за животната приказна на обичниот човек, која може да го снајде секого, за мрачните страни на власта и на манипулацијата со моќта што може да ја поседува еден човек и најбитното вербата помеѓу луѓето како мост кој ги пребродува сите овие нешта.
На тоа додај го совршеното сценарио, совршената филмска музика и перфектната актерска екипа. Masterpiece.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Das leben der anderen (The Lives of Others) (2006)
Drama/Thriller

Director: Florian Henckel von Donnersmarck
Writhers: Florian Henckel von Donnersmarck
Stars: Ulrich Muhe, Martina Gedeck, Sebastian Koch

images


`Животот на другите` е немачки филм, се работи за згодите и незгодите на еден кодош. Кодош од тајната полиција Штази кој има задача да прислушкува луѓе неподобни за власта, something that people from this parts could relate to. Кодошот само формално има свој живот, живее на различна адреса од сопственото постоење кое е во служба на системот, секојдневно го следи животот на другите, во случајот еден писател и неговата сопруга во сите аспекти на животот, од најинтимни до најбанални чекајќи доказ дека прислушуваниот е `непријател на народот и државниот поредок`.
И се случува чудна трансфромација, кај малиот сив човек, послушен роб на системот - се јавуваат некакви емоции, првично насочени кон сопругата на писателот, подоцна кон вистината, можеби поттикнат од корупцијата на неговите газди, малото безначајно сиво човече ги надминува рамките на својата условеност од системот и се претвара во анонимен херој во една трагична животна претстава која на крај, поради него добива каква таква завршница.

Атмосферата на соцреалистичкото сивило е доловена брилијантно, паранојата исто е заживеана во филмот па може да се каже дека е дел од самата екипа нема потреба да се коментира околу глумата бидејќи е на највисоко ниво.Уште едно ремек дело од Немачка од каде редовно иако незабележано - доаѓаат одлични филмови.
Гледајте деца немачки филмови!
И добро погледајте околу себе, малите сиви човечиња постојат и во вашиот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
The Pianist (2002)
Biography/Drama

Director: Roman Polanski
Stars:Adrien Brody, Thomas Kretschmann, Frank Finlay

images


Уште една одлична биографија за Владислав Шпилман, еврејски пијанист и неговиот живот пред и за време на втората светска војна. Класичен опис на општеството кое Хитлер и неговата машинерија пробале да го сотрат. Го имаме Владек (Броди) раснат во релативно богата многучлена фамилија, обучуван од високите кругови на музичари. Сите од неговото семејство научени на тој раскош, не ни слутат дека тоа е возможно да исчезне само за еден миг. И тогаш се случува почетокот на војната, окупација на Полска а подоцна со воведување на посебни „права“ од страна на нацистичкиот режим кон евреите, и целосен пресврт. Неговото семејство со надеж дека ќе ја дочекаат Полска слободна, како и родољубието кон татковината ги натерува да ја направат грешката - да останат во матичната земја. Таа фатална грешка ќе ги чини скапо -
сите ќе бидат депортирани во логор, додека главниот лик ќе изнуди работа во некоја фабрика за јаглен каде првата шанса за бегство ќе биде искористена од него. После тоа следуваат криењата низ градот од нацистичката војска, која е во потера по неколку револуционерни кружоци за слобода на Полска
. Понатаму не раскажувам за главниот лик и приказната.
Тоа што сакам да нагласам е за контрастите во филмот. Во еден почетен момент, филмот просто изобилува со луѓе, дијалози џагор и смеа, додека во друг момент го гледаме главниот лик препуштен сам на милост и немилост како талка низ Варшавските студени улици. Делуваше малку европски со тоа што покрај тоа што се работи за музичар, филмот и немаше своја музика. Кога тој свиреше дали на пијано, или во својата имагинација, тоа беше моментот на музиката. Понатаму се` беше тивко - автентично за повеќето европски филмови. Музиката е полн погодок - најчести дела беа на Шопен и тук таму понекое на Бах и Бетовен. Значи немаше нешто апла современо, туку еден од важните композитори за Пијано од 19тиот век. Во глобала е солиден филм, за мои субјективни критериуми малку преценет бидејќи сум гледал повеќе филмови за музички легенди (фиктивни и стварни), но мислам дека треба секој да го изгледа. Лесен е за сфаќање бидејќи оди протоколарно - човек не може да се загуби во времето. Од мене има солидна 8ца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Shawshank Redemption (1994)
Crime/Drama

Director: Frank Darabont
Writhers: Stephen King
Stars:Tim Robbins, Morgan Freeman, Bob Gunton

images


Животот во затвор, меѓу четири ѕида.. Ѕидови кои прво ќе ги мразиш, потоа ќе им робуваш, а на крај ќе станат дел од твојот живот. Рутина од која очајно сакаш да избегаш, без да знаеш дека без неа понатаму не можеш да живееш.
Но, приказната за младиот банкар кој е осуден на две доживотни поради двојно убиство е сосема поинаква од онаа на неговите пријатели во затворот...
Убава драма која вреди да се погледне!

Филмот е работен по книга на Стивен Кинг. Кој не го знае, обавезно да го изгугла и да види какви книги пишел човекот. А во содржината се работи за натпросечно интелегентен човек осуден за дупло убиство оди в затвор кој добива идеја и смислува план за епска манипулација. Во тематиката до негде е сличен на "Catch me if you can". Така да ако ви се бендисал тој, овој x3 ќе го сакате.
Многу добро филмот покажува како различно воспитаните луѓе го доживуваат затворот, па воопшто и животот. Го поставува и прашањето како ние лично би се снашле во таква ситуација? Како ние би реагирале? Исто режисерот има дадено акцент на различните раси. И кога ќе видиш поинтересна поента праат малите нешта во филмот, отколку главната приказна.
И за љубителите на Морган Фримен и неговиот глас едно изненадување...пак ќе го видите и тука
Сѐ на сѐ, еден од подобрите филмови што сум го гледал, иако филмо(нарко)мани ми го хејтаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono
Статус
Затворена за нови мислења.