1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

ЦрноБело Топ 10 Филмови на сите времиња

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Хоуп*, 13 ноември 2013.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. warr

    warr Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    187
    Допаѓања:
    215
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Changeling (2008)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Зошто го избришав Mad Max? Воопшто не ми се допаѓа приказната. Секој ден се откриваат нови извори на енергија. Не можам да замислам како би дошол крај на светот да нема повеќе нафта. Луѓето живееле многу години пред да почнат да ја користат како извор на енергија, па светот опстоил.
    Од друга страна во таков хаос и безредие мислам дака не би постоела полицијата (како институција), ниту пак луѓето би се групирале во банди.
    За мене филмов е од жарн научна фантастика, никако не можем да ја сфатим замислата на режисерот... Можеби да сум го гледал филмов пред 30 години (во периодот на првиот и вториот нафтен шок) би паднал на приказната, ама денес не.

    Мојот број 1 филм на сите времиња. Ремек дело од мојот омилен режисер, Кристофер Нолан.
    Не знаем од каде да почнем. Филмот е премногу е комплициран за да можем да го објасним, ама ќе се обидем: Главниот лик сака да се одмазди за убиството на неговата жена. Тој е присутен на истото и во борбата со убиецот, добива удар во главата, поради што ја губи способноста да ги запамти новите спомени. Памети се само до ноќта на убиството. Затоа сите нови клучни информации ги тетовира на своето тело и запишува на фотографии.
    Што ме фасцинира кај овој филм? Како е едитиран. Главниот лик заборава се што му се случува, а ние „патиме“ од друга состојба - приказната се прикажува од крајот кон почетокот т.е. сцените од филмот (ако не сте го гледале филмов, збунети сте, нели?). Го доживеав како и јас да имам пореметување на меморијата. Ме фасцинира идејата на режисерот како да ја прикаже приказната.
     
    На Хоуп* и Saladin им се допаѓа ова.
  2. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,867
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Changeling го избришав бидејќи не можам органски да ја поднесам Анџелина Џоли. Не негирам дека филмот има јака содржина, убаво е осмислен, ама таа ми е толку антипатична што колку и да е добар филмот таа ми го расипува максимално. Значи не е лош филм, но во споредба со другите девет е послаб.

    Реквием го ставам затоа што ми е ултимејт фејворит. Од страна на камера, на глума, најбитното приказната, се е совршенство. Почнува и завршува со совршена музика од која и по 342432 слушања се ежам. Крајот тука не го краси делото, туку напротив, го гнаси, не верувам дека некој рамнодушен останал кога видел како ќе завршат сите ликови во филмот. Едноставно филмот ми е на највисоко ниво на филмското платно. Некои велат дека е преценет, некои дека е нерелеан, но за мене секогаш бил, е и верувам дека ќе остане силно зацементиран на првата позиција.
     
    На MoonFairy, Luckky, Хоуп* и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. warr

    warr Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    187
    Допаѓања:
    215
    1. The Silence of The Lambs (1991)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. Million Dollar Baby (2004)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Го бришем I, Robot (2004) затоа што повеќе вреднувам филмови од друг жарн отколку од научна фантастика... Според мене, не заслужува да се најде на листава на топ 10 филмови на сите времиња.

