Гонзо, фустани ти се брат во мода, поготово овие модели.
Прас фустан, со перовидни елементи во тврда агрегатна состојба- трска. Голема предност на фустанов е што не остануваат флеки, само може да ти се исуши на есен (недај боже да ти се исуши на јавно место , ќе останеш гол).
Исто така бисерен расеан фустан кој има 32 458 бисери, и замисли вкупна тежина на фустанот изнесува само 150 килограми.
Можеш да го користиш за самоодбрана, односно да направиш тегнало и да пукаш со бисери.
И соѕвездие фустан кој на себе има неколку наутикал ѕвезди, неколку астроидни фигури, односно на долниот дел каде е најгусто со овој фустан најлесно се стигнува до астралното патување. Многу е комотен за уринирање, и лесен за перење.