Хименот како симбол на чесност и морална чистота: глупост од антички времиња

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Каде беше спомнат нечиј ник / или потенцирано некој лично од моја страна .Јас тоа што кажав беше мое мислење општо не да потенцирам егзистенс.
Ти човече не си нормален што збориш. Со твоето мислење навреди многу жени, т.е. проба да навредиш, се извинувам на толкавото значение што ти го придадов. Јас еве, лично тебе ти се обратив и извини што моето мислење за тебе си го протолкувал ко навреда, мислев дека ќе ти биде јасно дека си таков уште кога ги изнесе твоите мислење тука, без да има потреба некој да ти посочи.
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Каде беше спомнат нечиј ник / или потенцирано некој лично од моја страна .Јас тоа што кажав беше мое мислење општо не да потенцирам егзистенс.

Точно дека не спомна ник или лик. Ама твоите горе искажани ставови за промискуитетните жени спаѓаат во говор на омраза затоа што поттикнуваат осуда и омраза кон таа група жени. Така што, не можеш да очекуваш дека луѓето (особено жени) ќе го толкуваат твојот став како неутрален, неагресивен и невин.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and existence

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Не, не, чекајте. Навреда кон промискуитетна жена е едно, навреда кон девојка која не е невина е друго.
Затоа што тој рече дека СЕКОЈА што не е невина е извозена, течело масло, шкрипело и не знам уште што не. И ТИ навреди прво ИНДИРЕКТНО, а потоа ДИРЕКТНО, па не плачам дека нема администратори тука. Ама се откажав од дискусија, со луѓе со вакви размислувања нема разбирачка, џабе објаснување, џабе колку и да пишувам.
А ако веќе пишуваш нешто со кое ги навредуваш сите девојки, биди подготвен дека некои ќе ти вратат. Барем терај си го ставот, не да се буниш дека нема администратор кога некој ќе ти реплицира.
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Не, не, чекајте. Навреда кон промискуитетна жена е едно, навреда кон девојка која не е невина е друго.
Затоа што тој рече дека СЕКОЈА што не е невина е извозена, течело масло, шкрипело и не знам уште што не. И ТИ навреди прво ИНДИРЕКТНО, а потоа ДИРЕКТНО, па не плачам дека нема администратори тука.

Да, да. Ги навреди сите што не се невини.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Чисто информативно, big brother is watching you :)
Ставот на @khz777 и мене ми е закоравен и ако се прашувам јас не треба воопшто да постои. Ама затоа што секој си има свои ставови и не треба да му се забранува да ги искажува освен ако не почне со лични навреди или целосно свртување на темата и затоа беа оставени постовите. Ама кога искажуваш свој став со кој што напаѓаш нешто биди спремен дека има друг некој да ти се контра. И не е тоа навреда и не е тоа дека нема админ туку едноставно така треба да си функционира една дискусија. Додека нема мајки-шајки, ти си глуп, морон и да не продолжувам, јас немам ништо против да си пишувате.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Каков екстремен став побогу? Некој може да си дозволи да користи сељачки изрази и навреди и е ок, а кога некој ќе му врати тоа е навреда?
И ти почна мајка Тереза да изиграваш овде гледам, а златно дете беше.

Сега сум алуминиумско дете, него има разлика меѓу сељачки изрази и став кој го прегазило времето во 1968 и директна навреда со зборови дека бил `утнат абортус`, џаст сејинг.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Сега сум алуминиумско дете, него има разлика меѓу сељачки изрази и став кој го прегазило времето во 1968 и директна навреда со зборови дека бил `утнат абортус`, џаст сејинг.
Ајде следниот пат кога сите жени кои имале секс ќе бидат наречени паштети, извозени, протечени и сл. и секако тоа не е навреда, само некој став од 68-ма, ќе му постелеме црвен тепих на тој што ќе не просветли историски и етикетира. Овој пат еве го навредивме сиротиот, бидна.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Во ред сето тоа и јас не се согласувам со неговите мислења ама нема потреба од навреди кон членот, не заборавај дека такви и уште поекстремни ставови имале сите твои претци со исклучок можеби на последните две-три генерации :)
На пример баба ми :D
Многу ми е интересно за нејзина комшика, девојчето има 17 години и постојано зборува како не ја срамело се бакнувала со дечко и на сред пат, па и тоа пред куќата на нејзините! Во нејзино време пред брак не смеело да ја фати за рака дедо, а камоли па да ја бакне. Девојките кои се мажеле а не биле невини, ги враќале дома и за тоа имало посебен обичај. Во селото на баба ми вратиле дури две девојки зошто не биле невини и сите ги озборувале затоа што во тоа време тоа било многу срамно. Еден од најголемите гревови, скоро исто како да извршиш убиство.
Може и членот е учен на тоа дека ако девојката не е невина, тогаш е нечесна или незнам таму што. Има луѓе со такви заостанати ставови. Имам познајник кој отворено си кажува дека ако девојката со која има секс не е невина, не ја сфаќа сериозно. Затоа што нели, он се замислува себеси како секси Бог и добрата и убава девојка може да изгуби глава само по него до тој степен за да има односи, со никој друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EmilijaS and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ајде следниот пат кога сите жени кои имале секс ќе бидат наречени паштети, извозени, протечени и сл. и секако тоа не е навреда, само некој став од 68-ма, ќе му постелеме црвен тепих на тој што ќе не просветли историски и етикетира. Овој пат еве го навредивме сиротиот, бидна.