    Приказна според вистинит настан, одлично сценарио и екипа на актери - формула за успешен филмски проект. Hilary Swank толку добро го доловува ликот на келнерка, која што толку очајно сака да избега од работата, која што ја работи од нејзина 13 годишна возраст. Не можем да кажем негативен коментар за нејзината изведба. Clint Eastwood се надминува себе си во филмов, и како актер и како режисер. Иако е веќе докажан во светот на филмската уметност, со овој филм ќе остане запаметен долго време во филмската историја. Morgan Freeman - едноставно е, нема подобар наратор од него.
    Спортска драма која никого нема да остави рамнодушен. Единствено со многу време и вложен труд може да се успее во животот, но доколку не се внимава, успехот може да се сруши за миг, како кула од карти... Не можем да опишем какви емоции може да предизвика и колку длабоко може да навлезе во човековата свест, без да му го скратим уживањето на некој што не го гледал филмов...
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    1. Way of the Dragon (1972)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. I, Robot
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Changeling (2008)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Silence of the lambs, Просечено трилерче за сериски убиец какви што се снимаат на десетици секоја година, не е лош ама не е нешто посебно... малку хипстерски хајп и еден куп продолженија, глорификација на психопат...и нормално стариот добар холивудски рецепт на промоција на убер зли генијалци... и бидејќи заспав кога прв пат го гледав...:^). Сериските убијци се банални. Што побанални тоа потешко се откриваат. Лик со карикатурална комлексност како оној на канибалот не би останал долго на слобода во реалноста, барем не доволно за да се појави во уште 5-6 продолженија, Ханибал јуниор, Ханибал зрелиот ембрион, Ханибал вс. Шеќерко...


    Патот на змејот, 1972 е филм во кој Џак Норис бидува претепан. Од Брус Ли, нормално. Му ја кршеше кичмата.
    Иако мислам дека самиот тој факт е доволен за филмот да биде топ 10 евер, да напоменам дека се работи за бисер на хонгконшката филмска продукција, со сценарио кое е на самата маргина на генијалноста и редица други ситуации кои го ставаат во самиот врв на филмската уметност.
    Плус јако филмче е...
     
  5. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    1. Way of the Dragon (1972)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. Troy (2004)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Зошто го извадив Million dollar baby? Едноставно не ми се допадна.Немаше ни да го изгледам да не ме убедеа,а бидејќи секогаш попуштам викам ајде ќе му дадам шанса на филмот.И не ми се допадна,како што погодив.Додека другите си гледаа филмче,јас се досадував :)
    Не верувам дека некој не слушнал за Троја и дека некој не слушнал за прекрасната Елена.Добра актерска екипа,одлична глума,перфектно филмче. Најголем впечаток ми остави улогата на Хектор,доста паметен човек кој заради брат му ќе си на**е на крај.
     
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    1. The girl with dragon tattoo
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. Troy (2004)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Зошто се одлучив да го тргнам Way of the Dragon? Од проста причина што заразлика од скоро сите машки, мене Брус Ли ми беше и ми е досаден. Многу многу досаден. Ако веќе морам да бидам меѓу такви филмови, искрено пре ги избрал тие со Мистер Мијаги - Џули Сан, Даниел Сан и слично :)
    А зошто го одбрав тој филмот со девојката? Уф.... Ја читав прво триологијата Милениум, па го гледав филмот. Ми се допаѓа како добро се избрани ликовите, посебно ќе дадам нагласок на Руни, што улогата на Лисабет ја има голтнато...перфектно. Единствена замерка имам за режисорот што на моменти се чинеше дека дава нагласок на многу небитни работи, а важните ги заборава што не беше случај со Ларсон во книгите.
     
  7. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    1. The girl with dragon tattoo
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. Schindler's List (1993)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Главната причина зошто го тргнувам Троја од оваа листа е пред се е начинот на кои многу работи се грешно преставени за разлика од ,,Илијада", со цел да се направи попривлечен филм. Највеќе ми пречеше фактот што се посочува борбеноста на воините кога всушност војната е водена од страна на боговите кои речиси и се исклучени од филмот. Плус и некои други грешки од типот на : Војната траела десет години - не десет дена, Парис не ја украл Елена од Менелај туку ја има добиено како подарок од Афродита, откако ја прогласил како победничка за фрленото ,,јаболко на раздорот". Менелај не загинува исто како и Парис што не ја преживува битката, ни Агамемнон и уште ред ред други работи. Разбирам, поентата е да се направи поуспешен филм но од друга страна губи на оригиналност.


