Филмски клуб

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Уште кога доби оскар за најдобри ефекти си реков дека за инает нема да го гледам, па колку сака нека е добар. Ама ете морав.
Не дека ми се допадна многу, ама па нема да кажам дека е глуп, онака средно. Можеби заради тоа што сакам поинакви сф филмови.
За тие 3 часа колку што трае, те полни со некаква необјаснива енергија иако на моменти е комплициран со некои тешки за сфаќање работи. Но сепак многу лесно се претвара во вселенска авантура која секој би ја гледал.
Штом јас успеав за другите не е проблем. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Меѓуѕвездиево, искрено мене ме измачи...
Воопшто не скам sci-fi филмови ама атер за клубов го изледав...
Не знам некако цел филм ми беше тмурен, мрачен, напорен...иако се случуваа многу големи работи мене ми беше монотон и досаден...
Можда имам таков впечаток зашто не сум љубител на таков жанр...
Глумците ми беа ок, особено Марф и како девојче и како возрасна жена...
Сепак си имаше своја приказна, чија заднина беше токму љубовта...она што не може да се измери, она што не може физиката да го објасни, а е сепак една голема движечка сила...
И очекувано во вакви филмови мора да има некој луд научник, во случајов двајца ...и Бранд и Ман...манипулативни, лажни...а многу ме изнервира Ман, демек голем научник, ама не знае на кој принцип работи спејс шатл-от и не знае дека ако ја отвори вратата ќе настане декомпресија на комората?! Стварно, не го знае тоа?!
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Имаше квар на спојката меѓу матицата и модулот затоа не `дихтоваше` и така се деси тоа, не можеше да знае :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Филмов знам еднаш ептен ми остана во памет, па затоа го предложив, да имам и причина пак да го изгледам.
И пак ме држеше таа напнатост како првиот пат кога го гледав, никој хорор ни никакви духови и вампири, ни сцени каде што е во исчекување да се појави нешто такво не ми биле понапнати од сцената каде бившата станарка целата во завои седи во вц и го гледа сегашниов станар...

Иначе се работи за еден човек кој бара стан. Човекот е добар, наивен, чиста душа, културен... Наоѓа стан, склучува договор со газдата, условите се да не прави галами, да не прибира девојки и друштво, а тој и така си е повлечен и смирен па прифаќа и почнува да живее во станот каде претходната станарка си го одзела животот скокајќи од прозор. Комшиите се секој прича за себе и човек подобро би живеел во проколната куќа опседната со духови него во близина на тие луѓе.
Чудни и многу морничави. Нивното мешање во се, жалбите, поплаките и чудните навики ќе внесат немир во животот на новиот станар, а потоа и паника и параноја. Исто како и претходната станарка, и тој ќе дојде во ситуација каде што и ќе проба да се убие само да се спаси и да им ја исполни желбата на злите комшии за кој е тој убеден дека сакаат да го убијат.

Кога ќе побарам предлог некогаш за некој психоделичен филм, точно мислам на филм како овој. Штета што никој не го изгледал, ваљда Outrider го гледал па ќе си поправиме муабет...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Кажи колку само беше симпатичен Полански како жена :zelen
Еден од најпараноичните филмови е овој, како беше онаа изреката `деминерот греши само еднаш`... или `параноикот треба да е само еднаш во право` :kafeќе напишам после нешто околу филмов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кажи колку само беше симпатичен Полански како жена :zelen
Еден од најпараноичните филмови е овој, како беше онаа изреката `деминерот греши само еднаш`... или `параноикот треба да е само еднаш во право` :kafeќе напишам после нешто околу филмов.
Дa вистинa дoбрa нoгa извaде сo тoa шaренoтo фустaнче. А штo фaцa е, пoубaв беше кo женa :D
Има ептен напнати моменти во филмов, тоа што го кажав погоре, сцената кај што сам се гледа во другиот прозор, луѓето што дремеа во вц, забот во ѕидот, врисокот на таа бившата станарка. Вистинско уживање :zelen
Постерот ептен интересен, баш онака да те заинтересира да седнеш и да му дадеш предност на филмов иако имаш стотина филмови во план за гледање пред него.
019-the-tenant-theredlist.jpg
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас да бидам искрен не го гледав филмов, ќе се потрудам да го изгледам. :)

Мој предлог еден добар трилер снимен по вистинска приказна. Можеби некој го знае, Munich. :)
http://m.imdb.com/title/tt0408306/
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јaс се oткaжувaм oд клубoв. Ќе ви јa средувaм темaтa и нaслoвите редoвнo кo дoсегa тoa се рaзбирa.