1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Хардверски проблеми

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од важна, 15 февруари 2012.

  1. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Кој виндоус?! среди ли?!
     
  2. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    Windos 7 , па да го средив и сеуште не ми е јасно зошто не ја сакаше верзијата што ја имав на 7 , па по незнам колку верзии најдов некоја што го стартуваше.
     
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Дали може да се поправи тастатура на лаптоп? Ми се истури кафе и не функционира ниедно копче. Коментаров го склопив копи пејст буква по буква. :frantic
     
  4. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Баш вчера читав за ова нешто. Се изнамачив да го најдам верувај : ))
    Може ќе ти биде од корист...
    Еве што треба да направите.
    Ако ви се истури кафе или вода немојте да ја бришете тастатурата или лаптопот, прво мора да го исклучите од струја да ги превртите наопаку и да ги извадите батериите.
    При вртењето на лаптопот пазете дел од течноста да не стигне до екранот. Почекајте течноста да излезе од тастатурата, и проверете добро од сите страни дали цела течност е излезена.
    Потоа пребришете ја тастатурата со памучна крпа. Ако мислте дека има уште течност можете да ја исушите со фен за коса така што ќе го пуштите на најслабо и на оддалеченост од 20 сантиметри ќе го насочите кон тастатурата.
    Пазете воздухот да не оди дирерктно во мониторот тука само кон тастатурата.
    Почекајте неколку саати пред повторно да го уклучите компјутерот. Доколку течноста содржела шеќер, постои можност тастатурата да не работи добро како претходно, па најдобро е да го однесете лаптопот на сервис.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Thanks. Веднаш ги направив сите тие работи, освен последното. Иначе пројавува знаци на живот, кликам С, а иде Д или нешто комбинирано од повеќе букви.
     
  6. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Значи ти се истурило кафе, треба да ја исвадиш батеријата, да ја земиш правосмукалката и да ја држиш на 1 цм оддалечена од тастатурата едно 30 тина минути така ке правиш со правосмукалката, СО ФЕН САМО МОЖЕШ ДА ЈА РАЗНЕСЕШ ТЕЧНОСТА НАСЕКАДЕ НИЗ ЛАПТОП! потоа ке земиш едно 2 кила орис, ке го ставиш оризот во платнена торба и торбата со оризот ке ја ставиш на тастатура ке го оставиш лаптопот 1-2 дена со торбата така, и ке проработи...
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daisy

    Daisy Нов член

    Зачленет на:
    7 октомври 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво.
    Имам проблем со лаптопот марка ASUS.
    Кога е во близина на рутерот фаќа бежичен интернет без да е приклучен на адаптер, кога ќе го изнесам од собата каде што е рутерот не фаќа интернет НО ако го приклучам на адаптер тогаш си фаќа нормално.

    До интернетот не е, проверив со други уреди си фаќаат нормално.
    Any idea што би можело да биде? :^)
     
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Провери во Power management како ти се наместени подесувањата за Wireless adapter-от. Обично за батерија се намалени малку, а за полнач се на максимум.
     
    На Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daisy

    Daisy Нов член

    Зачленет на:
    7 октомври 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пак исто.... :(
     
  10. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Ако можеш постни скрин од power plan-от кај шо ти реков да провериш?
     

Сподели: