А колку, според тебе, треба некоја да чека да има односи за да не ја окарактеризираш ко нечесна и неморална? Или без химен дома да покажеш - ништо...Јас сметам дека секоја девојка што ќе биде со некого во врска не треба одма да има односи .Денес тоа кај девојките е секојдневие (навика) и фалба како некаков вид на трофеј не го сфаќам ниту подржувам тоа .Не е тоа само кај девојките туку и другиот пол го прави истото .Но бидејќи вие сте современи луѓе кои живеете во 21 се е сосем нормално и продолжете си така.
На еден одма му е на прв состанок, на друг му е брзо и после година, на трет дури во брак, за празник.
Трофеи се за сељаци и сељанки, посебно баш оние што се таргет на темава, кои боговски го изговараат она „Ја скинав, брааат“ (на човека срам да му е и да го пише ова од што е смешно) пошто дома со генерации ги учеле дека маж не е маж ако не пробие химен во животот. А за нормален човек е сосема нормално да вметне секс тема ако муабетот фатил во таа насока, без тоа да е со цел да се пофали за своите сексуални подвизи.
Во 16ти век да прочиташ како се клецале кој со кого стигне, од кралеви до слуги, мој на моега нарипувал. Ни нешто посебно пребирале пол, ни возраст, статус... кад се жели - мора се. Па од уште порани периоди што немаме ни некои податоци за сексуалниот живот во 3ти век, рецимо. Секако, тоа не значи дека не се сексале и не правеле муабет за тоа, само немале интернет, депилации и секс помагала, а имале повеќе болести, ама затоа си наоѓале лековити тревки што се сметале револуционерни за тоа време, па откриле и дека црева од животни (не памтам од кои поточно, битно тенка кожа биле) може да служат ко она што ние денес го знаеме ко кондоми (и тоа со вкус и ребрасти). Секое време со свое „современ n-ти век е“. И ние ќе сме затуцани за 26ти век, кога ќе се онадат преку портали од различни краеви на светов.
Да се надеваме дека дотогаш бар ќе најдат и чаре за оваа хименоманија.
