Хомосексуалност

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
не сме на различна должина него имаме различна перцепција на состојбите
.
ако многумина испишат што се‘ не им се случува во животот, бркани од работа, рекети, лоши судски пресуди, уцени од работодавачите... тоа ќе го ставиме во директориум ЛОША СРЕЌА
.
но ако неколку од нив се случајно и хомосексуалци, тогаш вие сакате од директорим ЛОША СРЕЌА да ги извадите и да ги ставите во директориум ОБЕСПРАВЕНИ ХОМОСЕКСУАЛЦИ
.
вака навистина не се игра. не е фер, према обичните луѓе на кои им се случиле лоши работи а не се хомосексуалци
.
сега малку се рабираме ???? навистина не е фер што сакате на импутирате тука

Има разлика ако те отпуштат за икс причини или ако те отпуштат бидејќи си геј. Се работи за човекови права, ништо повеќе, ништо помалце.

И тие работи кои ти ги наброја горе како рекети, лоши судски пресуди, уцени и тие се проблеми на кои треба да се обрне внимание и да се зборува и никој не ги делигитимизира тие проблеми со тоа што се бараат правата на една заедница. И исто како што тие ситуации што ги наброја ти не се лоша среќа туку продукт на одреден вид на систем така не се ни тие на геј популацијата.

Tаа реторика на обични луѓе спрема геј мислам дека нема смисла пошо сите сме обични луѓе и сите така треба да бидеме прифатени во општеството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Markov

Нов член
11 март 2012
12
28
3
33
А бе луѓе, не зборуваме тука за фетиши, за тоа кој, што прави в кревет. Тоа е сосема друго нешто. Значи еве лично за мене ќе зборувам, се осеќам ко таен агент од ЦИА да сум. Живеам двоен живот. Еден онај до негде лажен ќе речам, каде мораш да измислуваш приказни за лажни девојки, и друг, оној кој го прикривам од 98% од популацијата. И мене ми е смачено од тоа. Зошто? Едноставно заради што ако споделам со луѓе што сакам, може да има премногу негативни попратни ефекти. Фактички, сум принуден да продолжам со лаги.
И мене не ми е дојдено до парадата, колку што сакам да престанат сите лаги што сум принуден да ги кажувам.
За лошата среќа, да има вистина лоша среќа, но друга категорија е неправедности. Ако го прочита напишаното во линкот, ќе увидиш дека отпуштањата нивни се поради нивната сексуална определеност. И во глобала земено, поголем процент од луѓето, кога знаат за некоја личност дека е геј, ја одбегнуваат ко да е шугосана.
И да, не постои закон со кој ми е забрането да се шетам со партнер блиску, рака за рака, но тоа не значи дека доколку тоа се случи, нема да бидам каменуван од рандом вандали што живеаат со мене во истава земја или пак во најмала рака, гледан и осудуван, ко да сум најголем грешник на планетава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alek12321 and Taery Scarlet

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
кога си отпуштен може да има разлика само кај дрвените адвокати слични на тебе
нема разлика, краен резултат е срање у боја
навистина глупо е дрвените адвокати да ни прааат ментална гимнастика тука

А бе луѓе, не зборуваме тука за фетиши, за тоа кој, што прави в кревет. Тоа е сосема друго нешто. Значи еве лично за мене ќе зборувам, се осеќам ко таен агент од ЦИА да сум. Живеам двоен живот. Еден онај до негде лажен ќе речам, каде мораш да измислуваш приказни за лажни девојки, и друг, оној кој го прикривам од 98% од популацијата. И мене ми е смачено од тоа. Зошто? Едноставно заради што ако споделам со луѓе што сакам, може да има премногу негативни попратни ефекти. Фактички, сум принуден да продолжам со лаги.
И мене не ми е дојдено до парадата, колку што сакам да престанат сите лаги што сум принуден да ги кажувам.
За лошата среќа, да има вистина лоша среќа, но друга категорија е неправедности. Ако го прочита напишаното во линкот, ќе увидиш дека отпуштањата нивни се поради нивната сексуална определеност. И во глобала земено, поголем процент од луѓето, кога знаат за некоја личност дека е геј, ја одбегнуваат ко да е шугосана.
И да, не постои закон со кој ми е забрането да се шетам со партнер блиску, рака за рака, но тоа не значи дека доколку тоа се случи, нема да бидам каменуван од рандом вандали што живеаат со мене во истава земја или пак во најмала рака, гледан и осудуван, ко да сум најголем грешник на планетава.