Многу свилени бре, шо знам, паштета некако не е на ниво на утнат абортус, ама ти си знаеш...

А дали твојот прадедо (па и прабаба пошто и жените делеле ист став) би ги опишала како остатоци од абортус пошто секако имале исти па и полоши ставови него ликот со аргета паштетите во поглед на сексуални предбрачни искуства?

th_template-philosoraptor.jpg


На пример баба ми :D
Многу ми е интересно за нејзина комшика, девојчето има 17 години и постојано зборува како не ја срамело се бакнувала со дечко и на сред пат, па и тоа пред куќата на нејзините! Во нејзино време пред брак не смеело да ја фати за рака дедо, а камоли па да ја бакне. Девојките кои се мажеле а не биле невини, ги враќале дома и за тоа имало посебен обичај. Во селото на баба ми вратиле дури две девојки зошто не биле невини и сите ги озборувале затоа што во тоа време тоа било многу срамно. Еден од најголемите гревови, скоро исто како да извршиш убиство.
Може и членот е учен на тоа дека ако девојката не е невина, тогаш е нечесна или незнам таму што. Има луѓе со такви заостанати ставови. Имам познајник кој отворено си кажува дека ако девојката со која има секс не е невина, не ја сфаќа сериозно. Затоа што нели, он се замислува себеси како секси Бог и добрата и убава девојка може да изгуби глава само по него до тој степен за да има односи, со никој друг.

Баш за тоа и пишувам, тоа бил скоро универзален став порано :)
Има смисла пошто можеби не директно како убиство ама секако вонбрачен секс порано можел да резултира со забременување а после со здравје да си го носи младата мајка, да му бара чаре без ниту еден од денешните заштитни механизми, настрана СПБ и можноста за погреб, затоа и е останато меѓу раја таа невиност како некоја `вредност` што секако денес е смешно и беспотребно но и не може да е поинаку, прерано е за радикална измена на милениумски ставови.
Тоа што денес во свет на антибиотици, контрацепции, стручни абортуси, домови и заводи за посвојување - невиноста има практична улога иста со онаа на касеташ за комодоре-64 тоа не значи дека пред наведените работи немала и тоа како практична, често спасителна улога, посебно за жените.
Затоа денес доаѓаат забуни, судир на сва света, оној од пред две-три генерации кад је деда узимао младу са шеснајс` чиј реликт е ликот со паштетите и овој денешниот.

Тешко било на трудна жена вон брак во минатото, порано ги давале бебињата на тетки како Амелиа Даер која ги продавала, а ако не им најдела муштерија ги давела со јаже, отепала над 400 бебиња и деца на сред Лондон за време на нејзината `кариера`... шо се дешавало во Преспа и Дебарца којзнае...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux and existence

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Многу свилени бре, шо знам, паштета некако не е на ниво на утнат абортус, ама ти си знаеш...

А дали твојот прадедо (па и прабаба пошто и жените делеле ист став) би ги опишала како остатоци од абортус пошто секако имале исти па и полоши ставови него ликот со аргета паштетите во поглед на сексуални предбрачни искуства?
Меѓу моите прадедо и прабаба и овој господин на кој му изиграваш дрвен адвокат има една мала разлика. Се вика еден век.