Декември месец имав поставено цел покачување на мускулна маса, тогаш бев 70 кг со 7% масни наслаги, исто така си поставив цел повеќе да ги форсирам нозете и рамењата. Денес сум 85 кг со 14% масни наслаги во телото.Накачив 15 килограми за 4 месеци. Тоа не се должи на брза храна, грицки, благо, или јадење пред спиење.
Мојата исхрана се состоеше од јајца, млеко, овес, ориз, стек, риба, туна во конзерва, макарони, мусли, зелка, морков, брокула, киви, портокали, јаболка, банани.
Уметноста е сега да се задржи мускулната маса, а да се намалат масните наслаги, со тоа почнуваме од утре. Од прилика би требало да сум 80 кг со 7% масни наслаги до крајот на Мај. И спремни за Лето како и рендење моркови на стомачните.
The_Mayor спремај скарата и моркови за на плажа