никој не те осудува
ако прочиташ моето мислење од самиот почеток
сум рекол дека почитувам се‘ кај геј популацијата
осим две работи
1. паради
2. посвојување деца

се‘ друго за мене е дозволено и нормално
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Ја прочитав конечно статијата и не сфакам каква врска има со мојот или ставот на повеќето членови што одговорија на темава?
Во моја фирма да има геј вработен - не би го избркала само заради тоа што е геј, туѓа интима не ме интресира
Да имам дете кое е геј - никогаш не би се откажала од него/неа, а не па да го бркам од дома
Ниту ги плукам, пцујам, навредувам, а фала Богу, све и да сакам (што не сакам) не можам никого да истепам.
Претпоставувам дека ова се некои екстремни, изолирани случаи - а не ставот на мнозинството. Сигурно се точни - не ја намалувам веродостојноста на статијава, но лично познавам одреден број припадници на геј популацијата кои живеат и работат во Скопје, а притоа и нивните најблиски и нивните работодавци се информирани за фактот дека се геј. Едната од нив работи во фирма која на сите нас ни е добро позната и тоа на прилично висока позиција - без проблеми!
Деловите каде ги лечеле со лексилиум и диазепам не сакам ни да ги коментирам - тоа е резултат на неинформираност и затупеност од страна на докторите.
И повторно се враќаме на посвојувањето, а тука веќе мислам дека кажав што имам да кажам - ќе станам досадна
 
Taery Scarlet

Нов член
11 март 2012
3
11
3
30

Ако е стварно така, алал да ти е, но морам да кажам дека си една од ретките во земјава, дефинитивно. Народот е со многу закочен менталитет и ограничен во гледиштата, што како што кажа Марков, доколку некој го дознаат дека е геј бегаат од него. Едноставна причина за тоа е дека се прости и тоа многу, и не гледаат подалеку од носот. Али тоа е.. останува мала надеж дека некогаш ќе се променат нештата и Марков и останатите како него ќе можат слободно да шетаат низ град како нормални парови.

А за отпуштањата од работа, баш вчера дознав за случај во друг град каде еден човек бил отпуштен поради тоа што е геј. Епа дали има поидиотски народ од македонскиот? -.- Стварно се срамам што сум од Македонија кога ќе слушнам вакви нешта... -.- И не, не се отпуштањата од работа на геј луѓето некоја глупост. Да, има и други невработени луѓе што не се геј, но тие потоа можат полесно да најдат работа а тоа што кукаат.. па тоа е веќе всадено во македонците да кукаат за се.. а додека пак доколку за некој се дознае дека е геј, мнооооогу потешко би пронашол работа пак доколку се прочуе таа информација. Ретки се оние што би вработиле некој геј. Жално но вистинито... -.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Markov and Elence

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Кога ќе излезат со точни податоци и статистика за број на хомосекуалци во Р.Македонија, тогаш може сериозно да дискутираме.​
Шпекулации и мачкање на очи дека секој 10ти македонец е геј е педерски муабет. Ако сакаат да имаат право на брак, посвојување на дете, тогаш мораат сериозно да се организираат, наместо да одат на парада со полуголи и шарени газови.​
Право на интимност имаат - може да се гушнат, бакнуваат и да си изјавуваат љубов колку и каде сакаат. Тоа значи дека имаат право на сопствено изразување. Е сега тоа што поединци со несериозно однесување сакаат да сменат закон на Р.Македонија е научна фантастика.​
Ако одиме по таквиот памет, тогаш на секоја мала и неорганизирана група која има неофицијални бројки во некоја фиока, ако побара друг закон да се менува, ќе се смени?​
Како пример земете мажи кои не се геј. Голем дел од нив би сакале брак со најмалку две жени. Ако таква група побара, треба ли за нив да се менува закон?​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba and marjan

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
не знам со се замарате со вакви муабети убо си е и вака нека си седат во сенка и нека си прават со сакаат, не мора да замараат со глупости бракови деца и не знам со не треба никакви права да му се даваат и така опшеството ни е на нула уште и тие ни фалат да се лигават по улици.нека си седат мирни така е подобро и за нив и за нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Наредново како сакате сфатете го, али се изморив веќе од пишување а гледам дека нема никаква полза за тоа така да како за крај ќе повторам дека 100% ги поддржувам хомосексуалците, бисексуалците, лезбејките, трансвестите. Сите се луѓе со исти права како нас, но за жал во нашава земја не е така.
И можам да кажам дека ради луѓето како Марјан и како ред други претходно што коментираа, со душа чекам да ја напуштам земјава со толку ограничен менталитет затоа што стварно се срамам од поголемиот дел на луѓе во оваа закочена земја.

Се измори? И каква полза требаше да има твоето пишување? Требаше сите автоматски да се сложиме со твоето мислење?

И човек единствено од себе може да се срами - нема што да се срамиш од македонскиот народ затоа што изразил став на дадена тема
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iva89, marjan and lady_blue

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
33
New York, New York
twitter.com
Кога ќе излезат со точни податоци и статистика за број на хомосекуалци во Р.Македонија, тогаш може сериозно да дискутираме.​
Шпекулации и мачкање на очи дека секој 10ти македонец е геј е педерски муабет. Ако сакаат да имаат право на брак, посвојување на дете, тогаш мораат сериозно да се организираат, наместо да одат на парада со полуголи и шарени газови.​
Право на интимност имаат - може да се гушнат, бакнуваат и да си изјавуваат љубов колку и каде сакаат. Тоа значи дека имаат право на сопствено изразување. Е сега тоа што поединци со несериозно однесување сакаат да сменат закон на Р.Македонија е научна фантастика.​
Ако одиме по таквиот памет, тогаш на секоја мала и неорганизирана група која има неофицијални бројки во некоја фиока, ако побара друг закон да се менува, ќе се смени?​
Како пример земете мажи кои не се геј. Голем дел од нив би сакале брак со најмалку две жени. Ако таква група побара, треба ли за нив да се менува закон?​

Ок, значи од тоа што јас знам за геј парадите, вообичаено се прилагодуваат на културолошкиот сетинг. Ако има кај нас парада сигурно нема да има да цитирам од горе "полуголи и шарени газови" како што немаше на маршот во Србија. Поекстравагантни манифестации се одржуваат на места како Њy Јорк, Сао Паоло каде што веќе има прифаќање на геј заедницата. Се работи за тоа дека сите активисти мора да имаат стратегија за како да пристапат на одредена популација во согласност на тоа дали/колку е конзервативна средината.

Друга поента ти беше дека треба да се искочат со статистики и точни податоци, но јас не гледам како би се случило тоа кога постои страв не само во Македонија туку и во голем број на други полиберални средини да се искаже својата сексуална определба. Едноставно, не сакаaт многу луѓе да си ја загрозат кариерата или пак некој различно да ги гледа, критикува и осудува. И затоа треба да биде барем според мене паралелен процес во кој општеството се менува и луѓето се чуствуваат поудобно да кажат кои се и што се кога станува збор за сексуалната определба. И да малцинствата дефинитивно треба да имаат простор да си ги бараат своите права, инакy би била тиранија на мнозинството како што рекол Alexis de Tocqueville.

Според мене јавна организација со цел да се зголеми нивото на прифаќање и воопшто да почнеме да се запознаваме со оваа заедница е клучна во тој процес па како сакате наречете ја, парада, марш, собиранка, било кое име да го дадеме, таа е целта.

И мислам дека си во право кога викаш дека е многу тешко да се смени било што, на тоа поле се согласуваме, но не мислам дека е научна фантастика. Во луѓето е моќта да се менуваат работите иако процесот е долг и макотрпен и сите сакаме да се откажеме дури и на почетокот. Но не мислам дека оваа заедница е несериозна на ниеден начин, едноставно се граѓани како мене, тебе и сите други на форумов кои ни се другари, познаници, можеби и фамилија но ние можеби не сме свесни за тоа. Не знам за вас, али јас би сакала моите блиски луѓе да се чуствуваат безбедни и сакани без разлика на тоа како ги бираат своите партнери. Не сакам да имаат било каков страв дека јас би ги отфрлила или дека ке добијат различен третман во општеството. Јас не би била подобар родител од нив и сигурно не сум подобар човек од нив на ниеден начин.

Тоа што го спомена за полигамијата, тоа е многу комплексно прашање. Баш ме заинтересира зимово и читав книга за секти кои практикуваат полигамија во Америка, поточно некои отпадници од Мормонската црква. Мислам дека не е фер споредбата бидејќи полигамијата историски имала негативни репрекусии, кога станува збор за местото на жената, доста пати водело до инцест бидејќи се работи за затворени заедници кои се на маргините на опшеството. Мислам дека се многу различни работи на кои треба многу различно и со внимание да им се пристапува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Markov

1. За да се случи таква парада потребно е Коче со уште 200 000 Македонци - Хомосексуалци да излезат и конечно да се покажат. Дали ќе бидат со или без голи газови, секако дека тоа ќе биде несекојдневна ситуација во државава.

2. Второ и многу важно.
Ако сакаат сериозно да се залагаат за свои права, мораат да поминат низ тежок процес, особено ќе заглават кај подигање на свеста на Балканот. Мора да бидат истрајни во убедувањето на своите хетеросексуални сограѓани дека да се биде геј - не е болест. Затоа треба да прекинат со криење.
Да бидеме реални - Коче е слободен човек. Слободно се движи низ Битола, без да биде тепан или малтретиран. Чинам дека негде прочитав единствен ќотек изел од својот партнер - исто така геј. Тоа значи дека стравот е неоправдан.

Понатаму
Таквата група на поединци ако е 200 000 луѓе и повлече измени во закон за брачни односи на РМ, кој мене ми гарантира дека нема да излезат 500 000 други луѓе со точна статистика и потписи изразувајќи желба за полигамија?
Интересно е тоа што има поголеми шанси да се случи ова второво, со оглед на тоа дека живееме во мултиетничко општество каде животниот морал се темели на верувањето во 72 девици кои чекаат во рај, отколку дека реално постојат 200 000 хомосексуалци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba