Филмски клуб

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Се договоривме да идеме по ред од листата во воведот... Кој беше кажа филм, кој не беше ако е тука следен пат ќе каже, кој сака нека се пријави, ние почнуваме со нов круг :) @MissChievous пак ти дојде ред :) Повели!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не беше лош филмот, класична inner city social story со не многу познати глумци кои сосема добро си ја одработија задачата, добар саундтрак, соништа кои произлегуваат од средини кои не толерираат такви работи, дисфункционално семејство, јака превара на газдата на салата (чујте и почујте, стонси доаѓаат во село) која за жал заврши трагично, овие браќата некако ме потсетуваат на оној парот браќа од Супернатурал, одбрани лепотани за подобар скор на бокс-офисот ама ок, солидно одглумија, глумците кои ги играа родителите нивни ги имам некаде видено по филмови ама не ми текнува каде, алкоси, стоунхеди, ситни криминалци и остали ликови од мозаикот на ниската класа од америчките седумдесетти. Мајката имаше сеуште некаква верба во талентот на потомството, таткото не ни разбра за сето тоа, веројатно ќе го сведеше на алузии кон истополови склоности на синот :kafe

На крај таткото алкос јаде ќотек од синот поради `стари заслуги`, братот се упокои а главниот лик се упати кон исполнување на соништата за уметничка кариера која дотогаш беше заглавена во подрум помеѓу стари алишта и конзерви со грашак. А и не беа лоши сликите бтњ, имаа стриповска динамика во нив :)

Симпатично филмче :)

Моментот со прв дејт на гробишта, се гледа дека дечкото беше роден секташ :cool: Штета што во реалноста таква оригиналност би довела до несакани последици...
 

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
Навистина одличен филм. Домашна драма со многу позитивна оценка за оригиналноста и повеќе од одлично прикажана приказна.
Многу непревидлив крај, чудни сплетки кои ме држеа во неизвеност до самиот крај и одлична актерска екипа. Посебно позитивно изненадена од Ник (главниот лик)
(y)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Признавам не го гледав филмов, ќе се потрудам да го изгледам заедно со следниот филм што ќе биде предложен.