Филмски клуб

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има нешто привлечно во филмови со лудници, дали можеби бидејќи тоа е начин за да се манифестираат одлични актерски остварувања преку глумење лудаци или самата атмосфера која е прикажана во лудниците не сум сигурен.
Во Шатер Ајленд имаме лудница која што е специфична, не е тоа едноставна лудница за умоболни туку лудница за criminally insane, кремот на умоболието, насилни забегани криминалци/убијци собрани на едно место.
Во тие времиња на дешавање на филмот, како шо објаснуваше Бен Кингсли, методите биле.....невообичаени, гледано од денешен агол. Лоботомијата како легендарно сурова метода на лечење на болести на мозокот била само дел од арсеналот мерки со кои психијатријата се обидувала да се избори со лудаците. Не баш успешна метода, нешто во стилот `операцијата е ок, пациентот е растение` ...:kafe

Тука плот твистот е присутен од почеток само што гледачот дознава при крај, уствари Ди Каприо е лудакот на кој шо му снемало апови (Кингсли ја прекинал терапијата) со цел да пробаат да го излечат од лудилото после убиството на сопругата која во настап на свое сопствено лудило ги удавила ќерките. Така Кингсли и стафот на лудницата прават сценарио каде Ди Каприо е демек цајкан кој со демек колегата (психијатарот) - демек истражуваат исчезнување на пациентка која што уствари испаѓа дека е жена му која не е исчезната ами на оној свет и така ден по ден наместо да се опоравува Ди Каприо забегува уште толку, на крај мораат да му `нацртаат` што е реалната состојба пред да направи уште поголема беља... и веројатно завршува лоботомиран како славниот МекМарфи во `Гнездото` :)

Симпатично филмче, Ди Каприо е сосема добар глумец кој има барем 10 доста солидни филмови, паметам еден филм кога бил детиште нешто со кошарка, наркоси и педофил наставник... најјака улога според мене му е во `Плажата`, таму забегуваат заедно со Роберт Карлајл :cool:
Тука е Кингсли, кој дава посебна, крипи димензија во овој филм, останатите не ми се познати освен тој стариот психијатар.

Не баш `Гнездото` ама и не баш секојдневен филм во секој случај.:)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ај да си искоментирам јас...
Dog Day Afternoon...
Што да се каже за филмов...Ал Пачино секогаш ме фасцинира со неговата глума....Мислам дека филмов ми е гледан многу одамна ама изгледа сум го избришала од меморија, зашто само на некои моменти имав чувство дека го имам гледано...
Одличен...приказната е траги комична...мислам типов ограби банка за да му даде на Леон пари да си го смени полот...Единствено Леон виде себап од целата ситуација...си ги доби парите си го смени полот и си започна нов живот...
А со сопруга како Енџи мислам дека и јас би барала спас не во дечко, не во девојка, туку не знам каде...Ауууу напор жена, само меле меле...
Единствено во неговата ’доброча’ ме изнервира што кога го пишуваше тестаментот Леон го стави на прво место, пред децата...е тоа не ми е сфатливо...
А криво ми е за Сал, зашто заврши така...Мислам дека никогаш немаше да пукне и да убие некој...Иако сите стравуваа од него...Понестабилен беше Сони отколку Сал...
Ама поаматери и понеспремни ограбуаачи на банка не сум видела...Влегуваат без маски, пред се’, едниот се премислува и заминува, ни сами не си го знаат следниот чекор...ама тоа ти е...кога ќе му докурчи на човек и сака да дојде до инстант пари, се’ ќе стори...или во случајов све за љубав...
А раја како рака, ко и увек...Едни те мразат, други те обожаваат и ти го скандираат името...

Shutter Island
Приказна каква што доликува на Скорсезе...навистина добра, мистериозна, тамам да ти го задржи вниманието до самиот крај и да те напне колку што може...
Глумата е феноменална, особено на Кингсли, кој исклучително го почитувам како актер...Леонардо е исто одличен во глумата, ама ете мене лично ми е едноставно антипатичен и несварлив, ама тоа не го побива фактот дека добро глуми...
Колку лесно може да се замати паметот....Колку е силно влијанието на траума (особено од ваков вид- лудата му жена си ги испоуби децата и си легна покрај езерцето...тотално забегана работа)...Да ги изгубиш саканите, особено децата, во еден момент и цел живот да ти се смени...не е ни чудо што здравиот разум потфрлил и престанал да функционира...а и како би функционирал понатаму...побезболно и полесно е бегањето од реалноста и несоочувањето со истата...па подобро секој пат нова приказна отколку болната вистина...или не?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
останатите не ми се познати освен тој стариот психијатар.
Како не ти се познати...па тој другар му/партнерот на Леонардо, е уствари жена му на Сони, Леон од филмот кој ти го предложи :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како не ти се познати...па тој другар му/партнерот на Леонардо, е уствари жена му на Сони, Леон од филмот кој ти го предложи :)

Леон го глуми сопругот на Сузан Сарандон во риал лајф шо бил, Крис Сарандон некој си :cool:
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Не ми стигнува известување ко че ме тагира некој :mad, инаку (можеби) че предложев филм, иако не сум во тек со темава баш нај нај. :D

Земете го во предвид Martyrs, француски хорор-психолошки филм.