Во последно време сум принудена да слушам простачки изрази!
Ма
Пример: Што ма? Ти ли ќе ми кажеш?
колку ме нервира кога некој ќе го каже ова!!
Прво, што е тоа „ма“?
А мори...
Еве уште еден сличен простачки израз. Често луѓето го кратат изразот и го изговараат како „а м'ри“.
Пример: А мр'и немој така!
Сељаци!
Слушај/Дали ме разбираш/значи...
Првото се употребува кога некој сељак сака да се прави учител.
Пример: Слушај, Квин, тоа не е така!
Второто се користи само кога немаш зборови...и најчесто е проследено со хистерично мавтање со рацете...
Пример: И така (покажува со рацете) се судривме! (после неколку секунди) Дали ме разбираш?
Третото е слично како првото.
Нема грешка.
Оваа фраза најчесто ја употребуваат женските сељаци.
Пример:
А: Оди купи леб.
Б: Е. нема грешка.
Кажи „нема да одам“. По ѓаволите.
Ев-вааа/Ив-вааа...
Не знам за другите градови, но овде во Струмица извиков има исто значење како онаа „бобобо..“
Повеќе како израз на чудење.
Го користат само баби и прости „дами“.
Мене ми е многу глуп зборот/извикот.
Имало многу фрази кои ме нервираат...