Ајде следниот пат кога сите жени кои имале секс ќе бидат наречени паштети, извозени, протечени и сл. и секако тоа не е навреда, само некој став од 68-ма, ќе му постелеме црвен тепих на тој што ќе не просветли историски и етикетира. Овој пат еве го навредивме сиротиот, бидна.
Многу свилени бре, шо знам, паштета некако не е на ниво на утнат абортус, ама ти си знаеш...
А дали твојот прадедо (па и прабаба пошто и жените делеле ист став) би ги опишала како остатоци од абортус пошто секако имале исти па и полоши ставови него ликот со аргета паштетите во поглед на сексуални предбрачни искуства?
На пример баба ми

Многу ми е интересно за нејзина комшика, девојчето има 17 години и постојано зборува како не ја срамело се бакнувала со дечко и на сред пат, па и тоа пред куќата на нејзините! Во нејзино време пред брак не смеело да ја фати за рака дедо, а камоли па да ја бакне. Девојките кои се мажеле а не биле невини, ги враќале дома и за тоа имало посебен обичај. Во селото на баба ми вратиле дури две девојки зошто не биле невини и сите ги озборувале затоа што во тоа време тоа било многу срамно. Еден од најголемите гревови, скоро исто како да извршиш убиство.
Може и членот е учен на тоа дека ако девојката не е невина, тогаш е нечесна или незнам таму што. Има луѓе со такви заостанати ставови. Имам познајник кој отворено си кажува дека ако девојката со која има секс не е невина, не ја сфаќа сериозно. Затоа што нели, он се замислува себеси како секси Бог и добрата и убава девојка може да изгуби глава само по него до тој степен за да има односи, со никој друг.
Баш за тоа и пишувам, тоа бил скоро универзален став порано

Има смисла пошто можеби не директно како убиство ама секако вонбрачен секс порано можел да резултира со забременување а после со здравје да си го носи младата мајка, да му бара чаре без ниту еден од денешните заштитни механизми, настрана СПБ и можноста за погреб, затоа и е останато меѓу раја таа невиност како некоја `вредност` што секако денес е смешно и беспотребно но и не може да е поинаку, прерано е за радикална измена на милениумски ставови.
Тоа што денес во свет на антибиотици, контрацепции, стручни абортуси, домови и заводи за посвојување - невиноста има практична улога иста со онаа на касеташ за комодоре-64 тоа не значи дека пред наведените работи немала и тоа како практична, често спасителна улога, посебно за жените.
Затоа денес доаѓаат забуни, судир на сва света, оној од пред две-три генерации кад је деда узимао младу са шеснајс` чиј реликт е ликот со паштетите и овој денешниот.
Тешко било на трудна жена вон брак во минатото, порано ги давале бебињата на тетки како Амелиа Даер која ги продавала, а ако не им најдела муштерија ги давела со јаже, отепала над 400 бебиња и деца на сред Лондон за време на нејзината `кариера`... шо се дешавало во Преспа и Дебарца којзнае...