Филмов го имам гледано одамна, сега се потсетив...
Знам дека Саладин највеќе го избрал за дискусија за крајот, дали би го направиле истото што и главниот лик т.е дали исчезнатото девојче би го оставиле на грижливото семејство кое на незаконит начин ја чуваше, но со многу љубов и грижа, многу поголема од онаа која нејзината вистинска мајка може да и ја даде, или би и го вратиле нејзе, на мајка наркоман на која побитен и добар провод него животот и безбедноста а нејзиното дете.
Е сега вака кога на крај дознавме дека сите тие плачки и лелекања на мајка дека ако и се врати ќерка и ќе се смени и животот ќе и го посвети нејзе биле жива глупост, тогаш е во ред да кажеме дека никогаш не би и го вратиле назад, ама во текот на филмот делуваше толку искрено и јас да бев на местото на Афлек би и ја вратила. Може е до мојата наивност, ама нема да го скратам правото на едно дете да живее со својата мајка и нема на мајката да и го одземам правото на втора шанса и шанса да научи од своите грешки, да се подобри и да стане родител каков што треба да биде. Ама ете животот не е толку наивен и луѓето не се менуваат толку лесно. Нормално после таковиот крај до смрт ќе се каев за тоа што го направив, но во секој случај ќе се каев, така да не можам да кажам категорично ова ќе го направев. Тежок избор...
Иначе добар филм.