    Зошто Schindler's List?? - Филмот сам по себе е прекрасен. Приказната за човек кој своите себични, профитабилни и егоистични цели ги жртвува за морални идеали од огромен размер пркосејќи му на нацизмот и ризикувајќи го својот живот. Теророт од Холокаустот е прикажан на инзворедно добар и впечатлив начин исто како и неговите последици. Она што го прави овој филм прекрасен е патот на развојот на свеста на Оскар Шинлдер, на храброста,борбеноста, бистриот ум, и пред се најбитно хуманоста. Филм кој посочува дека еден загубен живот на никој можен не може да биде заменет и ја дава вредноста на секое поединечно срце што уште е живо и чука. Инзворедна приказна за духовната вредност над материјалната.
    Покрај тоа, секоја поединечна сцена е прекрасно преставена, развојот на приказната исто како и актерската екипа исто одлична. Се на се', филм со заслужено место во топ 10 листа.
     
    На Electra, Saladin и Хоуп* им се допаѓа ова.
  8. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,867
    А до кога ќе оди играва? Еве сега сакам да тргнам некој филм за да ставам нов, не можам сите се предобри. Ќе оди вака цело време или на одредено време ќе поставуваме нови листи кои ќе се корегираат?:) Ако се прави нова листа, предлагам да направам јас следно.
     
  9. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Па пишав до 31 Декември исто време кога е и создадена, па таа листа тогаш ќе биде ЦрноБело листата за топ 10 најдобри филмови на сите времиња. Пишувај си ти секој ден кои филмови сакаш да ги видиш на крај тука, имаш време до тогаш.
    После ќе се договориме за друга листа, можеме топ 10 драми, топ 10 акции, хорори...
    И не е игра, повеќе е поттик и тие неактивните да пишат збор два рецензија за омилени филмови и мислам ок оди за сега.
    Убаво склопени рецензии, задоволителна активност, добри филмови...
    Да не заборавиме до каде сме стигнале со листата.

    1. The girl with dragon tattoo
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. Schindler's List (1993)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
     
    На Mila Kunis, Saladin, Arkantos и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Selene

    Selene Модератор

    Зачленет на:
    6 јуни 2012
    Мислења:
    719
    Допаѓања:
    1,867
    Се извинувам, не прочитав. Епа супер тогаш, се сложувам ова е супер поттик за форумов да се активира во темата за филмови.
    1. Тhe Green Mile (1999)
    2. A Beautiful Mind (2001)
    3. Fight Club (1999)
    4. Schindler's List (1993)
    5. One Flew Over the Cuckoos's Nest (1975)
    6. Requiem for a Dream (2000)
    7. The Pianist (2002)
    8. Leon: The Professional (1994)
    9. The Shawshank Redemption (1994)
    10. Memento (2000)
    Girl with the dragon tattoo го исфрлам од истата причина што го исфрлив последниот филм, затоа што сметам дека за нијанса е послаб од другите. Овде секако зборуваме за оргиналниот, Шведскиот, бидејќи овој новиов, римејков, воопшто не ми се допаѓа. Кога ќе ми текне, девојката го правеше динамичен филмот, го направи она што е. Многу ми се допадна како беше представен нејзиниот лик, како храбра женска, која сама се избори за својата правда кога и се случи тоа што и се случи.

    The Green Mile го ставам бидејќи е филм од кој може многу да се научи. Не можам да се помирам со фактот дека Мајкл Данкан си замина од овој свет, толку прекрасно глумеше во филмов, мора, значи мора да му се оддаде некаква чест. Кога го гледаме филмов, не гледаме крвник, гледаме човек кој се понаша повеќе како детенце, невино детенце. Мислам, штом се базира на делото на Stephen King, не може да е лошо. Зборуваме за луѓе што се одговорни и за The Shawshank Redemption, значи фактот дека имаме 2 филма на листава, кажува за самиот квалитет. Страшно моќен и емотивен филм, филм кој допира до срцето на секој кој го гледа. Најтопло препорачувам.

     
    На Luckky, Outrider и Хоуп* им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели: