Филмски клуб

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Леон го глуми сопругот на Сузан Сарандон во риал лајф шо бил, Крис Сарандон некој си :cool:
Да, да сега видов...ама многу личат бе...бев сигурна дека станува збор за истиот ама во млади години...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Овој глумецот шо беше главна улога во Nightcrawler да не има аспергер или нешто слично? :eek

Интересно филмче, ништо посебно, капиталистичко лудило на улиците на ЛА каде фриленсери кружат како лешинари прислушкувајќи цајкански фреквенции за да снимаат крв и црева кои потоа ги продаваат на тв-мрежи, речникот на овој типот шо беше главна улога беше изузетно иритантен, како да чита од книга нешто без ниедна сопствена мисла, психопат на автопилот со фрази од богатиот вокабулар на капиталистичкото продавање ветар и магла... само за да не се дадат пари на вработените а да се залажат со измислени титули и признанија. Во случајов имаше еден квази вработен, некој бездомник кој бараше излез ама влезе во мрежата на лудакот и настрада. После тоа беа најдени нови жртви... манипулации со доказен материјал за да снимат масакри но сето тоа во рамките на законот.

Фотографијата добра, сценариото ок, ваљда критика на лудилото, глумецот делува отсутно некако, не знам зошто, се` на се` онака :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Y1K991

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
:eek ме немаше два дена и на никој не му текна за темава...
Четврток денес, нека остане филмов до понеделник ако заборавил некој да го гледа и ако ви се учествува уште во клубов, па ќе пишам и јас.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Nightcrawler
Интересна приказна, мислам дека не сум гледала ништо слично досега...
Налудничав тип, спремен на се’ за да успее и да се дочепи до пари...манијачно и опасно амбициозен, безкрупулозен, крајно манипулативен, пресметан, нападен, без ронка грижа на совест, без милост...се’ на се’ ги има сите карактеристики на еден типичен социопат...
Жално што го зеде тоа човечето на душа...го изманипулира, со искористи максимално и на крајот го пушти да умре само за да фати добар кадар...па после си најде уште три-четворица такви...
Ок, знаеме дека сите што се во таа работа (новинари и репортери за црна хроника) се такви, жедни за крв, жедни за трагични, језиви, морничави сценарија, па се станати ствинари, ок, тоа им е работа, ама типов забега...без совест, без милост, без емпатија...претерано...
Најмногу ме иритираше неговата смиреност, обично сакам смирени луѓе и му се восхитувам, ама неговата смиреност, па и љубезност е крајно иритирачка...
Во секој случај, добар филм, добра глума и интересна приказна...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас си имам запишано кога сум на ред, нема да заборавам.

Кој е на ред? Јас сигурно не сум. :zelen
 
Последна промена од модератор:

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не сум пишала ништо за Nightcrawler а сигурна бев дека имам.
Мене филмот ми беше онака, ништо посебно, приказната цело време исто та исто, цело време се вртеше во круг некако дур не стигне до крајот. Запознавање со карактерот на ликот 80% од филмот и на крај она и што се очекуваше од таков налудничав тип кој е спремен на се за за добра снимка. Најјако ми беше на крајот кога им рече на тие вработените "не би барал ништо од вас што ни сам не би го направил". Тешко нив.
Не беше лош се на се, иако јас очекував нешто друго и нешто подобро со оглед што го имав некое време на watchlist, ама ок.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Гo гледaв филмoв и пoсле тешкo прoтивење мoрaв дa зaспијaм и бaш ми беше интересен. Јaс не сaкaм вaкви типoви нa филм, не ни гледaм, aмa убaвo е кoгa некoј вaкa пријaтнo ќе ме изненaди.
И гледaв дури не зaминa oвoј и бaш си мислев ќе се врaти ли, кoгa, кaкo, штo ќе биде сo децaвa и стaнaв и пред дa гo пуштaм пaк, oтвaрaм нa фб и имa еднa стрaнa филмски цитaти и бaш oд oвoј филм стaвиле цитaт сo сликa, и сегa знaм декa тaa бaбaтa сo негo е ќеркa му и јaснo ми е и кривo ми е штo сите дoбри филмoви вaкa ми се зaебувaaт. Амa ќе гo дoгледaм зa инaет.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ја има таа дистопична жичка Меѓуѕвездениот која ми е толку омилена а зошто ми е омилена е предмет на самоанализа која нема да се заврши на арно...:eek

Во филмот се работеше за колапс на земјоделието поради недоволно објаснети причини. Следствено колабирале и други сектори на икономијата и чоештвото морало да бара чаре на друга планета. А таа не е блиску но благодарејќи на виткање на лист хартија за да се спојат две точки нацртани со молив - и тоа е можно, преку црвоточини.
Една таква се појави некаде кај Сатурн, прозорец на човечкиот род на патот кон спас. Изванземаљци? Не баш туку луѓето од иднината кои благодарејќи на црната дупка која егзистираше сомнително блиску до планетите погодни за живот - успеале да отворат портал во простор-време ткаенината.
И Мајкл Кејн, подмукол и циничен, се решава да ги прати вселенско-временските патници во пат без повратен билет.
А таму - пустелии, планети со океани и цунами, планети со антарктички убавини... со еден збор ништо асално.

Користејќи го времето повеќе отколку просторот, јунаците успеваат да најдат погодна планета а истовремено и да ги известат денешните луѓе за начинот на кој може да се стигне таму. Hence сцените во библиотеката, веројатно омаж на акашик рекордс, небесниот датабејс каде што е запишано се` што било, е` и ќе биде.
На неколку наврати срамежливо се протнува љубовта, према ќерката и према исчезнатиот дечко која ќе се покаже како решавачки фактор, оној мал зачин за кој се способни хомо-сапиенсите при бегот од сударот меѓу вродениот нагон и механичката рационалност.

Пред се` визуелен триумф, сцени кои се паметат, експлозија на фотографски огразам, најдоброто од камерата и најдоброто од си-џи-ај со кое располага кинематографијата во тинејџ деценијата на 21.век. На сето тоа накалемен феноменално компатибилен саундтрак кој само го засилува доживувањето.

Сценариото солидно, повеќе акцент на сај отколку на фај што е редок случај.
Изборот на глумци е второстепен во ваков филм иако одлично си ја завршија работата, сепак главниот збор го имал директорот на фотографија и монтажерите.:)

Посебно ми се допадна сцената со рачката за катапулт кога Меконахи се катапултираше од расипаното летало.:)

Ова е еден од оние филмови кои се уживаат, каде нема премногу простор за анализи и синтези, или го сакаш или го мразиш од прва.
Јас си го засакав, слично како и Титаник на времето :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Хоуп*