Предупредување: Многу долго.
Прво - како некој што е геј (п***р, педериште, хомо, fag - избери) не знам како да реагирам на постовите тука. Не ги прочитав сите постови, ама две третини ги разлистав. Немаше потреба истите работи да ги читам пак и пак и пак. Тие од вас што ја направија LGBT популацијата подоле од "измет" (всуштност педерите, бидејќи да беа лезбејките "загрозени" повеќето од вас ќе беа во потрага по нов омилен порно жанр) и тврдат дека "тоа е само вистината, ништо навредливо" - грешите. Млади деца доаѓаат тука да бараат совет и помош. Да ги осигура некој чесен, добар, едуциран Македонец дека се ќе биде во ред, а уствари после неколку постови си одат со наведнати глави (so to speak) бидејќи наместо да им се понуди помош на нив им се нуди можноста или да бидат претепани, или да бидат претворени во сапун. Али во ред, тоа си е ваш избор. И нели, малку е касно да пробувам да солам памет кога веќе паметот ви е пресолен. (уствари ова треба да не звучи навредливо, ама се осеќам како да е)
Да го немав (делоумно) поминато тој емоционален период каде што барам спас во јадење и гледање филмови од 80те, каде мислам дека сите ми мислат лошо и ме мразат и дека никогаш нема да бидам среќен - до сега ќе бев во некоја ептен длабока депресија. АМА, од друга гледна точка - веројатноста дека никој од вас всушност нема да го запознаам е многу голема, па вашето мислење нема да ме натера да одам во црква и да се шамарам со Библијата зошто сум "лев".
И, до модераторите - Ако веќе сте избрале да станете модератори кои сепак имаат поголеми права, НО И одговорности од другите - би ве замолил да се воздржите од бирање на страни. Како модератори би требало да избегнете да изберете било каква страна бидејќи тогаш дебатата нема да биде фер, не? Во ред е да имате мислење, и никој нема да проба да ви го смени мислењето - ваше си е. Сепак, ова ми е прв пат да го посетам овој форум и не сум сигурен како работите функционираат - можеби во мене е грешката.
Јас сум син, јас сум ученик. Секој ден учам, одам во школо. Почитувам помлади, постари, црни, бели, жолти, кафеави. Не се дрогирам, не пушам цигари и не пијам алкохол. Избегнувам конфликти и се обидувам сите околу мене да ги направам по ведри и расположени. Не носам фустани или пак шминка (и сметам дека премногу феминизирано машко, или машко кое носи шминка и облека за дами не е во ред).
Не се обидувам мојата сексуална определба да му ја наметнам на некој, или пак да ги натерам луѓето да ме прифатат ако не сакаат. И, поради некоја причина, не сум обожавател на геј паради. Единственото нешто лошо што го направив е што напишав дека имам 19 години (кога направив корисничка сметка) кога всушност имам 18. Па, по што сум јас толку различен? Каде грешам?
Имајте убав ден, искрено. И дај релаксирајте малку. Насилство никаде нема да ве однесе. И мислам дека е рано за дискусии за геј правата кога има уште многу проблеми да се разрешат пред да дојде ова на ред.