Филмски клуб

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И јас ги имам гледано сите филмови до сега, не е само мачорот. :)

За овој ќе пишам утре.
Да извини и тебе треба награда да ти дадеме. Јас ќе ве почастам по една пијачка за лојалноста. На собиранка. Ама кој ви е крив што не доаѓате :)
Ќе го изгледам и јас тој на пеперутката утре, па ќе пишам. Ај надежно е, тројца сме барем.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да извини и тебе треба награда да ти дадеме. Јас ќе ве почастам по една пијачка за лојалноста. На собиранка. Ама кој ви е крив што не доаѓате :)
Ќе го изгледам и јас тој на пеперутката утре, па ќе пишам. Ај надежно е, тројца сме барем.
Убав филм е, да го гледаш.
Иначе Аутрајдер секогаш пред мене пишува и кажува се што сакам и јас да кажам и затоа помалку пишувам сега, иначе си ги гледам. Повеќето ги имам во пц.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Најпрво за Still Alice дека не пишав ништо. Уствари нема што да се каже, ми се допадна мене, посебно глумата. Не за џабе оскар си доби Мур.

Е сега за другиов филм, Dog Day Afternoon. Одличен филм со еден од моите омилени актери. Филм во кој глуми Ал Пачино не може да е лош, а овој филм според мене му е втор најдобар, после Кум II нели. :)

Одлични предлози и двата филма.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам од каде да почнам околу филмов :kafe
Се работи за прича по вистински настан, имено тројца ликови се `организираат`:rofl да ограбат банка. Поимот `организација` тука сфатете го во најширок можен опсег бидејќи гет авеј драјверот се усра на влегување и си замина, добро што Сони (ликот шо го играше Пачино) се сети да му ги побара клучевите.
Причината зошто Сони ограбуваше банка е најјакиот можен евер.
За да плати операција за промена на пол за втората `сопруга`. Која што беше маж. :rofl
Иако ако се земе во предвид неговата вистинска сопруга (од женски пол) може и разбирливо зошто посегнал по мажи...

И така остануваат двајца виетнамски ветерани во банката, Сони и другарчето Сал. На Сони му доаѓа една од оние `идеи` како во цртаните кога сијалица се вклучува над главата и решава да го запали регистарот на банката. А со тоа ја привлекува полиција и почнува опсада.

Ликот кој делуваше скроз манијакално беше Сал. Таква комбинација од изгубеност, латентна закана по здравјето на присутните и невротичност - немам видено на филм иако филмот е стар 40 години. Една од подобрите улоги остварени на филмското платно било кога.
John+Cazale+Dog+Day+Afternoon.PNG

Истото може да се каже и за Ал Пачино, можеби и најдобра улога која ја имал. Начинот на кој ги обединува разните ситуации, неговата бисексуалност, војничко минато, разочарувањето од животот и човечноста која ја задржува и покрај се` - ретко се гледа.
Филмот е чуден, го внесува човек во напнатата атмосфера до таа мера што некој би рекол дека може да ја осети смрдеата на пот во банката.
Драматичниот елемент е запазен феноменално а сето тоа испреплетено со култни дијалози, од гневот на Сал дека медиумите кажаа дека имало два хомосексуалци до одговорот дека сака да избегаат во Вајоминг. Бикоз тоа е држава :zelen

Полицијата го најде и доведе транссексуалниот драма квин/сопруга за да го убеди Сони да се предаде и иако во тоа не успеаја, само се закомплицира ионака бизарната ситуација,

А таа гласеше - бисексуалец и лудак држат заложнички зафатени од Стокхолмски синдром, едниот со цел да плати секс чејнџ на втората сопруга која е маж, вториот онака, на денот кога парите се носат во централна банка и наоѓаат само ситен кусур во сефовите :rofl и бараат авион да ги однесе во ....Алжир, земја несклона кон алтернативни погледи кон сексуалноста. Или во Вајоминг...
Надвор има протест на гејови, транши, трансвестити и рандом фаци кои Сони одвреме навреме излегува да ги `запали` со по некој гест.
Доаѓа и старата му мајка - and she is...... nagging :zelen

Сони сепак ја задржува ладнокрвноста и беневолентноста кон заложниците се` до крајот кога паѓа на двојниот блеф на полицијата и Ленс Хенриксен во млади години (и коа бил млад изгледал стар), тука доаѓа до израз аматеризмот на киднаперите, финтата со која Сал го вперува автоматот нагоре и тајната преграда од каде изникнува пиштол со кој Сал е убиен на лице место а Сони е уапсен.

Нема борби, нема филмски глупости, тоа се одвива толку брзо и атипично за искривувањето на реалноста во филмовите што е прилично шокантно. И оригинално. И еден од 50-те најдобри филмови воопшто снимени во секое време :)

Како и да е, знам дека ќе го гледам и по седми пат, во иднина. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ете имало некој не заборавил дека е на ред. :)
Филмов ќе го гледам по 100 пат.