Сосема случајно гледав 2 филмови по ред со James Marsden.
The Loft
6.3 (IMDb) е преслаба оцена за филмов. Петорица оженети пријатели делат заеднички стан во кој секој од нив има прилика да ужива со својата љубовница. Едно утре, затекнуваат мртва девојка во станот до чиј пристап имаат само они. Ми се допаднаа заплетите, одлично издржа мистеријата во текот на целиот филм, не ни осетив како летна филмов. Башка, глумците се супер избрани. Интересен трилер кој заслужува најмалку 8ица.
Unfinished Business
Отвори ја прикачената датотека 24085
Бизнисменот Дан заедно со своите 2 партнери, Тимоти и Мајк, ќе заминат во Германија во обид да го склучат најважниот договор во историјата на нивната бизнис компанија. Секако, за време на нивниот престој таму ќе им се случат секакви незгоди и заебанции. Во последно време не можам да најдам асална комедија, не дека оваа е, но не е толку катастрофална, имаше интересни моменти.
Исто, вчера/завчера го гледав
The Cobbler.
Отвори ја прикачената датотека 24086
Макс е чевлар од Њујорк, исто како што биле неговиот татко и дедо пред него. Тој поседува стара машина за поправање чевли наследена од татко му и дедо му и еден ден ќе открие дека таа има магична особина. Доколку ги облече поправените чевли со магичната машина, ќе го добие физичкиот изглед на човекот кој ги поседува тие чевли. Глупа, но уникатна приказна која станува поинтересна на средина на филмот, кога ќе започнат вистинските заплети. Иако филмов е доста глуп, овој е еден од подобрите на Адам Сендлер во последно време.