Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
@Saladin , ама признај дека сцената кога го правеше тостот и кога го пресече на пола и целиот тој кашкавал се растече, ти отвори апетит. (wasntme) Јас филмот го гледав чисто зошто храна е вклучена и имаше некои њам моменти. Али прича као прича, дефинитивно ништо посебна.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
@Saladin , ама признај дека сцената кога го правеше тостот и кога го пресече на пола и целиот тој кашкавал се растече, ти отвори апетит. (wasntme) Јас филмот го гледав чисто зошто храна е вклучена и имаше некои њам моменти. Али прича као прича, дефинитивно ништо посебна.
Првите 10-15 минути филмот ветуваше многу. Камерата беше топ, покажуваше типот како готви, па секако и коа ги ставаше на плотна лепчињата I got my mouth drooling :zelen. Ама после тоа кога го повтори процесот по 100 пати, си реков абе чоеков знае ли нешто друго да праи? Ме нервираше што буквално се` го потпржуваше, да вкусно е, но малце језа ме фаќа од сета таа мрснотија стопати повторена. Food porn movie кој можеше да се изреализира многу посуштински. Ете као за споредба, Рататуи е светлосни години понапред. Од опис, до прича, преку секаков вид на јадење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Препорачајте интересни драми нешто во стилот на A bronx tale или ex machina...
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
@Outrider мене новиот Mad Max ми се допадна, како ги прават римејк филмовите денес ова е премија. Визуелно/звучно перфектен, со одлична акција. Јас обично имам замерки на денешните акции кои се сведуваат на конфузни брканици и судари, но ова беше една стварно добра брканица.

Околу ликовите, тие одамна се фрлени под тркала, тешко е да се види денешен филм со добро изградени ликови, и колку е повисок буџетот толку помалку се замараат со ликовите. Акцијата е тоа што го продава филмот за жал. Штета е да на ваков филм не одвојат простор за квалитетен дијалог, за нешто што ќе се запамти.

Нејсе, околу ликови ништо и не очекував, ама ме разочара Том Харди како Лудиот Макс, или поточно ме разочара што му беа дадени неколку реченици во цел филм. Кога ќе размислам подобро, филмот требаше да се вика Фуриоса, бидејќи во пракса тоа беше главниот лик.

P.S.
Сега забележав, истиот режисер е од старите филмови. Тоа е реткост :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp