Во пресрет на крајот на годината, редно е и да се „преброиме“.
Секој различно го доживува форумов, но факт е дека за многумина од нас е секојдневно, виртуелно катче каде можеме да си ја отвориме душата и да прошириме видици, интереси и познанства.
Секако, форумов не би бил тоа што е без секој негов еден член кој му вдахнал душа.
Па, да видиме кој оставил најголем впечаток кај Црно-Белите оваа година.
Целта на темава е да се запознаеме подобро, притоа вреднувајќи го трудот на секој форумџија, па преку предлози, номинации и гласања, да се изберат оние кои во текот на годината оставиле најголем впечаток во одредена категорија.
За разлика од лани, решивме годинава да не постои само еден форумџија, туку секој да добие шанса и биде номиниран во она во кое останатите членови мислат дека е најдобар.
Категориите (воедно и моите номинации) се следни:
● Најдобар мод/админ: Ова ќе оставам на форумџиите зашто лично гледам дека секој се грижи и интересира за својот дел најдобро што знае.
● Најинтелигентен форумџија: Saladin, existence, Outrider
Зошто: Секој на свој начин има покажано квалитет во дискусија и познавања во многу области.
●Најпозитивен форумџија: cakar_ulav, JaMi, parvati
Зошто: Постовите им се лесни, интересни за читање, имаат хумористични ноти.
● Најобјективен форумџија: Jackal, MissChievous, Sarah
Зошто: Секогаш гледаат на работите од секој можен агол и избегнуваат конфликти.
● Најактивен форумџија: Aquarius, Aleksis, TheQueen, Црвена
Зошто: Активираат поодамна заостанати теми и се интересираат за повеќе области.
● Најдоследен на своите ставови: Primrose, Abraxas, alf, Хептаграм
Зошто: Низ нивните ставови се гледа дека не се плашат да бидат прозвани за своите верувања и се секогаш спремни да истераат до крај зошто мислат така.
● Најкреативен форумџија: MissChievous, existence
Зошто: Мис црта неверојатно добро и темите секогаш ги зачинува со своја, креативна нота, а Егзистенс покрај одличното цртање е и одличен гитарист.
● Најголем оптимист: Lena, maja-maja, Luckky
Зошто: Постовите им се ведри, реални и секогаш знаат да ја најдат светлата страна во нештата.
● Најкомуникативен форумџија: Aquarius, parvati, Aleksis
Зошто: Знаат да направат муабет со секого и да кажат добредојде на новите членови.
● Најдобар советувач: Saladin, embrace
Зошто: Објективни се, работите ги гледаат од секој агол и знаат да го извлечат најдоброто без да судат.
● Форумџија со најдобра смисла за хумор: The_Mayor, parvati, Outrider
Зошто: Сакам разигран и саркастичен хумор.
● Најискрен форумџија: Хоуп*, True_Blood, existence, Selene, Solstice, foREVer
Зошто: Не се плашат да се покажат во вистинско светло.
● Најфин форумџија: JaMi, LittleButterfly, Sarah
Зошто: Сталожени се и лесно се вклопуваат во секој муабет.
● Најзаљубен: Lady*, Photographer, Змејче, Марија, crvenkapa
Зошто: Зарем треба зошто? Ја преточуваат љубовта во зборови, онака како што ја доживуваат.
● Најромантичен: Arkantos, SaraFighter
Зошто: Низ самите постови го покажале тоа.
● Форумски/ка фраер/ка: Kisserboy и Мајоро
Зошто: Сите женски ви ги собраа за по харем, затоа.
● Најмузичар: Solstice, existence, cakar_ulav
Зошто: Поради огромните познавања од различни жанрови кои ги имаат во оваа област.
● Филмохолик: Хоуп*, Knife, Kitty
Зошто: Тие се членови кои највеќе го живнуваат филмското катче.
● Најголем читач: Redhead, Saladin, Luckky
Зошто: Освен активноста во литературното катче, по самиот речник им се познава дека се начитани личности.
● Верен лајкувач: Морам да се редактирам - antonio
Зошто: Ги лајкнува речиси сите постови во „Мисла на денот“ и „Денес ме насмеа...“
● Најголем сонувач: Redhead, Selene, Lena, melpomena
Зошто: На убав начин знаеле да искажат кон што се стремат и копнеат.
● Најмистериозен член: melpomena, Реми, Сајкосоушл, Farfalla, WomanInRed
Зошто: Секогаш пишуваат со доза резерва т.е. не се расфрлаат со приватноста.
● Форумски поет/поетеса: Lena, Инкогнито, Luckky, Марија, Саладин
Зошто: Ликови кои најчесто ја отвараат душата преку преубави стихови и текстови.
● Освежување за 2013: Хоуп*, Aleksis, Змејче
Зошто: Покажале голема активност и интересирање за дискусија. Освежиле и отвориле доста теми.
Постојат членови како Мортидо, Nighty, lady_blue, Succubus и Реми кои радо би ги ставила низ категорииве на неколку места, но нивната неактивност низ годинава ме спречува во тоа.
Првата фаза номинации завршува на 20ти декември. Нормално, во зависност од интересот, ќе биде продолжен/скратен терминот.
Секако, во „првиот изборен круг“ може само да наброите форумџии во категориите.
Кратки реченички зошто токму тие сте ги одбрале - може, но и не мора. Изборот е ваш.
Откако ќе се соберат по 3 најспомнувани форумџии од секоја категорија, до 30ти декември следи втората фаза т.е. бирање на само еден форумџија со образложение зошто токму тој, а зошто другите ги исфрлате.
Доколку сте запознаени со темата ЦрноБело Топ 10 Филмови на сите времиња, веќе го знаете концептот.
Кажувате форумџија/форумџии по ваш избор, а наредниот после вас има право да исфрли некој (или неколкумина) од претходниот список и да додаде нов(и) по негов избор, а потоа, на 20ти (или кој и да се погоди датум), темата ќе биде привремено затворена додека да се пребројат гласовите, и тројцата најспомнувани во секоја категорија, ќе бидат ставени за избор.
Тогаш, може да гласате само за еден од нив.
За почеток, како што гледате, за секому да се даде еднаква шанса, може да се дадат предлози и за повеќе членови, или еден ист член во повеќе категории, во зависност од тоа како го перцепирате, но на крај најправедно ќе е во секоја категорија да имаме различен форумџија како еден вид на победник.
Секој победник во својата категорија ќе носи назив под името, својствен на категоријата.
Годинава е убаво да ни заврши позитивно, па затоа сме тука да го извлечеме најпозитивното од секој форумџија.
И само да напоменам, секој обид за критикување и напаѓање врз некој член ќе биде казнет.
Доколку имате предлози за уште категории, слободно кажете, па јас или соодветниот (супер) модератор ќе редактираме.
Спремајте тоалетите, лептир-машните и трогателните говори, следат форумските Оскари.
Одјава од црвениот тепих.