Океј значи топам масни наслаги и се тоа, е сега ги стопувам али што после тоа? или во меѓувреме паралелно со топењето со вежби и се дефинираат стомачните?
и да, за исхраната, може нешто накратко како би требало да изгледа таа исхрана за дефиниција?
извини што те замарам олку али стварно ме интересира
Токму така со топење на масни наслаги се постигнува дефенција како и видиливи стомачни.
А за исхраната како би изгледала, тука играат многу фактори, твојата висина, килажа, моментална физичка состојба, како си се хранела предходно, и се оди со нивни промени, се кратат хидратите, простите на минимум (шекер, благо, грицки, газирани сокови) и се намалуваат и сложените (овес, ориз, компир, тестенини) се прават варијации со нив и се внесува повеќе протеин зошто обично режимот на исхрана за дефениција е дефицит од хидрати, и протеините мора да бидат во поголема количина, зошто најпрво да ги нахранат мускулите, а останатиот дел да се претворат во хидрати (извор на енергија).
Иксрено, ни најмалку замараш, јас се радувам што повеќе да е активна темава и да бидат останатите како тебе да се интересираат за вежбање и исхрана