Има нешто привлечно во филмови со лудници, дали можеби бидејќи тоа е начин за да се манифестираат одлични актерски остварувања преку глумење лудаци или самата атмосфера која е прикажана во лудниците не сум сигурен.
Во Шатер Ајленд имаме лудница која што е специфична, не е тоа едноставна лудница за умоболни туку лудница за criminally insane, кремот на умоболието, насилни забегани криминалци/убијци собрани на едно место.
Во тие времиња на дешавање на филмот, како шо објаснуваше Бен Кингсли, методите биле.....невообичаени, гледано од денешен агол. Лоботомијата како легендарно сурова метода на лечење на болести на мозокот била само дел од арсеналот мерки со кои психијатријата се обидувала да се избори со лудаците. Не баш успешна метода, нешто во стилот `операцијата е ок, пациентот е растение` ...
Тука плот твистот е присутен од почеток само што гледачот дознава при крај, уствари Ди Каприо е лудакот на кој шо му снемало апови (Кингсли ја прекинал терапијата) со цел да пробаат да го излечат од лудилото после убиството на сопругата која во настап на свое сопствено лудило ги удавила ќерките. Така Кингсли и стафот на лудницата прават сценарио каде Ди Каприо е демек цајкан кој со демек колегата (психијатарот) - демек истражуваат исчезнување на пациентка која што уствари испаѓа дека е жена му која не е исчезната ами на оној свет и така ден по ден наместо да се опоравува Ди Каприо забегува уште толку, на крај мораат да му `нацртаат` што е реалната состојба пред да направи уште поголема беља... и веројатно завршува лоботомиран како славниот МекМарфи во `Гнездото`
Симпатично филмче, Ди Каприо е сосема добар глумец кој има барем 10 доста солидни филмови, паметам еден филм кога бил детиште нешто со кошарка, наркоси и педофил наставник... најјака улога според мене му е во `Плажата`, таму забегуваат заедно со Роберт Карлајл
Тука е Кингсли, кој дава посебна, крипи димензија во овој филм, останатите не ми се познати освен тој стариот психијатар.
Не баш `Гнездото` ама и не баш секојдневен филм во секој случај.